Култура
Десет години издаваштво и 300 наслови на Макавеј
Издателството Макавеј веќе десетта година уверливо ги афирмира најистакнатите авторски пројави во македонскиот книжевен и културен простор. Освен тоа таа афирмира и преводна литература на македонски јазик, како и дела од македонската литература на други јазици
Забележливо е дека Макавеј во сите години од постоењето покажува посебна грижа за македонските млади автори а со афирмираните творци (поети, прозаисти, научници и преведувачи) постигнува високи дострели во одделни области, што уредникот Владимир Цветкоски, го илустрира со романот „Нишан“ од Блаже Миневски кој ги освои Наградата роман на годината на „Утрински весник“ и наградата „Стале Попов“, поетските книги „Штит“ од Радован Павловски, „Столисник“ од Весна Ацевска и „Големата љубовна песна“ од Братислав Ташковски ја освоија наградата „Браќа Миладиновци“, книгата „Вечноста и мигот“ од Бранко Цветкоски наградата „Димитар Митрев“, а поетските дела на Ристо Јачев, Јордан Даниловски, Иван Чаповски, Катица Ќулавкова, Трајан Петровски и др., се постојани автори на едицијата за македонската современа поезија.„По десет години постоење, и по тристотини објавени наслови од домашната и светска творечка и научна мисла, можам да кажам дека сепак, останува уште многу да се поработи врз некои одделни аспекти од работата на Макавеј. Ако во изминатиот период прележувавме разни ‘детски болести’, во наредниот период треба да дадеме сè од себе да растеме и да се развиваме. Од името на сите во Макавеј им благодарам на нашите автори и на медиумите за конструктувната соработка. Нашата десетгодишнина е убав повод да ги поканам сите наши автори, преведувачи, читатели и пријатели да нè посетат на нашиот штанд на годинаштиот саем на книгата.“, изјави Владимир Цветкоски.Цветкоски ја потенцира и и сториската студија „Македонија и Грција…” од австралискиот научник Џон Шеј на полезен и аргуметиран начин го претстави спорот за името на Македонија, „Предавствата и атентатите во македонската историја“ и „Репресијата и репресираните во најновата македонска историја“ од домашните историчари В. Ачкоска и Н. Жежов предизвика нагласено интересирање, преводите на делата од класичната мисла како „Исповедите“ од Св. Августин и „Освојување на среќата“ од Бертранд Расел се едни од најчитаните книги, истото може да се рече и за делата на Г.Г. Маркес – „Да се живее – за да се раскаже“, “Сто години осаменост“, „Сеќавање на моите тажни проститутки“, романите на М. Маџунков „Времето на ирвасите“ и на М. Јовановски – „Продавница за љубопитните“ беа во најтесна конкуренција за роман на годината на „Утрински весник“, а редица македонски раскажувачи и критичари (Ташко Георгиевски, Митко Маџунков, Миле Неделкоски, Ристо Давчевски, Трајан Петровски, Санде Стојчевски, Младен Србиновски, Блаже Миневски и други) ги објавија најзрелите свои остварувања токму кај Макавеј.Макавеј секоја издавачка сезона води грижа и застапува во својата едиција за преводи видни светски, балкански и домашни автори од немакедонска националност. Во изминатите сезони се објавија преводи на врвни дела од Васко Попа, Назим Хикмет, Владо Даверов, Костас Валетас, Новица Тадиќ, Марко Семов, како и од македонските поети од другите етникуми, Луан Старова, Илхами Емин, Ким Мехмети, Фахри Али, Нехас Сопај, Линдита Ахмети и др.Макавеј своите изданија ги доближува до читателите преку бројните промотивни активности, преку својата електронска страница (www.makavej.com.mk), преку живите презентации во училиштата и библиотеките и преку средствата за јавно информирање.Самата издавачка куќа располага со дизајн-студио и лекторско-уредничка и редакциска база за најпрофесионална целосна подготовка на целиот процес на создавањето на книгата сè до етапата на печатење за што секогаш води посебна грижа.Макавеј разви копродукциската соработка со неколку бугарски издавачи и на тој начин врши афирмација на македонската литература во Бугарија. Објавени се на бугарски јазик четириесетина дела од македонски автори, меѓу кои од Рацин, Т. Георгиевски, К. Ќулавкова, Радован Павловски,Митко Маџунков, Иван Џепароски, Јордан Даниловски, Ким Мехмети, Али Алиу, М. Јовановски, Р. Лазаров, Б. Цветкоски, Т. Петровски, писатели или вкупно 35 наслови од македонски автори.Во таа насока Макавеј оствари и повеќе од петнаесет промоции на дела од македонски автори во Македонскиот културно-информативен центар во Софија и ја основа Меѓународната книжевна манифестација „Македонска книжевна визита во Софија“ која и годинава по петти пат треба да се одржи во превдечерјето на празниците на словенските просветители свети Кирил и Методиј.Од 2007 г., Макавеј почна да го издава книжевното списание „Книжевно житие“ што претставува нова респектабилна трибина за афирмација и критичко вреднување на новите книжевни дела, настани и културни процеси во Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Факултетот за музичка уметност го најави годишниот концерт „ОРИОН – каде што се раѓаат ѕвездите“
Факултетот за музичка уметност – Скопје го најави годишниот концерт насловен „ОРИОН – каде што се раѓаат ѕвездите“, кој ќе се одржи во петок, 5 декември, со почеток во 20:00 часот во Големата концертна сала на Македонската филхармонија. Настанот е дел од одбележувањето на 59-годишнината од постоењето на институцијата.
ФМУ – Скопје истакнува дека како алма матер на голем број уметници од земјата и регионот, останува централниот столб на музичкото и балетското образование, создавајќи генерации изведувачи, педагози и творци кои го обликуваат уметничкиот живот во Македонија.
На концертната програма ќе настапат Симфонискиот оркестар на ФМУ, Мешаниот хор „Драган Шуплевски“, Камерниот гудачки оркестар „ФМУ Солисти“, Оркестарот од народни инструменти со солисти, студенти од Катедрата за балетска педагогија, од Катедрата за џез и популарна музика, како и дувачкиот ансамбл на ФМУ, под водство на проф. м-р Цанев, проф. м-р Татарчевски и доц. м-р Спироски.
Публиката ќе има можност да слушне дела од Пурсел, Сен-Санс, Прокофјев, Тиле/Вајс, Коен, Сусато, Горецки, Гершвин, македонска традиционална музика, како и нови композиции од студентите А. Голчева и М. Цветановска.
Влезот на настанот е слободен.
Култура
Сè што ни е заедничко“ – во МСУ изложба што го иницира прашањето „Дали навистина го дишеме истиот воздух?“
Сè што ни е заедничко (Институција во дишење) – нова изложба во МСУ-Скопје од 27 ноември
Во Музејот на современата уметност – Скопје на 27 ноември 2025 година, со почеток во 20 часот, ќе биде отворена изложбата „Сè што ни е заедничко (Институција во дишење)“, кураторски проект на Мира Гаќина и Јованка Попова.
Во изложбата учествуваат Forensic Architecture, Денис Фереира да Силва и Арџуна Неуман, Дурмиш Ќазим, Џумана Мана, Зорица Зафировска и Палестинскиот музеј.
Проектот тргнува од прашањето дали навистина го дишеме истиот воздух. Изложбата го поставува воздухот како ресурс што формално го делиме, но не и еднакво, укажувајќи на токсичните атмосфери – буквални и политички – и на позицијата на маргинализираните заедници.
Инспирирана од концептот на Фанон за „борбено дишење“, поставката ги истражува уметничките практики што откриваат колонијални, империјални и капиталистички структури впишани во воздухот што го дишеме. Авторите визуелизираат токсични облаци, архиви на насилство и невидливи атмосфери што влијаат врз секојдневието.
Паралелно со изложбата, која ќе трае до крајот на февруари, ќе се одржат јавни програми. Во рамките на проектот „Институционални градини“ на Зорица Зафировска ќе има детски работилници за садење и изработка на семенски топчиња, активности за чистење и обновување на просторот околу МСУ, поставување компостна кутија и прикажување едукативни видеа.
Со оваа поставка МСУ-Скопје се претставува како „институција во дишење“ – отворена, инклузивна и ориентирана кон заедницата, со повик за заедничко размислување и акција. Визуелниот идентитет на проектот е дело на Албана Бектеши.
Култура
Промоција на монографијата „Рисима“ од Јасна Франговска
Во среда, 3 декември, со почеток од 19:00 часот во „Јавна соба“, Скопје, ќе се одржи промоцијата на монографијата „Рисима“ од Јасна Франговска, посветена на најпознатата и најуспешна македонска кореографка за современ танц ‒ Рисима Рисимкин. Изданието е на „ПНВ Публикации“ и објавено е со поддршка од Министерството за култура и туризам.
Монографијата низ разговор со Јасна Франговска и Рисима Рисимкин ќе ја претстави Јулијана Величковска, главен и одговорен уредник на „ПНВ Публикации“.
Во ова обемно и луксузно издание, на 180 страници, опфатени се сите значајни аспекти од 45-годишната кариера на Рисима Рисимкин ‒ од самите почетоци како балерина, со сите предизвици со кои се соочувала, до големите успеси што ја дефинираа како истакната кореографка од областа на современиот танц, којашто со нејзината едукациска работа зад себе остава нови генерации танчари и кореографи. Рисима Рисимкин е клучна фигура во македонската култура, а нејзиниот труд годинава беше крунисан и со високото признание ‒ Витез на францускиот ред на уметностите и книжевностите што го доделува државата Франција.
Покрај извонредно питкото писмо на Франговска, што на многу топол и непосреден начин го доближува животниот и професионалниот пат на Рисимкин, извадоците од позначајните рецензии за нејзините дела и обраќањата до читателот од самата Рисима, изданието е збогатено и со неверојатни фотографии од личната архива на Рисимкин и од архивата на „Интерарт културниот центар“, чиишто автори се: Андреј Гиновски, Драган Перковски, Сашо Димоски, Сердар Ајдин, Aнтонио Пиштолов, Ивана Тасев, Олга Ибатулина, Зоран Велјаноски ‒ Летра, Емил Петров и Борис Грдановски.
„Би ја опишала како македонската Пина Бауш, потпрена на белиот балет, којашто во еден момент посакува да излезе од таа рамка и да оди во слободата на движењето…“, ќе изјави Мирјана Радочевиќ за „Политика“, Белград во 2003 г.

