Култура
„Делови“ на Рисима Рисмикин на најголемиот светски фестивал за современ танц

Танцовиот проект „Делови“ во кореографија на Рисима Рисимкин селектирана во најдобрите на најголемиот и најпознатиот саем за современ танц во светот – „Танцмесе“ кој ќе се одржи од 25 – 28 август наредната година во Дизелдорф, Германија
„Танцмесе“ прави приказ на актуелните трендови и иновации во балетската уметност и овозможува на едно место да се сретнат најголемите светските имиња на балетската уметност, кореографи, балетски играчи, режисери, новинари и да воспостават контакти и договори за соработка.Претставата „Делови“ е селектирана заедно со над 30 интернационални продукции од 27 земји. „Вистински сум возбудена од успехот и сметам дека е од извонредно значење селекцијата на Македонија во една ваква престижна програма! Саемот за танц е една од најзначајните светски манифестации за танц, таму се појавуваат сите оние што значат нешто во областа на танцот, има учесници од целиот свет. Изборот на претставата ‘Делови’ во програмата е голем исчекор за нас и потврда за квалитетот на се’ она што го работиме. Се разбира да си во друштво со најдобрите е секогаш престижно и од срце сакам да им се заблагодарам на сите мои соработници на претставата, на дизајнерот Благој Мицевски и композиторот Благој Цанев, како и на изведувачите Елисавета Скаловска, Сања Арсовска и нашиот специјален гостин на последната изведба Игор Киров“, изјави Рисима Рисимкин.
„Делови“ претставува мултимедијален перформанс кој се занимава со луѓето и глобализацијата. Премиерно беше изведен на овогодинешното издание на „Танц фест“ во Музејот на современа уметност во Скопје и со него беше најавено формирањето на Танцовиот театар кој од 2010 ќе функционира во рамки на Универзитетот ЕСРА.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Солунскиот државен симфониски оркестар првпат во Скопје

Солунскиот Државен Симфониски Оркестар за прв пат во неговото 66 годишно постоење настапува во Скопје во салата на Филхармонија на 17 Мај 2025 19.30 часот, со дела од Емилиос Риадис и Морис Равел со специјални гости од двете земји, како водечката Грчка сопранистка Мирто Папатанасиу и светски реномираниот пијанист Симон Трпчевски од РС Македонија. Со Оркестарот ќе диригира реноминираниот Грчки диригент Владимирос Симеонидис.
На програмата се дела од Морис Равел и неговиот грчки студент Емилиос Риадис, на чествување на 150 годичницата од раѓањето на Морис Равел и 90 годишна од смртта на најголемиот Солунски композитор Емилиос Риадис, вклучувајќи ја и светската премиера на симфониската свита од операта “Галатеиа”.
Сабота,Мај 17, 2025 во 19:30 часот Филхармонија Скопје
Сопран: Мирто Папатанасиу Пијано: Симон Трпчевски Диригент: Владимирос Симеонидис
Билетите чинат 1.500 денари и се во продажба на https://www.filharmonija.mk.
Култура
(Видео) „Убав ден“ – нова песна на Горан Папаз

„Убав ден“ е насловена новата песна на Горан Папаз.
„Посебно сум горд на овој сингл затоа што дел од музиката ја создаде Дамиан, мојот син, а Гоце Симоноски ја заокружи оваа приказна изработувајќи прекрасен аранжман. Вокалите се на Дамиан Папаз и Сара Димитрова“, сподели музичарот.
Песната е снимена и работена во студиото на Димитар Димитров и во студиото на Гоце Симоноски.
Култура
СДСМ: Колку чинат екскурзиите на Љутков во странство со цела свита?

Додека институциите на културата едвај преживуваат, а вработените и понатаму се без исплатени плати, министерот за култура Зоран Љутков, заедно со голема партиска свита, си организираа „дипломатска“ екскурзија во Јапонија, велат од СДСМ преку соопштение.
„Со него се и министерот Тимчо Муцунски со сопругата, генералниот секретар на Владата и уште неколку „културни авторитети“, наводно за поддршка на ансамблот Танец и „јакнење на културната соработка“.
Колку точно лица брои оваа луксузна делегација? Колку народни пари беа потрошени за патувањето во Осака,за авионски билети, сместување, дневници, протоколарни вечери, гардероба и подароци?
И што, всушност, ќе донесат назад во Македонија? Освен албум со селфиња, објави за „успешни средби“ и неколку звучни фрази за „интеркултурен дијалог“?
Врв на иронијата, организирале и изложба посветена на архитектот Кензо Танге, визионерот што го проектираше Скопје по катастрофалниот земјотрес од 1963 година. Истото Скопје кое ВМРО-ДПМНЕ, со истата оваа структура, го изобличи со стиропор и лажен барок преку проектот „Скопје 2014“.
Па кој има образ сега да го слави Кензо Танге, кога неговото дело беше грубо погазено со партиска стиропорна естетика и кич?
Граѓаните заслужуваат одговор: Колку ги чинат екскурзиите на Љутков, колку чини оваа парада? И дали културата е само алиби за туристички луксуз?“, велат од СДСМ.