Забава
Аукцијата на вина од Елисејската палата донесе 718 илјади евра

Со продажба на дел од вината од подрумот од француската претседателска Елисејска палата, поточно на 1.200 шишиња висококвалитетни вина, коњаци и шампањи, во четвртокот и петокот во Париз, остварен е приход од 718 илјади евра вклучувајќи ги и трошоците, што е повеќе од двојно повеќе отколку привичните процени.
Меѓу најубавите понуди беше шише од виното Petrus од 1990 година, првично проценето меѓу 2.200 и 2.500 евра а продадено за 7.625 евра сосе вклучени трошоци. Двете шишиња Chateau Latour од врвното вино Pauillac произведено во 1982 година, проценето на 2.000 односно на 2.200 евра, се продадени за по 4.625 евра.
Првиот ден од наддавањето во четвртокот продажбата донела 295,663 евра, со двете шишиња Petrus од 1990 година проценети на 5.500 и 5.800 евра.
Ова е првпат Елисејската палата да продава дел од своите вина, а бројката од 1.200 шишиња претставува само една десетина од подрумот во кој денес има 12 илјади шишиња а е основан во 1947 година во времето на францускиот претседател Винсент Ораол.
Елисејската палата се одлучи да продава еден дел и тие средства „да ги потроши во обновување на подрумот“, се истакнува во организаторот на наддавањето аукциската куќа Kapandji-Morhange./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Најмладата ќерка на Доналд Трамп го покажа својот син, реакциите се дека многу личи на дедо му

Тифани Трамп (31), најмладата ќерка на американскиот претседател Доналд Трамп, го доби своето прво дете со својот сопруг Мајкл Булос (27) на 15 мај оваа година. Сега ги објави првите фотографии од својот син на „Инстаграм“.
„Љубовта на нашиот живот, Александар Трамп Булос“, напиша таа во описот. Бројни следбеници ја контактираа и рекоа дека малиот Александар многу личи на својот дедо Доналд Трамп.
View this post on Instagram
„Тој е копија на твојот татко“, „Трамп има силни гени, сите негови деца личат на него“, „Ист дедо му“, продолжија коментарите.
Откако Тифани претходно се пофали со среќната вест на „Инстаграм“, објавувајќи фотографија од стапалото на детето, се огласи и Трамп.
„Ќерка ми роди бебе. Одам дома да го видам тоа бебе“, рече тој потоа, додавајќи: „Таа е одлична и бебето е одлично.“
Доналд беше првиот што ја објави бременоста на Тифани.
View this post on Instagram
Пред две години, Тифани се омажи за милијардерот Мајкл Булос. Нејзиниот сопруг, наследник на нигерискиот бинис вреден милијарди, Булос Ентерпрајзис, е роден во Либан, израснат во Нигерија и се преселил во САД откако ја запознал.
Двојката почнала да се забавува во 2018 година кога се запознала во клубот на Линдзи Лохан во Миконос, Грција. Тие се вериле во јануари 2021 година, на крајот од мандатот на нејзиниот татко како претседател. Булос ѝ предложил брак на тревникот на Белата куќа со дијамантски прстен вреден 1,2 милиони долари.
Забава
(Видео) Кејт Мидлтон зборуваше за борбата со ракот: Создавате еден вид храброст за време на третманот

Не сте во можност нормално да функционирате дома како што можеби сте биле навикнати, рече принцезата Кејт Мидлотон говорејќи за борбата со ракот.
Принцезата Кејт Мидлтон (43) ја посети болницата „Колчестер“ во Есекс и откри некои непознати детали за својата борба страшната болест.
Кејт објави во март минатата година дека ќе мора да се подложи на хемотерапија кога тестовите извршени по големата операција на абдоменот покажаа дека е присутна неодредена форма на рак.
A very candid moment for the Princess of Wales who is so used to weathering her storms in private:
“You put on a sort of brave face and stoicism through treatment… the treatment is finished ‘it’s like: “I can crack on, get back to normal,” but actually the phase afterwards is… pic.twitter.com/HCijiwO1lA— Canellecitadelle (@Canellelabelle) July 2, 2025
Таа ја заврши терапијата во септември минатата година и сега е во ремисија.
„Создавате еден вид храброст, стоицизам за време на третманот, третманот е завршен, потоа мислите: Можам да продолжам, да се вратам во нормала, но всушност фазата по тоа е навистина… тешка“, рече Мидлтон, како што објави „Ројтерс“.
Обраќајќи се пред персоналот, пациентите и волонтерите во болницата, британската принцеза ја нагласи важноста на поддршката по третманот истакнувајќи дека иако пациентите можеби повеќе не се под клиничка нега, тие честопати сè уште се борат да функционираат нормално.
Кејт ги опиша дијагнозата и третманот на ракот како огромна животна промена и за пациентите и за нивните најблиски.
„Ова е ролеркостер, не е млазен авион“.
Принцезата постепено им се враќаше на своите кралски должности, но минатиот месец ја пропушти коњската трка Ројал Аскот, а кралски извор ја наведе нејзината потреба за одмор по третманот за рак.
„Понекогаш не го препознавате тоа, не мора нужно, особено кога е првпат, да сфатите колку големо влијание ќе има. Мора да ја пронајдете вашата нова нормалност… Но, реалноста е дека не е така, поминувате низ тежок период“, рече принцезата Кејт за време на разговор со пациенти со рак.
За време на посетата на болницата, Кејт посети и градина во која се одгледуваат некои од растенијата што им помагаат на пациентите со рак да ја поминат хемотерапијата и опиша колку природата ѝ значи велејќи: „Тоа беше мое засолниште, мој извор на сила за време на закрепнувањето“.
Забава
(Видео) Шарлиз Терон призна: „Имав секс со 26-годишник, беше неверојатно“

Актерката Шарлиз Терон отворено проговори за својот сексуален живот и за врската од една вечер што ја имала со помлад маж.
Терон се појави во поткастот Call Her Daddy, каде што ѝ кажа на водителката дека таа ноќ ќе ја памети долго време.
View this post on Instagram
„Имав можеби три авантури за една ноќ во целиот мој живот, но неодамна имав секс со 26-годишник. Беше неверојатно. Никогаш порано не сум го направила тоа. Си реков: О, ова е одлично“, рече таа.
Шарлиз исто така рече дека стекнала новооткриена самодоверба кога станува збор за секс во последната деценија, но дека сè уште верува оти е последната личност на која може некој да ѝ се обрати за совет за сексуални врски.