Македонија
Победата на Даниел Кајмакоски и Тамара Тодевска е регуларна
Победата на пејачите Даниел Кајмакоски и Тамара Тодевска на Скопскиот фестивал е регуларна, соопшти во понеделникот попладне Јавното обвинителство.Претходно полицијата започна истрага за наводни местенки на фестивалот.
„Дoсегaшнoтo вештaчење нa глaсaњетo укaжувa нa тoa декa зa првите две местa нa гoдинешниoт Скoпски фестивaл, грaѓaните јa имaaт искaжaнo свoјaтa вoлјa и свoите глaсoви ги имaaт дoделенo нa истите. Oснoвнoтo јaвнo oбвинителствo зa гoнење нa oргaнизирaн криминaл и кoрупцијa прoдoлжувa сo истрaгaтa“ се вели во соопштението на Јавното обвинителство.Сопственик на продукциска куќа и неговиот брат, автор и композитор на песни кој не е во Македонија и сопственикот на фирмата која го организираше телефонското гласање се осомничени дека организирале поголема група на малолетници да испраќаат СМС пораки за да влијаат на изборот на првите три места на фестивалот. Подоцна постапаката беше прекината за еден од пејачите и композитори кој не е во Македонија, но ќе продолжи кога ќе биде донесен во земјава. За измамата со гласањето на фестивалот ќе одговара уште еден пејач кој бил фатен на лице место како гласа.
Официјално се уште не е познато за кои пејачи се гласало.Првото место на фестивалот го освои Даниел Кајмакоски и доби 20.000 евра, второто место го освои Тамара Тодевска и доби 15.000 евра, а третото место и припадна на Евгенија Чанчалова и доби 10.000 евра. За наградите на фестивалот се обезбедени вкупно 45.000 евра од Министерството за култура./крај/со/ффс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Зелениково и Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 10.00 часот, дел од корисниците од улиците Самоилова и Јоаким Крчовски, како и објектот на Музејот на Современа Уметност, општина Центар;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од селата Зелениково, Ново Село, Страхојадица и Смесница, општина Зелениково;
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците лоцирани околу ул. Австралиска бр. 5 во населба Даме Груев, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд
Променливо облачно, претпладне со повремен локален дожд. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Утре во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд, кои во текот на денот насекаде ќе престанат. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониска утринска температура.
Македонија
Ѓорѓиевски отпушти 500 вработени
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека се отпуштени 500 вработени од претпријатијата на Скопје затоа што се месеци, дури и години, не оделе на работа.
„500 лица до денес, се отстранети од работа од претпријатијата во градот Скопје. Тоа се лица кои се платени од парите на скопјани, но не оделе на работа со месеци, дури и години“, објави Ѓорѓиевски.
Тој најави дека секој кој чесно си ја работи работата, ќе биде награден, а оној што не работи ќе биде казнет.
„Тука, нема да има толеранција, а ќе има и одговорност! Секој оној што чесно си ја работи својата работа ќе биде награден, а оној што не работи – ќе биде санкциониран. Ред во Скопје, мора да има! Она што е платено со парите на граѓаните јас мора да го заштитам“, напиша Ѓорѓиевски на „Фејсбук“.

