Македонија
Продолжен рокот за доставување пријави за запишување во Катастар
Од Агенцијата за катастар на недвижности повикуваат сите иматели на инфраструктурни објекти, најдоцна до 24-ти април 2016 година, до катастарот да достават пријави за запишување, односно евидентирање на 40 отсто од инфраструктурните објекти со кои располагаат, а најдоцна до 24-ти април 2018 година да достават пријави за запишување, односно евидентирање на преостанатите 60 отсто од инфраструктурните објекти.
Ова е законската обврска на сите, а по предлог на Владата, Собранието го продолжи рокот за имателите на инфраструктурните објекти кои треба да поднесат барање за легализација на нивните инфраструктурни објекти. „Новиот рок за поднесување барање за легализација на инфраструктурни објекти е 31.12.2015 година и апелирам до сите иматели на инфраструктурни објекти да ја искористат оваа историска шанса за да ги легализираат своите инфраструктури. Причината за продолжување на рокот за поднесување барања за легализација на инфраструктурните објекти е поради тоа што во моментот на донесување на Законот за легализација на дивите градби не постоеше Катастар на инфраструктурни објекти, па поради тоа голем дел од имателите на инфраструктури немаа поднесено барање за легализација“, рече директорот на Агенцијата за катастар, Славче Трпески.Пред шест месеци Агенцијата за катастар на недвижности ги овозможи сите правни и технички услови за запишување на сите типови инфраструктурни објекти. Во катастарот на инфраструктурни објекти денес можат да се запишат инфраструктурните објектиод областа на сообраќајната, водоводната, канализационата, електронско комуникациска инфраструктура и друг вид на инфраструктура.Во моментов според податоците од Министерството за транспорт и врски, вкупно се поднесени 2.592 барања за легализација на инфраструктурни објекти. Во изминатите шест месеци во катастарот се запишаа вкупно 855 инфраструктурни објекти, од кои 80 се водови, односно оптички кабли, бакарни кабли, ски-лифтови и други инфраструктури со вкупна должина од 7.435 км, додека преостанатите 775 се базни станици во сопственост на македонските телекомуникациски оператори.На барање на инвеститорите, Владата пред три дена го усвои предлогот за донесување измени на Законот за катастар на недвижности, со кои ќе се овозможи секое решение издадено од општините или Министерството за транспорт и врски со кое се одобрува изградба на нова инфраструктурна градба (пример Решение за изградба на оптички кабел ), да биде основ за предбележување на инфраструктурата во катастарот. По предбележувањето, Катастарот ќе издаде Лист за предбележување на инфраструктурниот објект, со кој инвеститорот ќе може да го заложи пред деловните банки, со цел да добие дополнителни средства за реализација на инвестицијата. „На овој начин, исто како и кај предбележувањето на згради, очекуваме и предбележувањето на инфраструктурните објекти да придонесе за експанзија на градењето на нови инфраструктури“, рече Трпески.Со сите овие реформи, Агенцијата за катастар на недвижности очекува зголемена динамика за запишување на инфраструктурните објекти./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви и местимично влажни коловози. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има во околините на Гевгелија, до 100 метри Струмица, Неготино и Сарамзалино и до 150 метри Демир Капија, извести АМСМ.
Сите патни правци во државата се проодни.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.
Македонија
Променливо облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Променливо облачно претпладне во западните делови ќе има врнежи од дожд, а попладне услови за дожд ќе има и во источните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб ветер со променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Утре ќе се задржи променливо облачно време наместа со повремен слаб дожд освен во западните делови каде што ќе биде облачно со врнежи од дожд кои ќе бидат со пообилен интензитет (над 15 l/m²). Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Нови врнежи ќе има во недела и почетокот на следната седмица кога ќе настапи заладување со повремени врнежи од дожд, а на планините и во некои од повисоките места од снег.

