Македонија
Поликлиниката Драчево со нов психијатриски кабинет

Во поликлиниката Драчево за првпат е отворен специјалистички кабинет по психијатрија со доктор-специјалист, преземен од приватна во јавна здравствена установа, во рамки на третиот оглас на Министерството за здравство за преминување на доктори-специјалисти во јавното здравство.
Со третиот оглас на Министерството, објавен во месец јуни, во рамки на Здравствен дом Скопје се преземаат вкупно 10 доктори-специјалисти.Кабинетот по психијатрија почна со работа од 27 октомври и веднаш се закажани термини за преглед на пациенти во системот МојТермин. Кабинетот работи секој ден, од 07:30 до 14:30 часот.„Отворањето на специјалистичкиот кабинет по психијатрија овозможува кадровско зајакнување на оваа здравствена установа, како и проширување на здравствената дејност на установата. Воедно, на овој начин се овозможува поголема достапност на оваа специјалистичка услуга до граѓаните од овој регион, имајќи предвид дека кон поликлиниката Драчево гравитираат околу 80 илјади граѓани“ соопштуваат од Минустерството за здравство.Специјалистичкиот кабинет по психијатрија е еден во низата кабинети кои беа формирани во рамки на оваа поликлиника во изминатиот период. Почнувајќи од средината на 2012 година, досега во поликлиниката се отворени: интернистички кабинет; биохемиска лабораторија; кабинет за уво,нос и грло; рендген-кабинет, како и пункт за Итна медицинска помош. Инаку, со претходните два огласи на Министерството за здравство за преминување на доктори-специјалисти од приватно во јавно здравство, во Здравствен дом Скопје се преземени 19 доктори-специјалисти, што заедно со новите 10 доктори од последниот оглас, значи сериозно кадровско зајакнување од вкупно 29 специјалисти, како и можност за отворање на нови кабинети, а со тоа и поголема достапност на специјалистичките услуги до граѓаните./крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ДИК: Вкупно 8.848 болни или немоќни лица денес можат да го остварат своето право на глас

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица, лицата кои се на издржување на казна затвор или се во притвор и лицата кои се пријавиле за гласање а се сместени во установите за вонсемејна грижа, соопшти Државната изборна комисија.
Вкупно 8.848 болни или немоќни лица, како што велат од ДИК, можат да го остварат своето право на глас на овие локални избори.
Со почеток во 7:00 часот во 14 казнено поправни установи, своето право на глас можат да го остварат 2162 лица кои се на издржување казна затвор или притвор.
Од ДИК информираат дека 442 лица сместени во установите за вонсемејна грижа своето право на глас може да го остварат во вкупно 13 центри за вонсемејна грижа.
Гласањeто денес започна во 7 часот утринава, а завршува во 19 часот.
Македонија
Од средината на следната недела ќе биде потопло

Следува период на стабилно време, освен во среда, кога ќе има локални врнежи од дожд. Дневната температура од четврток ќе биде во пораст, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Макималната температура ќе достигне до 16 степени.
Македонија
ОЈО Струга отвори предмет за спомен-куќата на Владо Малески

Основното јавно обвинителство Струга оформило предмет во врска со уривањето на спомен-куќата на Владо Малески, при вршење градежни работи во близина на објектот од страна на лице од Велешта.
Јавен обвинител, како што соопшти денеска Основнот јавно обвинителство, на 16 октомври извршил увид на лице место во присуство на вешто лице од градежната струка.
„Наредено е вештачење, а се преземаат и други дејствија за испитување на околностите под кои се случил настанот“, стои во соопштението на ОЈО.
При изведба на градежни работи на индивидуален објект во старото градско јадро беше срушен јужниот ѕид и дел од кровната конструкција од куќа заштитена како културно наследство.
Министерот за култура најави изработка на проект за обнова и реставрација на спомен куќата на Малевски со цел да се зачува автентичниот изглед и историјскиот дух.