Култура
Промоција на поезија од Чандер и Ступица
Продолжувајќи ја плодната соработка со современите словенечки автори, Културна установа Блесок организира двојна промоција на две од најновите свои издани
Вечерва во Арт-кафе Мала станица од 20 часот, со учество на авторите, ќе бидат претставени книгата избрани есеи на Митја Чандер „Ковертиран потег“ (превод на Намита Субиото) и збирката поезија на Луција Ступица „Островот, градот и другите“ (превод на Игор Исаковски). Станува збор за исклучително талентирани автори, родени во почетокот на 1970-тите. Митја Чандер е роден 1974 г. во Марибор. Студирал Компаративна книжевност на Филозофскиот факултет при Љубљанскиот универзитет. Во словенечката книжевна арена влегол во почетокот на 1990-тите. Од 1996-та е уредник на едиција Белетрина при издавачката куќа Штудентска заложба, која ги има изменето концептот на книжевно издаваштво во Словенија. Во 2001-та ја уредил антологијата на словенечката куса проза За што зборуваме, која досега е објавена на 8 јазици, меѓу нив и на македонски (Блесок, 2008). Од 1992-та, Чандер има објавено голем број критички есеи за словенечката и за светската книжевност. За својата работа има добиено неколку значајни награди. Има објавено три збирки есеи: Записи од ноќта (2003), Предели на прозата (2006) и Ковертиран потег (2008). Овој избор содржи есеи од сите три збирки. Во своите есеи Чандер води дијалог со времето, чекорејќи низ пределите на словенечката и светската литература. Луција Ступица е поетеса, родена во Шмарје при Јелшах, а живее и работи во Љубљана. Освен со поезија, се занимава и со уредување на внатрешни простори, пишување статии за архитектура и дизајн. За својот првенец Чело на сонце (2001) ја добила наградата на 17-от словенски книжевен саем за најдобар првенец и наградата „Златна птица“. Потоа ги објавила книгите поезија Ветролов (2004) и Островот, градот и другите (2008).Застапена е во бројни антологии. Избори од нејзината поезија се објавени во превод на хрватски (Pulsiranje, 2006), српски (Čelo na suncu, 2008), и шведски (När avtrycken vaknar, 2009).Песните ѝ се преведувани на германски, англиски, шведски, фински, италијански, полски, шпански, холандски и македонски.Авторите ќе читаат извадоци од своите книги на словенечки. Книгите накусо ќе ги претстави и извадоци од преводите ќе чита уредникот на Блесок, Игор Исаковски.На промоцијата, книгите ќе се продаваат по намалена цена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
„Једен ансамбл“ од Турција в недела во КИЦ
Дирекцијата за култура и уметност на Скопје информира дека во рамките на јубилејното 25-то издание на фестивалот „Есенски музички свечености“ ќе се одржи концерт на „Једен ансамбл“ од Турција на 9.11. 2025 г. (недела), со почеток во 20 часот, во Салон 19.19 (Културно-информативен центар).
На концертот ќе учествуваат: Руи Азиз – каманча, Халил Ибрахим Доѓан – неј, Реџеп Белен – тамбура, Наваф Хамед – канун и Бураг Месробјан – перкусија.
Једен Ансамбл е основан во Виена во 2018 година и организира концерти во различни делови на Европа, специјализирајќи се за класична турска и турска суфиска музика. Групата е единствена во Австрија и една од ретките во Европа со ваков фокус. Репертоарот обединува дела од 10 век до денес, во разни форми и структури, изведени на акустични инструменти како неј, танбура, уд, канун, кеменче и бендир, а понекогаш настапуваат и гостински уметници. Ансамблот изведува инструментални, побожни и вокални форми со соодветни инструменти, а бројот на изведувачи се прилагодува според проектот. Настапуваат во Австрија и низ Европа, вклучувајќи Германија, Унгарија, Чешка и Полска, учествувале на многу меѓународни фестивали, а нивните настапи биле прикажани и на значајни телевизиски канали како ТРТ.
Публиката во Скопје ќе има ретка можност да ужива во извонреден музички спој на историја, духовност и уметничка прецизност, кои го одразуваат богатството на ориенталната музичка традиција, вели организаторот.
Настанот е поддржан од Турскиот културен центар – Институтот „Јунус Емре“ во Скопје.
Култура
Во македонскиот КИЦ во Загреб отворено првото издание на Фестивалот на современата македонска книжевност
Пред бројна публика во македонскиот КИЦ во Загреб беше отворено првото издание на Фестивалот на современа македонска книжевност којшто македонскиот КИЦ го реализира во соработка со реномираната македонска издавачка куќа ,,Македоника литера“ .
Фестивалот го отвори директорката на Македонскиот културно-информативен центар во Загреб, Мими Ѓоргоска Илиевска која истакна дека, целта на Фестивалот е да ја покаже важноста на книжевниот превод како уметнички и творечки чин и како поттик за книжевна размена и културен дијалог. Фестивалот е осмислен како простор за разговор, соработка и нови инспирации на авторите, преведувачите, издавачите и читателите. Тој е отворена културна прилика да им оддадеме признание на оние кои ја создаваат книжевноста, на оние кои ја преведуваат и на оние кои ја читаат и ја сакаат.
Пред присутната публика се обрати македонскиот амбасадор во Хрватска Н.Е. Драган Ѓурчевски кој ја истакна важноста на македонскиот КИЦ за културната македонско-хрватска соработка.
Директорот на издавачката куќа “Македоника литера” , Нове Цветаноски, ги претстави изданијата од хрватски автори преведени на македонски јазик, а од името на хрватските автори се обрати Драго Гламузина, писател и уредник.
Во присуство на авторите беа промовирани и хрватските изданија на книгите „Сезона на глуварките“ од Блаже Миневски и „Чувар на тајната“ од Ранко Младеноски кои неодамна беа публикувани на хрватски јазик. На промоцијата покрај авторите учествуваа и Дијана Бахтијари од издавачката куќа „Тим прес“, Томислав Ровичанац, преведувач, како и Жарко Милениќ, издавач и преведувач. Модератор на промоциите беше Владимир Илиевски.
Книжевниот фестивал треба да придонесе за афирмација на совремната македоснка книжвност и за продлабочувањето на македонско-хрватските културни врски, посебно во полето на книжевноста.
Во рамките на годинашната фестивалска програма беше отворена изложба на книги од хрватски автори преведени на македонски јазик, објавени од Друштвото за издавачка дејност ,,Македоника литера“, која досега има публикувано близу 50 наслови од хрватската книжевност.
На отворањето на првото издание на Фестивалот присуствуваа еминентни хрватски автори, преведувачи и издавачи, истакнати претставници на македонските и хрватските институции и организации во Загреб, бројни загрепчани, Македонци кои живеат, работат или се школуваат во Загреб, студенти на Филозофскиот факултет во Загреб, како и претставници на државната и локалната самоуправа во Република Хрватска.
Вториот ден од Фестивалот продолжува со трибина ,,Хрватско-македонските културни врски низ призмата на книжевниот превод и промоции на академик Горан Калоѓера, проф. д-р Борјана Прошев Оливер и фототипното издание на ,,Бели мугри” од Кочо Рацин.
Култура
Триесет години музика и љубов: „Фолтин“ со концерт во Македонската филхармонија
На 22 Ноемвриво салата на Македонска Филхармонија во оваа за нив јубилејна година 30 години постоење ќе настапи групата Фолтин.
Концертот е во организација на МГ Мјузик Продукција.
Билетите се во продажба на мрежата на Karti.com.mk
Групата “Фолтин” е основана во 1995 година во Битола. Нејзиниот изворен јазик е повеќе уметнички и експериментален, а текстовите се фонетска имитација на неколку природни јазици од медитеранскиот регион, што тие самите го нарекуваат “спонтан есперанто”. “Псевдо-емигрантско кабаре” е нивниот карактеристичен звуковен амалгам на жанрови, од традиционална музика преку електроника до рок, и визуелен израз што вклучува елементи на кабаре и на перформанс. Подоцна, со текстовите на македонски јазик, Фолтин отвора ново поглавје, притоа збогатувајќи ја звучната слика со влијанија од алтернативниот рок или од новиот бран, но сè уште одржувајќи ги врските со традиционалната музика и со концептот на кабаре.
Групата има десетина студиски изданија. Потпишува музика на триесетина театарски претстави и неколку филмови (“Плати и жени”, “Со љубов”, “Исцелител”, “Медена земја” и др.)
Фолтин се:
Пеце Николовски – кларинет, каос-пад, усна хармоника
Пеце Трајковски – електронски акордеон, електрична гитара
Гоце Јованоски – бас
Славчо Јовев – тапани
Бранислав Николов – вокал

