Економија
Доделени концесии за геолошки истражувања на 50 локации
Министерот за економија Ваљон Сараќини ги презентираше резултатите од еден од најголемите Јавни повици, за вршење на детални геолошки истражувања на минерални суровини, на кој беа понудени локации за неметалични и металични минерални суровини, украсен камен и геотермална вода.
„На овој Јавен повик се понудија вкупно 61 локалитет од кои, 25 локалитети за неметалични минерални суровини, 31 за металични минерални суровини, 4 локалитети за минерална суровина-украсен камен и 1 за минерална суровина – геотермална вода, но значајно е тоа што се предвидува доделување на 31 локалитети за истражување на металични минерални суровини. Имено, овој вид на минерални суровини е од големо значење за развој на економијата и индиректно влијае на зголемување на извозот, а покрај домашни компании, концесии за детални геолошки истражувања добија и фирми од Турција, Канада, Австрија, Велика Британија и Бугарија“, информираше министерот Сараќини.
Критериум за вреднување на понудите беше највисоката понудена цена, но не помалку од почетната цена за локалитетот и минералната суровина која е предмет на овој јавен повик пооделно, а тоа е 60.000 денари за неметалични минерални суровини и за украсен камен и 120.000 денари за металичните минерални суровини, како и уредна Тендерска гаранција, според што, концесијата за детални геолошки истражувања ќе му се додели на понудувачот со највисока понудена цена.
„По доделувањето на концесиите за вршење на детални геолошки истражувања од овој Јавен повик, се преминува во наредната фаза на експлоатација, што ќе придонесе за значителни позитивни поместувања во македонската економија, нов свеж капитал, а со текот на времето и нови вработувања“, истакна Сараќини.
Тој информираше дека од овој јавен повик, по основ на еднократно понуден надоместок за добивањето на концесијата за детални геолошки истражувања на минерални суровини, ќе се наплатат околу 45 милиони денари. Од нив, согласно Законот за минерални суровини 78 отсто ќе бидат приход во Буџетот на општината на чија територија ќе се врши концесиската дејност, а 22 отсто ќе претставуваат приход на Буџетот на државата.
Страшо Милковски, директорот на „Гранит“, кажа дека ова е најголем Јавен повик објавен досега воопшто и дека доделувањето на 50 локации за детални геолошки истражувања ќе значи многу во поглед на нови вработувања, поевтин транспорт, а со тоа и побрзо преминување кон фаза на експлоатација. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

