Македонија
АРМ успешно соработува со Националната гарда на Вермонт
Началникот на Генералштабот на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски, во рамките на официјалната посета на Вооружените сили на САД, во средаво Пентагон, се сретна со шефот на бирото на Националната гарда на САД, генерал Франк Грас.
На средбата, генералот Величковски ја оцени партнерската програма која АРМ ја реализира со Националната гарда на Вермонт веќе 20 години, како исклучително успешна за АРМ и која се одвива и во останатите области со Македонија. Искажувајќи благодарност за поддршката, Величковски потсети дека со оваа сеопфатна и динамична програма, во изминативе 20 години, биле опфатени повеќе од 6 илјади припадници на АРМ, кои учествувале во над осумстотини различни активности, семинари, вежби и други форми на обука. Во оваа прилика, генералот Величковски ја потврди заложбата за понатамошно јакнење на соработката на АРМ со НГ на Вермонт, со организирање на обуки и вежбовни активности, како и вклучување во трилатералното партнерство со Сенегал. Тој уште еднаш го нагласи заедничкото распоредување на припадниците на АРМ со припадници на НГ на Вермонт во наменските сили ,,Феникс“ во ИСАФ во 2010 година, како резултат на одличната соработка и стекнатат висока доверба помеѓу двете армии.Генералот Грас искажа задоволство од соработката на НГ на Вермонт со АРМ, која изминативе две децении даде високи резултати и која особено помогна АРМ да ги достигне стандардите на НАТО. Тој ја истакна заложбата за понатамошно јакнење на програмата за соработка и изнаоѓање на нови форми за нејзино проширување.
На состанокот во Пентагон присуствуваше и командантот на НГ на Вермонт, генерал-мајор Стивен Креј./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со мали остатоци од кашест снег на коловозот
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, на некои повисоки места во западните и југозападните делови од државата со мали остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

