Забава
Гол петок
Модерната бизнис технологија луѓето во големите фирми ги зближува со платени патувања (тим билдинг – односно изговор за колективно опивање)
Модерната бизнис технологија луѓето во големите фирми ги зближува со платени патувања (тим билдинг – односно изговор за колективно опивање), викенд семинари и конференции од кои ретко кои имаат некоја цел – освен повторно опивање, од што следи и опуштање.
Но, Дејвид Тејлор, бизнис психолог, отишол чекор подалеку и им сугерирал на вработените во дизајнерската маркетинг компанија во Њукасл “гол петок“.
Значи “гол петок“ не е само “опуштен петок“, кога на работа смее да се оди во патики, тренерки и бермуди, туку е пожелно да се работат осум часови – без облека!
Тејлор бил повикан во компанијата откако шест работници во неа биле прогласени за технолошки вишок. Тој им објаснил дека со соблекувањето ќе ги ослабнат евентуалните кочници и ќе разговараат едни со други поотворено и поискрено.
“Повикувањето на работниците да се соблечат голи всушност е најекстремната техника што сум ја користел. Можеби се чини чудно, но навистина делува. Тоа е краен израз на доверба – кон самиот себе и кон другите“, вели Тејлор.
И покрај првобитното одбивање, по една недела сите ја прифатиле идејата, освен еден маж, кој носел танги и две жени кои останале во црн долен веш. Што е постигнато со овој експеримент, засега не се знае.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Аријана Гранде за малку ќе настрадаше во Париз, обезбедувањето реагираше во последен момент
Поп-ѕвездата Аријана Гранде имаше драматичен момент во Париз, избегнувајќи за малку сериозна несреќа. Инцидентот се случи во четврток, 7 ноември, кога автомобил одеднаш влезе во пешачката зона пред театарот каде што се одржуваше европската премиера на филмот „Wicked“.
Пејачката, за среќа, не беше повредена.
@snmicka je l’aime d’amour #arianagrande #wicked ♬ Popular – Ariana Grande
Гранде позираше на црвениот тепих таа вечер, опкружена со обожаватели и фотографи, во нејзината вообичаена гламурозна атмосфера.
Според медиумските извештаи, додека одела кон својот автомобил, возило „се приближило малку премногу“ до неа додека таа сè уште ги поздравувала обожавателите пред влезот. Автомобилот очигледно влегол во пешачка зона, што ги натерало обезбедувачите веднаш да реагираат – токму кога ѕвездата успеала да се тргне. Никој не бил физички повреден, но краткиот хаос предизвикал паника меѓу толпата.
Париската полиција потврди дека била повикана на местото на настанот за да го истражи инцидентот. Портпаролот изјавил дека во моментот на објавување на извештајот немало апсења и дека истрагата е во тек. Возачот наводно соработувал со властите и немало индикации дека нападот бил однапред смислен.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Проѕирен фустан, без градник: ѕвездата од тинејџерската серија во драматична комбинација на црвениот тепих
Актерката и пејачка Тејлор Момсен беше на церемонијата на доделување на наградите „Rock & Roll Hall of Fame“ во Лос Анџелес, а привлече внимание со својата смела модна комбинација.
Актерката позната по улогата во серијата „Gossip Girl“ се појави во долг чипкан фустан без градник под него, и изненади многумина со оваа смела комбинација.

Имаше силна шминка и популарен smokey eye, а косата ѝ беше лабава и зафрлена на едната страна, малку свиткана во брановидни прамени.
Накитот што го избра не остана незабележан, па се чини дека сакаше да постигне драматичен ефект што ја направи многу забележана.

Тејлор глумеше во хит серијата „Gossip Girl“ од 2007 до 2010 година, а неодамна ја откри и причината за напуштањето на серијата.
„Мојот агент, мојот менаџер, сите долетаа до мојата куќа за да ме убедат на аудиција. Моите родители ме убедија да одам на аудиција, бидејќи тоа е огромна можност. „Gossip Girl“ е чудно шоу бидејќи, од една страна, беше, знаете, одлично, но од друга страна, навистина не сакав да бидам таму“, рече таа во подкастот „Call Her Daddy“.

фото: принтскрин
Забава
Џесика Алба и Дени Рамирез ја потврдија врската, објавија заеднички фотографии
Актерот Дени Рамирез ја потврди својата врска со Џесика Алба објавувајќи серија фотографии на „Инстаграм“. 33-годишната ѕвезда од филнот Captain America: Brave New World, сподели неколку слатки селфиња со 44-годишната актерка во неделата вечерта, направени на гала-вечерта Baby2Baby, што се одржа претходната вечер.

Иако Дени и Џесика пристигнаа одделно на црвениот тепих на годишниот добротворен настан во саботата вечерта, тие позираа заедно во просторијата, а фотографиите бргу се појавија на социјалните мрежи потврдувајќи ги шпекулациите за нивната романса.

„Каква прекрасна вечер од целиот тим на @baby2baby и сите што донираа. Собрани се 19,5 милиони долари за неколку минути! Им помагаме на baby2baby да ги поддржат децата во Америка и да продолжат со нивната витална работа за обезбедување основни потреби на семејствата во нужда❤️🔥“, напиша Рамирез покрај објавата. Алба коментира со емотикони во облик на срце.
View this post on Instagram
Џесик, исто така сподели фотографии и видеа од настанот, вклучувајќи групно селфи со Дени. „Каква прекрасна вечер на @Baby2Baby – толку се гордеам на виталната работа на Baby2Baby, која обезбедува основни резерви за повеќе од милион деца во нужда во целата земја секоја година. Синоќа ја почестивме @serenawilliams со наградата The Giving Tree Award – и собравме 19,5 милиони долари (!!) за да продолжиме со оваа витална работа. Благодарна сум што сум дел од толку неверојатна заедница“, напиша актерката, а Дени одговори на нејзината објава со љубовни емотикони.
фото: принтскрин

