Забава
„Плавушите“ се подобро платени, посреќни и имаат богати мажи

Универзитетот во Квинсленд спровел истражување меѓу 13 илјади жени, а тоа покажало дека русокосите жени се подобро платени од нивните колешки со друга боја на косата,подобро се забавуваат а имаат и побогати мажи
Резултатите од истражувањето објавено во списанието Economics Letters се дека русокосите заработуваат околу седум отсто повеќе од нивните колешки со исто образование и на иста позиција, како и дека за партнери бираат мажи кои заработуваат барем шест отсто повеќе отколку просечните мажи. Но, истражувачите не успеале да откријат во што е тајната, пишува news.com.au. Водачот на тимот истражувачи, др. Дејвид Џонстон навел дека „русокосите почесто се сметаат за попривлечни од другите жени, но и помалку интелигентни. Но се чини дека таквата перцепција на нивната убавина е доминантна над она за нивната интелигенција, што би можело да го објасни овој ефект“.Олга Ускова, претседателка на Меѓународното здружение на русокоси има свое видување на ова истражување.„Русокосите имаат побогати мажи затоа што се позабавни и поотворени, а тоа ги привлекува мажите. Покрај тоа, имаат многу самодоверба па можат да се снајдат со мочни и славни мажи. Подобри сме во работата бидејќи кога ние ќе згрешиме секогаш можеме да кажеме – извинете, тоа е затоа што сум плавуша“, вели Ускова.Сепак, Кристина Риханоф, блондинка, ѕвезда на британското телвизиско реално шоу Strictly Come Dancing вели – „Не мислам дека русокосите се платени повеќе“.„Во шоуто сите сме исто палтени. Но мислам дека тоа што сум блондикна ме прави поразлична од другите. Се обидов и со други бои на косата, но јас се чувствувам најсекси и најубаво кога сум русокоса“, вели Риханоф.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Преполн Паркот на Франкофонија синоќа за концертот „Нешто што ќе остане“

Илјадници граѓани, синоќа го исполнија Паркот на Франкофонија и заедно уживаа во големиот музички хепенинг „Нешто што ќе остане“, кој по трет пат собра врвни македонски изведувачи и создаде незаборавна атмосфера. Пет часовна ноќ за паметење со најпознатите македонски хитови на Дарио и Миг-21, Елена Ристеска, групата „2 Бона”, Викторија Лоба, Кристина Арнаудова и Барбара Поповиќ.
Градоначалникот Горан Герасимовски, во своето обраќање пред присутните, истакна дека кога пред три години ја добил идејата за концертот „Нешто што ќе остане“, не можел да замисли дека ќе прерасне во толку голема традиција со ваков одѕив и поддршка, и од изведувачите и од граѓаните.
„Но ете, идејата прерасна во прекрасна традиција. Трета година по ред се собираме овде, во срцето на Скопје, под отворено небо, на концертот ‘Нешто што ќе остане’. Секоја година со нови изведувачи и нова енергија, но едно останува исто – македонската музика. Овде Македонија пее и ние со неа, на бината и во публиката! Македонските уметници секогаш ја имале и ќе ја имаат мојата поддршка. Тие ја претставуваат Македонија гласно, гордо и со љубов. Уживајте во музиката на нашата и вашата младост, затоа што овие моменти остануваат трајно врежани во сеќавањата. Се гледаме и следната година на ‘Нешто што ќе остане’, затоа што Македонија има свој глас, своја песна, затоа што македонската песна е силата што нè обединува“, рече Герасимовски.
Музичкиот настан „Нешто што ќе остане“ е во организација на Општина Центар.
Забава
Mузички хепенинг вечерва во Паркот на франкофонијата

Дарио и Миг-21, Елена Ристеска, групата „2 Бона“, Викторија Лоба, Кристина Арнаудова и Барбара Поповиќ вечерва ќе настапат на големиот музички хепенинг „Нешто што ќе остане” во Паркот на франкофонија со почеток во 19.30 часот.
Градоначалникот Горан Герасимовски ги поканува сите граѓани кои денеска ќе бидат во Скопје да дојдат и да уживаат во најголемите македонски хитови.
„Вечерва не очекува вистинска ноќ за паметење, исполнета со најубавите македонски песни. Ги повикувам сите граѓани да ни се придружат и заедно да создадеме незаборавни моменти. Како Општина Центар, ќе продолжиме да вложуваме во македонската музика и во нашите македонски артисти, затоа што тие се гордоста и иднината на нашата културна сцена,“ истакна Герасимовски.
Концертот е бесплатен за сите граѓани и е во организација на Општина Центар.
Забава
По средбата со кралот Чарлс, Хари се надева на нов почеток, но братот не попушта

Принцот Хари (40) наводно жали за дел од одлуките што ги донесе откако со сопругата Меган Маркл се повлече од кралските должности. Неговиот неодамнешен престој во Британија – четири дена во Лондон и Нотингем – беше обид за поправка на односите со семејството и јавноста.
За првпат по 19 месеци, Хари се сретна со кралот Чарлс. Состанокот траел околу еден час и во дворецот го оценуваат како позитивен чекор, иако не и целосно помирување.
„Кралот сака да ја обнови врската со својот син и да помине време со своите внуци, кои не ги видел три години“, изјавил извор за „Дејли меил“. „Хари е свесен дека направил грешка и сега се обидува да ја ресетира врската“.
Сепак, средба со брат му Вилијам не се случила, и покрај тоа што биле во непосредна близина.
По посетата на Британија, војводата од Сасекс отпатува за Украина, каде се сретна со ветерани и владини претставници, испраќајќи порака за поддршка и потсетување на страдањата на украинскиот народ.
Иако се шпекулира дека наредната година би можел да ги поведе децата Арчи и Лилибет на посета кај дедо им, останува неизвесно дали Меган ќе се врати во Британија. Прашањето за безбедноста и понатаму е главна пречка, а како можен компромис се спомнува престојoт во кралските резиденции каде што мерките за заштита се најстроги.