Македонија
Граѓаните повторно ќе можат да пријават неправилности во сообраќајот на страницата на МВР

Граѓаните повторно ќе можат да пријават неправилности во сообраќајот на улиците на коишто биле сведоци на веб страницата на МВР, по одреден временски период во којшто проектот „Предложете сообраќајна контрола на веб-страницата на МВР“ не функционираше поради технички проблеми.
Потребно е граѓаните само да ни ја наведат локацијата и временскиот период во кој најчесто ги забележале овие појави без разлика дали станува збор за брзо возење, некакви трки, непрописно паркирање или други непочитувања на сообраќајната сигнализација и законски обврски. Нивната забелешка веднаш се проследува до Секторот за сообраќај од каде што во најкус можен рок се изготвува план за вршење на контрола во однос на информацијата доставена од граѓаните. По завршувањето на контролата, повратно ги известуваме граѓаните за преземените мерки, констатираната состојба и изречените санкции.Од стартувањето на проектот на 28 јули до денес, на ниво на Република Македонија пристигнати се вкупно 302 барања од граѓани, постапено е по 218 барања на кои е одговорено повратно до меилот на испраќачот на барањето. По сите 218 реализирани предлози за сообраќајна контрола, превземени се вкупно 842 мерки од Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата (најчести прекршоци за кои се преземени мерки се – забрането запирање и паркирање, непочитување на светлосни сообраќајни знаци, употреба на мобилен телефон,возење без светла, возење со брзина над дозволената, непрописно пристигнување, употреба на нерегистрирано возило, неносење заштитен шлем, недозволено престројување на крстосница, казни за возачи почетници, некористење на безбедносен појас, управување на возило под дејство на алкохол и другo.Најмногу пријави имало за неправилно паркирање пред кафе бар на улицата „Илинденска“, за недозволено полукружно свртување кај влезот на Државна болница и за ноќните трки на „Партизанска“. На овие локации сообраќајната полиција многу често вршеше контрола и ги констатираше прекршоците./крај/мвр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Целосна реконструкција и модернизација на пругата од Скопје до Кичево

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги започна подготвителните активностите за целосна реконструкција на пругата, односно железничката линија од Скопје до Кичево, која е дел од Коридорот 8, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Покрај целосната реконструкција на постојната пруга, која сега е во многу лоша состојба, додаваат од партијата, работните активности опфаќаат целосна модернизација и нејзина електрификација.
„Во прва фаза, преку Европската Унија ќе се обезбеди грант од 5,3 милиони евра за физибилити студија, а носечка институција ќе биде Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), која ќе избере консултант за изработка на студиите согласно највисоките европски стандарди.
По завршување и изработката на анализите, кои според највисоките европски стандарди траат 18 месеци, започнува втората фаза на изведување на работните активности на терен за целосна реконструкција, модернизација и електрификација на пругата.
Оваа инвестиција во железничката инфраструктура, освен економски придобивки за бизнисот ќе значи и подобро и поефикасно поврзување помеѓу главниот град Скопје и општините Јегуновце, Тетово, Гостивар и Кичево.
Овој проект уште еднаш ја потврдува посветеноста на Владата за унапредување на инфраструктурата и Македонија да ја направи центар на патни, енергетски и железнички коридори во регионот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Од шумскиот пат кон езерото, се води жестока битка за да се спречи ширењето на пожарот кај Јасен

Пожарот кај Јасен и натаму се заканува, откако во текот на ноќта започнал да се шири од шумскиот пат пред објектите на ловиштето кон ресторанот Козјак. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Анеглов, изјави дека пред неколку дена патот бил внимателно исчистен од вегетација со блудожер и сега претставува појас кој спречува ширење на огнот.
„Се води жестока битка со огнот, но надлежните служби не дозволија пожарот да се префрли на спротивната страна. Денес продолжува оперативната акција, со чистење на гребенот до езерото за да се стопира ширењето на огнот. Истовремено се дејствува и од воздух“, изјави Ангелов.
Како што додаде, покрај овој пожар, има уште неколку, но тие се безопасни во споредба со она што се случува во Јасен. Ангелов најави повеќе информации околу 13 часот.
Македонија
Антикорупциска брои службени возила пред изборите – институциите не ги пријавиле сите во рокот

Во Регистарот на возила на државни органи, органи на локалната самоуправа, јавни претпријатија и други правни лица со државен капитал при Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) се пријавени 1.916 возила, иако институциите располагаат со околу 6.500 возила.
Податоците за бројот, марката, годината на производство, регистарскиот број и возната состојба требаше да се достават најдоцна до 18 август. Доколку правните лица не ги поднесат информациите навремено, ДКСК покренува прекршочна постапка во рок од 15 дена од истекот на рокот.
Евидентирањето на возилата има за цел да спречи нивна употреба за потребите на изборните кампањи. Владата донесе одлука сите службени возила да добијат специјални црвени таблички најдоцна до 15 септември, а ќе се воведе и специјален регистар за нивно следење.