Забава
Како до среќа
Наследните карактеристики искуството од детството само се половина од човековиот потенцијал да биде среќен. Втората половина зависи од седум “златни
Наследните карактеристики искуството од детството само се половина од човековиот потенцијал да биде среќен. Втората половина зависи од седум “златни правила“.
Имено, со употреба на различни техники на “ментални вежби“, секој може да достигне чувство на исполнетост и задоволство.
Тоа е барем основниот постулат на таканаречената позитивна психологија, односно Науката за среќа, чиј основач е американскиот професор Мартин Селигман од Пенсилванија.
Правилата на “рецептот за среќа“, според препораката на стручњаците се:
1. Смејте се
2. Изберете среќна професија
3. Занимавајте се со добротворна работа или пејте во хор
4. бидете љубезни кон другите
5. вложувајте во своите пријатели
6. не гледајте телевизија и
7. шетајте.
Насмевката произведува пријатни хемиски реакции во мозокот и ги привлекува другите луѓе.
Кога станува збор за професијата, истражувањата покажаа дека најзадоволни се фризерките, а не заостануваат многу и свештениците, готвачите, козметичарките, водоинсталатерите и автомеханичарите.
Луѓето кои се грижат за други луѓе се посреќни од оние кои се грижат само за себе. Ако сте љубезни кон другите, тие ќе возвратат со иста мерка, а вложувањето во пријателите е најскапоцениот имот.
Телевизија не треба да се гледа, бидејќи дури и најпопуларните серии предизвикуваат благо чувство на депресија.
Активните луѓе се посреќни. Шетајте барем еден километар дневно и јадете јаглени хидрати, тестенини и овошје, бидејќи тие го зголемуваат нивото на серотонинот – хормонот што го регулира расположението.
Професорот Селигман, исто така, открил дека е можно да се контролираат, па дури и сосема да се укинат негативните мисли.
Според него, потребен е 21 ден со ментални вежби во мозокот да се создаде „патека“ која чувството на среќа го претвара во навика, а точно уште 63 дена за наученото да се утврди.
Откриено е, исто така, дека луѓето кои себе си се сметаат за “многу среќни“, не се ниту поубави, ниту побогати, ниту поуспешни од сосема просечните луѓе. Она што ги издвојува е фактот дека откриле што ги прави среќни и според тоа се раководат во секојдневните активности.
Пораката е едноставна – не можете да седите дома и да чекате среќата да ви чукне на врата. Мора да излезете и да ја побарате!
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Принцезата Шарлот денеска полни девет години, обожавателите со нетрпение очекуваат фотографија
Принцот и принцезата од Велс, имаат уште една причина за славење оваа недела – роденденот на принцезата Шарлот.
Принцезата Шарлот денеска наполни девет години и обожавателите со нетрпение ја очекуваа годишната роденденска фотографија што семејството ќе ја објави на нивниот посебен ден, објави Мирор.
Сепак, тие ја прекинаа традицијата минатата недела кога принцот Луис наполни шест години, а се чини дека планираат да го сторат истото и овој пат.
Забава
Принцот Вилијам ја воодушеви и шокираше сопругата Кејт со подароци: Најчуден е оној од почетокот на нивната врска
Повеќето сопрузи им подарувале на своите сопруги подароци за годишнината што би сакале да ги заборават, а принцот Вилијам не е исклучок.
Тој со текот на годините ја воодушевуваше и шокираше принцезата Кејт со подароци што таа или ги мразеше или сакаше, објави Мирор, истакнувајќи дека парот веќе ја прослави 13-годишнината од бракот.
Самиот Вилијам призна дека некои од неговите подароци биле погодени или промашени.
Принцот Вилијам (41) и купи на Кејт нежен часовник од 4.850 фунти Balloon Blu d Cartier за нивната трета годишнина од брак во 2014 година.
За време на кралската турнеја низ Канада во 2016 година, принцезата од Велс беше видена како носи часовник со ситни сафири, што одговараше на нејзиниот веренички прстен, исто така уште еден скап подарок.
Сепак, принцот Вилијам неодамна призна дека еднаш на својата сопруга и подарил двоглед на почетокот на нивната врска бидејќи во тоа време се чинело соодветно.
Принцот Вилијам и купил на својата сопруга комплет за накит вреден 121.000 фунти за нејзиниот роденден.
Се верува дека тоа било подарок за нејзиниот 30-ти роденден во 2012 година, иако тоа не е потврдено, а во 2022 година, Кејт носеше пар обетки од 100 фунти, кои беа божиќен подарок од принцот Вилијам од брендот Сезан.
Наука
Здравиот начин на живот го неутрализира влијанието на генетиката за повеќе од 60 проценти, покажува истражување
Здравиот начин на живот може да го компензира влијанието на генетиката за повеќе од 60 проценти и да додаде уште пет години на животот, според првата студија спроведена на оваа тема.
Добро е познато дека некои луѓе се генетски предиспонирани за пократок животен век, објави Гардијан.
Исто така, добро е познато дека факторите на животниот стил, особено пушењето, консумирањето алкохол, исхраната и физичката активност, можат да влијаат на долговечноста.
Сепак, досега не е направено истражување за степенот до кој здравиот начин на живот може да се спротивстави на генетиката.
Наодите од неколку долгорочни студии сугерираат дека здравиот начин на живот може да ги ублажи ефектите од гените што го скратуваат животот за 62 проценти и да додаде дури пет години на животот.
Резултатите беа објавени во списанието BMJ Evidence-Based Medicine.
Оваа студија ја појаснува клучната улога на здравиот начин на живот во ублажувањето на влијанието на генетските фактори врз скратувањето на животниот век, заклучија истражувачите.
Студијата опфатила 353.742 луѓе од Обединетото Кралство Биобанка и открила дека оние со висок генетски ризик за пократок живот имаат 21 отсто зголемен ризик од рана смрт во споредба со оние со низок генетски ризик, без оглед на нивниот животен стил.