Економија
Литванија заинтересирана за инвестиции во Македонија
На форумот во Вилнус, Литванија, каде премиерот Никола Груевски присуствува со владина делегација од име на домаќините претседателот на Стопанската комора на Литванија, Валдас Сутрус рече дека бизнис заедницата во Литванија е заинтересирана за искористување на потенцијалите за инвестирање кои ги нуди Македонија.
„Сутрус посочи дека литванската Стопанска комора како организација во која се обединуваат 19 бизнис асоцијации и преку 1500 компании смета дека желбата за соработка и можноста за инвестирање која ја нуди Македонија ќе им помогне на литванските бизнисмени да ги искористат бенефициите и поволностите кои ги нуди државата. Тој посочи дека Македонија е добар пример за тоа како се исполнуваат добри предуслови за развој и напредок на бизнисите и секако дека привлекува интерес со инвестициските можности кои се на располагање, и додаде дека како Комора тие ќе ги стимулираат своите членки да направат анализи за искористување на македонските потенцијали во функција на ширење на своето производство и бизнис“, информираат од Влада.
На бизнис форумот учествуваа претставници на повеќе компании од областа на информатичко – комуникациската технологија, прехранбената индустрија, трговијата и туризмот.
Премиерот Груевски ги потенцираше достигнувањата на Македонија на полето на економијата укажувајќи дека она што ја издвојува Република Македонија од останатите земји од Централна, Источна и Југоисточна Европа е нејзиниот брз напредок на листата на најреформски ориентирани земји, според угледниот „Doing Business“ извештај на Светската Банка, и тоа веќе неколку години по ред.
„Република Македонија се наоѓа на дваесет и третата позиција меѓу 185 земји од светот и е највисоко рангирана и оценета за условите за водење бизнис во однос на било која транзициска економија од Југоисточна Европа, а во однос на условите за основање бизнис, Република Македонија се наоѓа на петтата позиција во светски рамки,“ истакна премиерот Груевски.
Премиерот Груевски посочи дека се отвораат уште три технолошко-индустриски развојни зони во Штип, Тетово и втора зона во Скопје, а планирани се уште седум нови зони.
„Тие нудат низа поволности како што се ослободување од данок на добивка и данокот на доход во првите 10 години, даночно ослободување на реинвестираната добивка и ослободување од административни такси. Во зависност од висината на инвестицијата, даваме субвенција за уредување на земјиштето кое се дава под закуп под поволни услови за период до 99 години и обезбедени инфраструктурни погодности, како што е бесплатно приклучување до гас, електрична енергија и комунално поврзување,“ изјави премиерот Груевски во своето обраќање.
Министерот Иво Ивановски ги потенцираше реформите во образованието, како и поволоноста за инвестирање во информатичката технологија. Тој истовремено посочи дека во Република Македонија на литванските бизнисмени им е достапна добро образована работна сила што претставува значајна компаративна предност.
„Драстично се намалени административните процедури за основање и правење на бизнис, компаниите се основаат за само 4 часа, одобренијата за градба се издаваат електронски, а институциите се поврзуваат и обезбедуваат логистика за компаниите и преставуваат нивна значајна потпора“, посочи министерот Ивановски.
Заменик министерот за економија Христијан Делев ги претстави можностите за инвестиции во енергетиката, туризмот и земјоделството, задржувајќи се на поволностите за инвестирање кои Владата ги овозможува во овие сфери и објаснувајќи ги конкретните проекти и можностите за реализација на инвестиции и бизнис во овие области./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

