Култура
Програма за „Мајските оперски вечери“

„Мајските оперски вечери“ оваа година ќе се одржуваат по 38-ми пат во просториите на Македонската опера и балет (МОБ)
„Мајски Оперски вечери“ ќе се одржуваат од 9 до 31 мај, на свеченото отворање ќе се емитува претставата „Љубовен напиток“ од Гаетано Доницети под режисерската палка на Саша Николовски – Ѓумар во режија на Гордан Драговиќ – Черногорски од Србија. ПРОГРАМА: 09.05.2010 – 20ч.-Свечено отворање Гаетано Доницети„Љубовен напиток“ – премиера Диригент: Саша Николовски – ЃумарРежисер: Гордан Драговиќ – Черногорски(Србија) Сценограф: Марија ВетеровскаКостимограф: Љупка AрсовскаКореограф: Тања Поповиќ(Србија) Солисти: Марко Фрузони (Италија)Елвира Фатикхова (Русија)Владимир СаздовскиГоран НачевскиКатерина Стојановска 14.05.2010 – 20ч. Џезепе Верди„Травијата“ Диригент: Џонатан Веб (Англија)Режисер: Емил Бошнаков (Бугарија)Сценограф: Живојин ТрајановиќКостимограф: Марија Пупучевска Солисти:Дарина Такова(Бугарија)Ифрим Козмин (Романија)Горан Начевски 18.05.2010 – 20ч.Џакомо Пучини„Турандот“ Диригент: Енрико Довико (Италија)Режисер: Кузман Попов (Бугарија)Сценограф: Зоран НиколовскиКостимограф: Марија Пупучевска Солисти: Марија Драгони (Италија)Александру Бадеа (Романија)Сандра МитровскаИгор ДурловскиНико Исаков (Бугарија) 20.05.2010 – 20ч. Концерт„Вечер на Густав Малер“ Диригент: Пол Вајголд (Германија) Солисти:Горан Начевски – баритонИрена Кавкалеска – мецо сопран 23.05.2010 – 20ч. Лудвиг Минкус„Дом Кихот“ – балет Диригент: Саша Николовски – ЃумарКореограф: Виктор Јеременко (Украина)асс.кореограф: Тања Вујисиќ – ТодоровскаСценограф: Андреј Злобин (Украина)Костимограф: Гана Ипатиева (Украина) Солисти: Јанелис Родригез Ферер (Куба)Хозе Карлос Лосада Моралес (Куба) 26.05.2010 – 20ч. Жорж Бизе„Кармен“ Диригент: Максимилијан Ценчиќ (Австрија)Режисер: Кузман Попов (Бугарија)Сценограф: Живојин ТрајановиќКостимограф: Марија Пупучевска Солисти: Гаља Ибрагимова (Чешка)Иван Момиров (Бугарија)Франсоа Лис (Франција)Олгица Милевска 31.05.2010 – 20ч. Џузепе Верди„Аида“ Диригент: Јануш Пшибилски (Полска)Режисер: Дејан ПрошевСценограф: Зоран КостовскиКостимограф: Елена ДончеваКореограф: Снежана Филиповска Солисти:Марија Хозе Сири (Уругвај)Хозе луис Дувал (Мексико)Лаура Бриоли (Италија)Нико Исаков (Бугарија)Владимир СаздовскиАлександар Стефаноски
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Сергеј Андреевски и Никола Пијанманов изложуваат во Грција

Вечерва, со почеток во 20 часот, во главниот град Хора, на островот Андрос, свечено ќе биде отворена изложбата на првата интернационална уметничка работилница со наслов „Поистоветени со хоризонтот“ (“Aligned to the horizon”).
Во текот на јуни, девет меѓународни уметници: Сергеј Андреевски (Скопје), Ан Лизе Бројер (Париз), Стано Бубан (Братислава), Маријана Кацарас (Тунис), Маркос Хаџипатерас (Лондон – Атина), Никола Пијанманов (Струмица), Герлинде Пистнер (Нирнберг), Кристина Рахме (Бејрут) и Карла Салем (Лондон – Бејрут) се нурнаа во пејзажот, архитектурата и приказните врежани во камењата и древните патеки на Андрос – и ги трансформираа овие средби во уметнички дела за време на нивниот престој во резиденцијата „Амалија Гарденс“ во Витали, Андрос.
Сместена во историска зграда во Хора, изложбата ќе биде отворена до 31 август, поканувајќи ги и локалното население и посетителите да се вклучат во уметнички дела создадени во директен дијалог со островот. Поканетите уметници имаа средби со вистинските чувари на наследството на Андрос – локалните производители и жители – и истражуваа пејзажи што носат силни траги од човечко присуство низ вековите: антички камени тераси што ги обликувале полињата, вековни маслинови градини, камени фарми и традиционални пешачки патеки. Преку оваа интеракција со островот и неговите жители, уметниците беа поканети да размислуваат за тоа како овие елементи служат како живи сведоштва за долгогодишна, хармонична врска меѓу луѓето и нивната околина; Како минатите начини на живот можат да се прилагодат на денешната реалност и каква улога може да игра уметноста во усогласувањето на наследството на островот со современите ритми?
Целта на резиденцијата и изложбата е да се истакне безвременската релевантност на традициите на островот Андрос – не како реликвии од минатото, туку како вредни ресурси за сегашноста.
Иницијативата ја спроведува здружението „Амалија Гарденс AMKE“, основано од архитектите и дизајнерите Харис Савидис и Пени Валсамиду. Името на организацијата ѝ оддава почит на Амалија Атанасиу, последната жителка на напуштената населба Калокаирини, со цел да ја оживее како нов центар на уметничка креативност. Резиденцијата „Амалија Гарденс“ има за цел не само да ја промовира современата визуелна уметност, туку и да поттикне значаен дијалог меѓу уметниците и културното наследство на островот. Преку оваа размена, програмата се стреми да создаде жив дијалог што ќе остави траен отпечаток врз сегашноста и иднината на Андрос.
Култура
„Јон Вардар против Галаксијата“ овој викенд на Grossmann Fantastic Film & Wine Festival во Словенија

Првиот македонски долгометражен анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“ во сценарио и режија на Гоце Цветановски ќе биде прикажан на 21. издание на Фестивалот за Фантастични филмови и вино во Љутомер, Словенија. Проекцијата е закажана за сабота, 5 јули во Домот на културата.
Интересно е што фестивалот, покрај внимателно селектираната програма од жанровски филмови, има и посебен фокус на виното. Посетителите ќе имаат можност да дегустираат различни вина за време на фестивалските настани, создавајќи уникатно искуство кое ги спојува филмот и винската култура.
„Овој фестивал за мене има посебно значење, затоа што во 2016 година гостував со краток анимиран филм и тогаш ја имав честа да се запознаам со Јан Харлан, продуцентот на Стенли Кјубрик – еден од моите омилени режисери, чие влијание може да се забележи во повеќе сцени од ‘Јон Вардар’“, изјави режисерот Гоце Цветановски.
Култура
Марко Виденовиќ и „Мевлем“ вечерва на „Бит-фест“

Битолското културно лето „Бит фест“, вечерва во Офицерскиот дом во Битола со почеток во 21:00 часот, ќе биде домаќин на прекрасна вечер во која музиката низ Проектот „Мевлем“ ќе зборува за љубовта, болката и надежта…
Проектот „Мевлем“, претставува уникатен спој на авторска музика и поезија од композиторот и поет Марко Виденовиќ, кој наиде на извонреден прием и сериозен одек меѓу публиката и културната јавност, како во земјава така и надвор од неа.
Со секој од досега реализираните концерти, „Мевлем“ не само што ја потврдува својата уметничка автентичност, туку и се етаблира како проект со исклучителен емотивен и социјален капацитет. Неговата досегашна реализација покажа дека публиката, без оглед на културниот контекст, препознава искреност, длабочина и убавина.
Музичкиот состав „Мевлем“ е составен од музичарите: Памела Велкова – виолина, Верица Ајтовска – виола, Енис Аљи – виолончело, и самиот автор Марко Виденовиќ – пијано и глас, кои досега концерти одржале во: Загреб, Белград, Скопје, Битола, Охрид, Гевгелија и Велес.
Во вечерашната програма се вбројуваат композиции кои се специјално создадени за проектот „Мевлем“ и претставуваат иновативен пристап кон камерната музика и современата поезија.
„Мевлем“ е повеќе од концерт – тој е уметничка исповед, место каде поетскиот збор не се чита туку се чувствува, каде што музиката не се слуша туку се доживува. Создаден од композиторот и поет Марко Виденовиќ, овој проект е интимен дијалог помеѓу музиката и зборот, меѓу солистите и тишината, меѓу публиката и нејзините најдлабоки емоции.
Композициите, инспирирани од лична и колективна болка, љубов, надеж и тишина, се изведуваат од музичари кои со секој тон ја раскажуваат таа внатрешна вистина. Влијанието што овој проект го има врз публиката е од оние ретки, длабоки уметнички впечатоци што долго остануваат со човекот.
„Мевлем“ во својата суштина има потреба – да се понуди лековитост преку уметноста, да се овозможи допир со нешто исконско, нешто што ги надминува жанровите и формите.
„Целта никогаш не беше само да се приреди концерт, туку да се отвори простор за уметнички дијалог, за разбирање и заедништво. Резултатите од тоа не се само мерливи преку број на публика, аплаузи или медиумски интерес – туку преку тишината меѓу две композиции, преку солзите по последниот акорд, преку луѓето што приоѓаат по концертот не за да честитаат, туку за да споделат своја приказна. А токму тоа, всушност, беше и крајната цел“, вели Марко Виденовиќ, автор на Проектот „Мевлем“, кој вечерва ќе биде претставен пред публиката во Битола.