Македонија
Министерот Тодоров во работна посета на Виена
Министерот за здравство, Никола Тодоров, од петок, 24-ти октомври, престојува во работна посета на Виена, каде ќе оствари средба со Јукија Амано, генерален директор на Меѓународната агенција за атомска енергија.
Во рамки на средбата, ќе се разговара за тековната реализација на проектот за изградба на ПЕТ-центар во Република Македонија, која се одвива во соработка со Меѓународната агенција за атомска енергија и со спроведување стручен мониторинг од страна на претставници на Агенцијата, соопшти Министерството за здравство.
Во текот на посетата на Виена, Тодоров ќе го посети универзитетскиот медицински центар, АКХ Виена, каде ќе биде потпишан Меморандум за соработка.
Воедно, министерот ќе оствари средба со врвни професионалци од областа на кардиохирургијата и трансплантацијата, меѓу кои проф. д-р Гантер Лауфер, раководител на одделот за кардиохирургија и проф. д-р Габриела Берлакович, раководител на оддел за трансплантација, во овој реномиран медицински центар.крај/мз
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Снегот се натрупува, движењето по улиците низ Чаир и Бутел отежнато
Движењето на возилата по булевар „Христијан Тодоровски Карпош“ во Бутел е отежнато, а снегот се натрупува. Нема трага ниту од сол на патот, ниту од служби, велат жителите.
Македонија
Забрани за камиони на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан
Забрани за тешки товарни возила на планинските превои Ѓавато, Пресека, Маврово – Дебар и Струга – ГП Ќафасан, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Сопиште и Илинден денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска се планирани два прекини и тоа:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, корисниците на дел од село Добри Дол. (општина Сопиште)
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, дел од корисниците во село Кадино кон црквата Св.Илија, улица 6. (општина Илинден)

