Македонија
Шабани: Нема табу теми во коалицијата ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ
За сите проблеми во владејачката коалиција ДУИ – ВМРО-ДПМНЕ постојано се дискутира и се наоѓаат решенаија, а нема табу теми, вели министерот за локална самоуправа Лирим Шабани, во неделното интервју за Радио Слободна Европа.
Прашан како функционира коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ со оглед на актуелната политичка ситуација, тој вели: „Во политичка смисла на вашето прашање, јас можам да одговорам дека и во едно тесно семејство понекогаш се појавуваат недоразбирања меѓу самите членови на едно семејство, така и ние понекогаш имаме случаи во коишто треба да се убедуваме, ни треба дебата, имаме несогласувања, нецелосно се согласуваме со некои одредби, меѓутоа важно е, што би истакнал, важно е дека ние сме отворени за дијалог, дебатираме цело време и честопати низ дијалог изнаоѓаме решение на сите проблеми, така што нема табу теми коишто не ги отвораме и не ги дискутираме заедно“.
На прашањето дали ДУИ е задоволна од тоа како се трошат парите наменети за локалната самоуправа, тој вели дека од 2011 година, имаат заедничка програма.
„После коалицирањето, после започнувањето на работа на владата, ние одиме на спроведување на таа владина програма, секако и буџетите согласно на оваа програма и проектите што се внатре се реализираат како што оди тајмингот. Инвестициите, дали сме ние задоволни од тоа како се трошат парите, има еден куп проекти коишто се инфраструктурни, проекти како на пример Коридорот 8 или Коридорот 10, за кои не можеме да речеме дека се проекти на ДУИ или на ВМРО-ДПМНЕ или на некој трет или четврт, тие се проекти кои служат за сите граѓани на Република Македонија. Втор пример ни е плоштадот Скендер-бег којшто е проект на Владата, заедно го градиме и се обидуваме да го поврземе модерното со традиционалното. Тоа е проект којшто се финансира од Владата, преку Министерството за локална самоуправа. Во тек е втората фаза со 11 милиони евра, така што можеме да кажеме дека сите овие проекти што ги финансира владата, согласно заедничката програма донесена од двете партии, оди според динамика пропишана однапред“.
За поплаките на општините водени од опозициски градоначалник дека не добиваат доволно пари од централната власт за свои проекти, Шабани вели дека тоа не е точно,, затоа што постои Совет за рамномерен регионален развој и преку него се доделауваат пари секаде подеднакво.
„Пред десетина дена заседаваше овој совет, давам пример да објаснам дека тоа не е баш така, заседаваше советот и распределивме околу 2 милиони евра за проекти рамномерно низ сите региони во Република Македонија, вклучувајќи ги речиси сите општини, затоа што општините аплицираат преку Центрите во Министерството и ние преку Советот рамномерно ги распределивме тие средства. На тој начин правиме и во другите случаи. Можам да дадам и други конкретни примери за опозициските општини. Пример Општина Струга, каде што во делот на образованието имаме инвестиции во училишта, во училиштата во Лабуништа и во Радолишта има реконструкции. Може да земеме трет пример, Општина Студеничани, село Морани и ред други така наречени опозициски општини каде што се градоначалници предложени од опозицијата, така што не би се согласил целосно дека тоа е така“, вели Шабани. /крај/рсе/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски на средби со сопственици на компании и со претседателот на Европскиот совет во Минхен
Премиерот, Христијан Мицкоски, на првиот ден од 62. Минхенска безбедносна конференција имаше средби со претставници на компании и со претседателот на Европскиот Совет.
„Денешниот прв ден овде го започнавме со средба којашто е многу значајна со високи претставници на компанијата ‘Шварц’, една од најголемите во светот и една од најголемите овде во Германија, со годишни приходи повеќе од 180 милијарди евра. Компанијата ‘Шварц’ вработува повеќе од 605.000 вработени и е присутна во повеќе од 30 земји во светот, помеѓу нив е и нашата Македонија“, изјави Мицкоски.
Имал состанок и со сопственикот на „4iG“ којшто е веќе присутен во Македонија како сопственик на лиценца за трет мобилен оператор.
„Она коешто е значајно, а треба да се истакне и да го знае македонската јавност и македонските граѓани е фактот дека покрај постоечкото инвестициско портфолио и двете компании и компанијата „Шварц“ и компанијата „4iG“ планираат дополнителни инвестиции во Македонија во сосема поинаква, во сосема поинакво портфолио, а тоа е вештачката интелигенција, дата центрите и енергетиката, односно производството на електрична енергија“, рече Мицкоски.
Премиерот бил дел и од свеченото отворање на 62. Минхенска безбедносна конференција каде што свое обраќање имаше германскиот канцелар Мерц, а денот го завршил со состанок со претседателот на Европскиот Совет, Антонио Кошта.
„На состанокот разговаравме за евроинтегративниот процес на Македонија и она коешто е важно за македонските граѓани, тој процес да не биде билатерализиран, да не биде понижувачки и да биде сочуван македонскиот идентитет и приоритетите на македонските граѓани“, рече Мицкоски.
Тој им честита на македонските граѓани за, како што рече, онаа убава вест којашто на почетокот на денот пристигна од САД од Вашингтон, а тоа е усогласената заедничка изјава помеѓу македонската Влада и Белата куќа, а се однесува на договорот за трговија којшто понатаму двете држави ќе го потпишат, договор којшто овозможува подобра економија и повеќе можности за македонските компании.
„На овој начин покажуваме како Влада дека покрај она стратешко партнерство со Велика Британија, Обединетото Кралство, после избришаниот пост мониторинг од страна на Советот на Европа, овој трговски договор којшто ќе биде во рамките на оваа заедничка изјава којашто ја усогласивме со Белата Куќа потпишан ја заокружуваме дипломатската офанзива во овие први дваесетина месеци од оваа нова Влада и тоа се историски договори со историски успех за македонските граѓани и Македонија како држава. Останете со нас следните два дена продолжуваме со многу убави вести и со успешни состаноци од овде од Минхен од 62 Минхенска безбедносна конференција“, рече Мицкоски.
Македонија
Поранешниот градоначалник на Чашка на 11 вработени незаконски им исплатил плати од над 700.000 денари
Полицијата поднесе кривична пријава против поранешен градоначалник на општина Чашка за „злоупотреба на службената положба и овластување“.
СВР Велес, до Основното јавно обвинителство Велес, поднесе кривична пријава против Г.С.(47) од Чашка поради постоење основи за сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Во периодот од јануари 2021 до декември 2024 година, Г.С. во својство на градоначалник на општина Чашка, постапил спротивно на Законот за државни службеници и на 10 лица вработени во општина Чашка, во повеќе наврати, од буџетската сметка на општината им исплаќал парични средства по основ на плата за кариера кај државен службеник, иако знаел дека тие не ги исполнуваат условите за државен службеник.
Додека, на едно лице, спротивно на Законот за работни односи, овозможил да му се исплати бонус плата, иако не биле исполнети условите.
На тој начин, пријавениот овозможил на 11-те вработени да се стекнат со имотна корист и предизвикал штета на буџетот на општина Чашка во вкупен износ од 725.562 денари.
Исто така, за место кое според актот за систематизација има предвидено една позиција, Г.С. на еден од вработените му издал решение за работното место иако таа позиција веќе била пополнета.
Македонија
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
На 14.02.2026 (сабота) поради верскиот празник Задушница, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај во Скопје.
Имено, со почеток од 06:00 часот сообраќајот кон градските гробишта Бутел ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца Иванова“ и десно до влезот на гробиштата Бутел, а за излез десно по ул.„Боца Иванова“, до кружниот тек на ул.„Бутелска“, па лево по ул.„Бутелска“ и десно по ул.„Кемал Сејфула“.
Посебен режим на сообраќај ќе се воведе и во близина на гробиштата Камник, Драчево и Ѓорче Петров.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.

