Забава
Поранешна манекенка на чело на нарко картел

За поранешната манекенка Енџи Санселменте Валенсија е распишана меѓународна потерница поради сомнение дека била организатор на еден од најмоќните светски нарко картели, наведува британски „Телеграф“.
За поранешната манекенка Енџи Санселменте Валенсија е распишана меѓународна потерница поради сомнение дека била организатор на еден од најмоќните светски нарко картели, наведува британски „Телеграф“.Манекенката која се прославила со рекламирање на долна облека е осомничена дека ги користела своите колешки за пренос на наркотици низ Европа и Северна Америка. Се верува дека девојките, кои Валенсија ги нарекувала „преубави ангели со невини лица“, освен како манекенки работеле и во бизнисот со дрога.Британскиот весник „Сан“, наведува дека манекенките добивале по 1.300 фунти откако со авион пренесувале торби полни со кокаин до Мексико.Полицијата верува дека Енџи се крие во Мексико или Аргентина. Таа е разоткриена во декември минатата година, откако една 21-годишна манекенка е уапсена на аеродромот во Буенос Ариес, при што кај неа се пронајдени 55 килограми кокаин.Енџи го напуштила манекенството и се преселила од родната Колумбија во Аргентина. Таа, според наводите на аргентинската полиција, била во долгогодишна врска со еден мексикански нарко бос. /крај/бл/сан/ко.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
„2 бона“, Елена Ристеска и Вера Јанковиќ в сабота во Паркот на франкофонијата

Во сабота, 13 септември, со почеток во 19:30 часот ќе се одржи големиот бесплатен музички хепенинг „Нешто што ќе остане“ во Паркот на Франкофонија, во организација на Општина Центар.
На концертот ќе настапат едни од најпознатите македонски изведувачи како Дарио и Миг-21, Елена Ристеска, групата „2 Бона“, Викторија Лоба, Кристина Арнаудова и Барбара Поповиќ. Низ целиот концерт ќе не води урбаната дива Вера Јанковиќ.
Водителката Вера Јанковиќ истакнува дека музиката е доказ дека не сме сами, а музичкиот хепенинг „Нешто што ќе остане“ не асоцира на најдоброто од македонската музичка сцена.
„Драги мои поклоници на македонската музичка сцена, сакам да ви најавам „Нешто што ќе остане“. Тоа ме асоцира на моментот дека музиката е доказ дека не сме сами на овој свет. Нешто што ќе остане, по трети пат, традиционално не асоцира на најдоброто од македонската забавна музичка сцена. И повторно, Парк на Франкофонија овој пат 13 Септември, 19:30 минути. Јас сум Вера Јанковиќ, вашиот водител, домаќин, а се останато што ќе ве изненади таму ќе биде фантазија во која што ќе создадеме уште една ноќ за паметење. Се гледаме, бидете таму!“, порачува Јанковиќ.
Градоначалникот Горан Герасимовски истакнува дека Општина Центар продолжува да вложува во културни настани достапни за сите граѓани.
„Со „Нешто што ќе остане“ создадаваме традиција на заеднички моменти исполнети со музика, радост и култура. Ги поканувам сите скопјани и гости на градот да ни се придружат на оваа прекрасна вечер која ќе остане запаметена“, вели Герасимовски.
Забава
(Фото) Сите зборуваат за патиките на Карлос Алкараз: дали тој е новата модна икона?

Младиот шпански тенисер Карлос Алкараз покажа дека модата може да оди рака под рака со врвниот тенис на теренот.
Во последното финале на Отвореното првенство на САД, Алкараз го победи Јаник Синер, но покрај неговата мајсторија на теренот, тој брзо стана тема и поради неговата облека.
На сите им го привлече вниманието со неговите виолетови патики, како и со неговата маица и шорцеви кои беа во слични нијанси, па затоа не би било изненадувачки ако младата шпанска ѕвезда наскоро стане модна икона.
Алкараз носеше светло розова маичка без ракави и виолетови шорцеви, а целиот изглед беше комплетиран со патики во истата нијанса на виолетова – персонализиран модел Nike Vapor 12, инспириран од патиките Vapor Pro 1 од 2020 година, кои често ги носеше во раните фази од својата кариера.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) По разводот, таа процвета и ја потврди новата врска

Холивудската актерка Џесика Алба одамна не ја крие својата романса со актерот Дени Рамирез, кој е 11 години помлад од неа, но до сега немаше официјална потврда.
Џесика се појави и на финалето на Отвореното првенство на САД заедно со своето ново момче.
Двојката го гледаше возбудливиот натпревар помеѓу Карлос Алкараз и Јаник Синер, во кој Шпанецот победи.
Првите претпоставки дека актерката започнала нова врска дојдоа само пет месеци откако поднесе барање за развод од Кеш Ворен.
Џесика Алба беше во брак со Кеш Ворен 17 години и заедно имаат три деца. Сепак, по разводот, ниту тој не губеше време. Неодамна беше виден со нова девојка, манекенката Хана Сан Доер, која е 21 година помлада од него.
Поранешните сопружници останаа во пријателски односи поради своите деца.
фото: принтскрин