Забава
Инсектите како спасители?

Најнов совет на лекарите и ентомолозите – размислете два пати пред да го “сплескате“ инсектот што ви застанал на раката или ви се качува по ногата
Најнов совет на лекарите и ентомолозите – размислете два пати пред да го “сплескате“ инсектот што ви застанал на раката или ви се качува по ногата.
Неговата “хемија“, велат лекарите, може да излечи сериозни болести.
Група стручњаци од Институтот за ентомологија на Агенцијата за биолошки истражувања на Австралија (ЦСИРО), чија работа е финансирана од владата, започнаа со истражување на лековитите својства на досега скоро игнорираните природни извори – инсектите.
Научниците со години се обидуваат од 250 илјади растителни видови да ги извлечат за човекот и за животните неопходните лекови, но потрагата по протеините, ензимите и молекулите што ги произведуваат близу четири милиони видови инсекти со кои ја делиме планетава, била премала или никаква.
Стручњаците на австралиската компанија Ентокосм почнаа, први во светот, истражување за корисноста на хемискиот состав на инсектите во борбата против припадниците на нивните видови отпорни на постоечките инсектициди, но и за болестите на човекот.
“Традиционалната кинеска медицина со векови ги користи инсектите во борба против разни болести, но дури најновиот технолошки напредок овозможи од ситните инсекти да се добиваат лекови“, изјавил Стивен Троуел, шеф на тимот стручњаци.
“Австралија е идеална локација за овие истражувања, бидејќи најмалку 10 проценти од сите видови инсекти на Земјата живеат во Австралија, а најголемиот број живеат само на нашиот континент“, нагласува Троуел.
Тој потсетува дека стручњаците пред пет години започнале истражување и собрале повеќе од една илјада видови инсекти на источниот брег на Австралија.
Екстрахирајќи го хемискиот состав на инсектите, тие идентификувале некои молекули од кои можат да се добијат антибиотици и средства за “напад“ на клетките на ракот.
Еден од испитуваните видови се термитите, односно нивната “катедрала од кал“ што овие вредни мравки ја градат како свое живеалиште и кои во внатрешноста на Австралија можат да достигнат височина од осум метри.
Троуел вели дека научниците се убедени оти овие “катедрали“ од осушена кал можат да бидат вистински “расадник“ на бактерии и габички. Тие го провериле хемискиот состав на термитите за да откријат како тие го спречуваат развојот на микроорганизми во нивната “градба“, при што откриле три нови, досега непознати, антибактериски серуми.
“Серумите не се силни колку што се надевавме, но го продолжуваме испитувањето на едниот серум, кој би можел да претставува награда за нашите напори“, вели Троуел.
Тој претпазливо најавува дека би можело да стане збор за нов препарат за борба против бактериските и габичните заболувања, засега отпорни на постоечките лекови, а нивната следна цел е “напад“ на карциномот.
“Сепак, од клиничкото испитување на дејството на лековите од ’сокот’ на инсектите врз пациенти, не делат најмалку пет години, а да се појават на пазарот таквите лекови потребни се уште најмалку 10 години“, заклучува Троуел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Кејт Мидлтон зборуваше за борбата со ракот: Создавате еден вид храброст за време на третманот

Не сте во можност нормално да функционирате дома како што можеби сте биле навикнати, рече принцезата Кејт Мидлотон говорејќи за борбата со ракот.
Принцезата Кејт Мидлтон (43) ја посети болницата „Колчестер“ во Есекс и откри некои непознати детали за својата борба страшната болест.
Кејт објави во март минатата година дека ќе мора да се подложи на хемотерапија кога тестовите извршени по големата операција на абдоменот покажаа дека е присутна неодредена форма на рак.
A very candid moment for the Princess of Wales who is so used to weathering her storms in private:
“You put on a sort of brave face and stoicism through treatment… the treatment is finished ‘it’s like: “I can crack on, get back to normal,” but actually the phase afterwards is… pic.twitter.com/HCijiwO1lA— Canellecitadelle (@Canellelabelle) July 2, 2025
Таа ја заврши терапијата во септември минатата година и сега е во ремисија.
„Создавате еден вид храброст, стоицизам за време на третманот, третманот е завршен, потоа мислите: Можам да продолжам, да се вратам во нормала, но всушност фазата по тоа е навистина… тешка“, рече Мидлтон, како што објави „Ројтерс“.
Обраќајќи се пред персоналот, пациентите и волонтерите во болницата, британската принцеза ја нагласи важноста на поддршката по третманот истакнувајќи дека иако пациентите можеби повеќе не се под клиничка нега, тие честопати сè уште се борат да функционираат нормално.
Кејт ги опиша дијагнозата и третманот на ракот како огромна животна промена и за пациентите и за нивните најблиски.
„Ова е ролеркостер, не е млазен авион“.
Принцезата постепено им се враќаше на своите кралски должности, но минатиот месец ја пропушти коњската трка Ројал Аскот, а кралски извор ја наведе нејзината потреба за одмор по третманот за рак.
„Понекогаш не го препознавате тоа, не мора нужно, особено кога е првпат, да сфатите колку големо влијание ќе има. Мора да ја пронајдете вашата нова нормалност… Но, реалноста е дека не е така, поминувате низ тежок период“, рече принцезата Кејт за време на разговор со пациенти со рак.
За време на посетата на болницата, Кејт посети и градина во која се одгледуваат некои од растенијата што им помагаат на пациентите со рак да ја поминат хемотерапијата и опиша колку природата ѝ значи велејќи: „Тоа беше мое засолниште, мој извор на сила за време на закрепнувањето“.
Забава
(Видео) Шарлиз Терон призна: „Имав секс со 26-годишник, беше неверојатно“

Актерката Шарлиз Терон отворено проговори за својот сексуален живот и за врската од една вечер што ја имала со помлад маж.
Терон се појави во поткастот Call Her Daddy, каде што ѝ кажа на водителката дека таа ноќ ќе ја памети долго време.
View this post on Instagram
„Имав можеби три авантури за една ноќ во целиот мој живот, но неодамна имав секс со 26-годишник. Беше неверојатно. Никогаш порано не сум го направила тоа. Си реков: О, ова е одлично“, рече таа.
Шарлиз исто така рече дека стекнала новооткриена самодоверба кога станува збор за секс во последната деценија, но дека сè уште верува оти е последната личност на која може некој да ѝ се обрати за совет за сексуални врски.
Забава
Пејачката Даниела Мартиновиќ среќно вљубена во новиот партнер

Даниела Мартиновиќ објави фотографии со својот партнер Јосип Плавиќ на „Инстаграм“.
Таа стави емотикон во облик на срце во описот на објавата. Многумина напишаа во коментарите дека Даниела и Јосип се прекрасен пар и дека им посакуваат многу среќа.
Врската на Даниела и Јосип стана позната на почетокот на 2023 година. Даниела тогаш изјави дека го запознала Плавиќ кога нејзиниот адвокат поднел пријава за кражба на идентитетот преку интернет во 2022 година. Полицијата бргу го решила случајот, а Даниела и Јосип продолжиле да се дружат. Сега градат куќа заедно.
Ова е првата јавна врска на Даниела Мартиновиќ по завршувањето на 24-годишната врска со Петар Грашo во 2021 година.
Јосип, патем, ѝ се врати на музиката на почетокот на минатата година. Тој ја напушти полицијата и повторно го обедини својот стар бенд „Изван закона“.