Македонија
Сиромаштијата најголем проблем за децата

Сиромаштијата е најголем проблем со којшто се соочуваат децата во Македонија, информираат од Првата детска амбасада „Меѓаши“.
Повеќе од 50 отсто од дојавите кои ги добила детската амбасада на СОС телефонот за деца и млади се поврзани со сиромаштијата, односно 55 деца се изложени на несоодветни услови за живот кои им го попречуваат оптималниот раст и развој, како резултат на сиромаштија. „Сето тоа ни дава право да го мобилизираме граѓанското општество, медиумите и државните институции дека децата не можат да ги остварат елементарните права токму погодени од сиромаштијата. Едно семејство за да го пушти детето во училиште мора да биде со уредна облека и обувки, со училишен прибор, а доколку тоа не се исполни ќе бидат дискредитирани и отфрлени од средината“, изјави директорот на „Меѓаши“, Драги Змијанац. Од јануари до декември 2014 година на СОС телефонот регистрирани се 102 контакти, па според овие јавувања сиромаштијата е најголем проблем, потоа следува семејното насилство, бракоразводните постапки и четвртиот проблем е сомнежот за сексуална злоупотреба на децата од страна на близок или познаник на детето-жртва.Шеснаесет деца од вкупниот број на деца потенцијални жртви биле незаштитени и изложени на насилство во своето семејство, петнаесет биле потенцијални жртви на прекршување на правото на детето при бракоразводни постапки, а три деца биле жртви на сексуална злоупотреба или постои сомнеж за сексуална злоупотреба од страна на близок или познаник на детето-жртва.Од 102 јавувачи кои се јавиле во периодот од јануари до декември 2014 година во Првата детска амбасада „Меѓаши“, две се деца, а сто се возрасни лица. Од возрасните лица кои пријавиле случај четири се анонимни, еден случај е произлезен од одредена информација од медиумите и во два случаја дојавувач е правно лице. Според полот, 48 се јавиле женски возрасни, 44 машки, а од децата две машки. Според етничката припадност најголем број се Македонци или 51 дојавувач, 13 Албанци, 19 дојавувачи се Роми и 19 непознати. Најмногу од дојавувачите, односно 69 проценти, се од урбана средина, 17 отсто од рурална, а 14 проценти од непознати места./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Општина Карпош: Го демантираме другарот на Мицкоски, Сотир Лукровски, дека има нерешени 11 000 предмети за легализација, а тој ќе ги решел за две и пол години

„Општина Карпош во целост го демантира другарот на Христијан Мицкоски, Сотир Лукровски, дека во општина Карпош има нерешени 11 000 предмети за легализација и замислете, тој ќе ги решел за две и пол години. Фактите говорат дека општина Карпош од 2011 до 2018 година има примено вкупно 12688 барања и од нив досега се решени 9385, а останати се уште 3303 барања“, велат од општина Карпош.
„Најголем дел од нив се со нерешени имотно-правни и оставински постапки и се чека на завршување на судска постапка, на друг дел е побарана дополнителна документација, и мал дел се во постапка за решавање.
За кандидатура на градоначалник основен услов за кандидатот е да биде добро информиран и да не кажува лаги. Ако кандидатот во кампања кажува лаги, какво ли ќе биде неговото функционирање како Градоначалник!?
Општина Карпош го замолува г-дин Христијан Мицкоски да го едуцира својот кандидат и го замолуваме да не ги вознемирува директорките на градинките и училиштата“, соопшти општина Карпош.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ викендов организира Саем за отчет на градоначалниците

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски, најави дека на 23 и 24 август во хотелот „Холидеј Ин“ во Скопје ќе се одржи Саем – Отчет под мотото „4 години работа за тебе“, на кој градоначалниците од оваа партија ќе го презентираат сработеното во изминатиот мандат.
Настанот ќе почне во сабота во 11 часот со обраќање на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Во текот на двата дена ќе се одржат повеќе панел-дискусии на кои градоначалниците, поделени по региони, ќе ги претстават реализираните проекти.
Секоја општина ќе има и свој штанд на кој граѓаните и новинарите ќе можат директно да се запознаат со постигнувањата на локалната власт.
Во недела програмата ќе продолжи од 10 часот, со панели посветени на темите: „4 години развој и прогрес“, „инфраструктурни инвестиции“, „вклученост на граѓаните во носењето одлуки“ и „меѓународна соработка“.
„Разликата меѓу општините во 2021 и денес е огромна и мерлива. Ветените и реализирани проекти ја покажуваат посветеноста и одговорноста на нашите градоначалници,“ изјави Сајкоски, додавајќи дека со овој отчет ВМРО-ДПМНЕ ја покажува отчетноста и транспарентноста кон граѓаните.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Каде испари Венко Филипче

Има ли Социјалдемократскиот сојуз лидер на партијата или на непочнати избори „кормиларот“ го напушти бродот кој тоне? Каде испари Венко Филипче, се крие ли од македонската јавност или сфатил дека се наоѓа пред дебакл и нема што да понуди?, прашува ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
„Филипче јавноста не го видела цели 20 дена, последен пат во земјава е виден на 2 август за прославата за Илинден во Крушево, а ни претходно нешто не се појавуваше.
Додуша, за волја на вистината, во меѓувреме се појавија фото и видеоснимки како ужива луксузно пловење низ Грција на скапа јахта со неговиот ментор, Зоран Заев за која ни Филипче ни неговата партија, ако е негова, не одговорија со чии пари е купена.
Претходно кога го снема исто Филипче повторно беше со Заев, ама тогаш на друго луксузно патување во Дубаи, од каде што си набавија златни визи, за кои, исто така, не добивме конкретен одговор како се набавени.
Изгледа луксузните забави и бизниси со Зоран Заев на Филипче му се поинтересни и приоритетни, наспроти водењето на партијата.
Или, пак, можеби Филипче уште сега се спрема за дебаклот и големиот пораз кој го чека на локалните избори, па тренира бегање од јавноста?“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.