Економија
Русија планира да ја намали царината за извоз на нафтата
Руското министерство за финансии планира постапно д аја намали царината за извоз на нафтата, но и да го зголеми данокот на вадење руди од 2014 година, за да се постигне поголема рамнотежа во даночниот систем на Русија, изјави во понеделникот за медиумите висок функционер во министерството.
Иља Трунин, челник на секторот за даноци и царини при руското министерство за финансии, изјави дека предлогот за постапно намалување на царините на извоз на нафтата би можел да биде изложен во јавноста кон средината на мај. Овој данок би можел да биде намалува за два до три процентни поени на годишно ниво, за да се види како ќе реагира нафтениот сектор.
„Доколку царината на извозот на нафтата изнесува 60 отсто од цената на нафтата, би можела да биде намалена на 58 до 57 отсто, паралелно со зголемувањето на даноклот на вадење руди”, рекол Трунин.
Воедно напомнал дека новите даночни прописи би можеле да доведат до зголемувањето на цените на горивата.
Таквите предлози ќе се одразат врз работата на руските произведувачи на нафтата, како „Роснефт”, Лукоил” и „Газпром Нефт”. Нафтените компании сметаат дека според сегашниот даночен систем речиси не е возможно да се инвестира во развој на скапата гринфилд инфраструктура, неопходна за одржување на производството на постојните нивоа од околу 10 милиони барели нафта дневно.
Русија, најголемиот светски произведувач на нафта, истовремено мора да го зајакне буџетот за исполнување на ветувањата што ги даде претседателот Владимир Путин во врска со социјалните давачки.
Откако данокот за експлоатација на рудните ресурси не беше менуван седум години, минатата 2012 година беше зголемен за 6,4 отсто, а годинава за дополнителни 5,4 отсто на 470 рубљи, односно 15 американски долари по тон. Притоа, во овој данок се вкалкулирани и одредени олеснувања, во зависност од нафтеното поле кое се експлоатира.
Според процените на руското министерство за финансии и на аналитичарите на Reuters објавени претходно во април, се очекува дека руската царина на извозот на нафта во мај би можел ада се намали за 5,8 отсто, на 378, 4 долари по тон, во споредба со 401,5 долари во април, по намалувањето на цената на нафтата./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

