Забава
Емоции кои го нарушуваат здравјето
Околу 1200 доброволци учествувале во истражување за пронаоѓање на смислата на животот, односно нa откривање на најчестите негативни емоции во животниот тек кои го нарушуваат здравјето
Во проучувањето учествувале 1 200 доброволци во напредна возраст кои немале психички проблеми во текот на истражувањето. Резултатите покажале дека многу од тие луѓе кои во животот си имале поставено важна цел, живеат подолго.„Луѓето кои си поставиле повисока цел во животот, полесно наоѓаат смисла на живеењето и многу почесто учествуваат во различни дејности кои се сметаат за битни“, ијзавила Патриша Бојл од Центарот за лечење на Алцехајмеровата болест во Чикаго. Тие луѓе полесно се опоравуваат од болести на срцето и имаат посилен имунитетен систем.ЦинизамЦиниците кои се наклонети да се потсмеваат на сите и да се однесуваат со недоверба кон останатите, се поподложни на различни заболувања на срцето, тврди научникот Стивен Бојл.Во истражувањето во кое учество зеле повеќе од 300 ветерани од Виетнам, Бојл установил дека 25 отсто од тие кои се цинични покажуваат поголема склоност кон срцевите заболувања.Бојл и колегите веруваат дека причина за тоа зголемувањето на нивото на протеинот Ц3 во имунитетниот сѕстем како последица на ваквата емотивна состојба.СтресПроучувањето вклучувало околу 700 израелски работници при што е утврдено дека тие кои имале проблеми на работа се два пати повеќе подложни на ризик од заболување на дијабетис II.Според британските научници и унапредувањето не поминува без последици по здравјето. Луѓето кои добиле унапредување, за 10 отсто се поподложни на психички растројства. Тие имаат повеќе пари, но и помалку време за скапите лекарски прегледи.РаздразливостМногу нервозни луѓе кои постојано се обеспокојуваат за било што, се повеќе наклонети кон депресија и живеат пократко.Ова е резултатот на истражување кое траело цели 30 години во кое биле набљудувани 1 800 лица. Било заклучено дека ако ништо повеќе, невротичните луѓе се повеќе наклонети кон пушењето. Можеби цигарата ја намалува растроеноста, изјавил Даниел Мрочек од Универитетот во Индијана, но тој краткорочен ефект не може да ги покрие штетните последици од ризикот.Депресија и безнадежностДепресијата влијае не само социјално, туку и физички. 180 пациенти кои имале натрупување на масти на артериите, спаѓале во групата на огорчени луѓе и умирале порано.Научниците сметаат дека последица на депресијата е намалување на имуниот систем на организмот.Отсуство на самоконтролаИзвршени се повеќе од 20 истражувања на околу 9 000 уесници. Луѓето кои се релативно добро организирани и кои имаат самоконтрола живеат 2-4 години повеќе од другите.Научникот Хаурад Фридман од Универитеот во Калифорнија смета дека тие луѓе едноставно помалку пијат алкохол и помалку пушат.РастревоженостПроучувањата покажуваат дека растревоженоста може да се одрази на работата на мозокот. Наспроти нив, луѓето со помеко однесување имаат помала можност да развијат некаква болест.Тврдењето се базира на истражување во кое учествувале 500 возрасни луѓе во текот на пет години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нова мисија на „Спејс икс“ и НАСА: Четворица астронаути заминаа во Вселената
Во петок наутро, во 5:17 по локално време од Cape Canaveral, беше успешно лансирана мисијата Crew-12 со четворица астронаути на бродот на капсулата на SpaceX, која треба да пристигне на Меѓународната вселенска станица (ISS) во сабота попладне, јави „Си-ен-ен“.
Лансирањето доаѓа поради намалениот број на членови на станицата, која од средината на јануари функционираше со само тројца астронаути. НАСА го забрза терминот поради предвремено враќање на претходната мисија Crew-11, предизвикано од здравствен проблем кај еден член.
Liftoff of Crew-12! pic.twitter.com/jQ804lyjkm
— SpaceX (@SpaceX) February 13, 2026
Новиот екипаж го сочинуваат: Џесика Мир и Џек Хатавеј од НАСА, Софи Адено од Европската вселенска агенција, Андреј Феѓаев од Роскосмос.
За време на нивниот отприлика осуммесечен престој на станицата, астронаутите од мисијата Crew-12 планираат да спроведат низа истражувачки проекти. Меѓу нив се: ултразвучни прегледи на крвните садови за проучување на промените во циркулацијата, фармацевтски истражувања поврзани со бактериите што предизвикуваат воспаление на белите дробови, како и симулирано слетување на Месечината за да се процени како наглите промени во гравитацијата влијаат врз човечкото тело и когнитивните способности.
НАСА смета дека полната екипираност на станицата е клучна за максимално искористување на нејзиниот потенцијал. Според администраторот Џаред Ајзакман, досегашната практика и тековните мисии се клучни за иднината на комерцијалните вселенски станици.
Забава
(Видео) Кипар избра претставник за Евровизија: таа се натпреваруваше во популарно ријалити шоу
Кипар го откри својот претставник за претстојниот Евровизиски натпревар – тоа е 29-годишната Антигони Бакстон, британска пејачка со кипарско-грчки корени. Дел од публиката ја памети и од нејзиното учество во едно од најгледаните британски ријалити шоуа, „Love Island“.
Антигони ќе се претстави на Евровизискиот натпревар со песната „Jalla“, која веќе привлече големо внимание на социјалните мрежи.
Станува збор за брза, танцувачка композиција која ги комбинира традиционалните кипарски музички елементи со модерен, силен ритам и продукција. Самиот наслов на песната доаѓа од кипарскиот дијалект и значи „повеќе“, и токму оваа енергија – повеќе ритам и танц – ја провлекува целата песна.
Стиховите зборуваат за прослава и танцување „на масите“, поканувајќи ја публиката да се препушти на забавата.
Спотот снимен на Кипар, дополнително ја нагласува автентичноста на песната. Комбинира современа естетика со сцени што го истакнуваат карактерот на островот, неговиот секојдневен живот и неговиот темперамент.
Забава
(Видео) Емили Ратајковски позираше во чипкан градник
Познатата манекенка, Емили Ратајковски, повторно ја воодушеви својата армија обожаватели со провокативни снимки, исто како што тоа го прави со години.
Емили е една од ретките познати дами кои објавуваат различни снимки без двоумење, а обично е оскудно облечена во секоја објава, а понекогаш дури и гола.
Во пресрет на Денот на вљубените, излегува видео од прекрасната Емили, во соработка со брендот Lounge. Моделот позираше заводливо во градник од чипка, што дефинитивно не остави многу простор за имагинација.
Иако многумина очекуваа да видат подеднакво провокативна долна облека, со оглед на тоа што сите веќе знаат колку Емили ги сака тангите, овој пат таа беше во фармерки.
Нејзините очи нагласени со ајлајнер и природен кармин на усните комплетираа сè, а манекенката повторно им го одзеде здивот на мажите со ваквите изданија.

