Култура
Роберт Де Ниро ќе претседава со жирито на 64-ти Кански филмски фестивал
Славниот американски актер Роберт Де Ниро е избран за претседател на жирито на 64-ти Кански филмски фестивал, кој оваа година ќе се одржи од 11-22 мај, се вели во соопштението објавенп во четвртокот на организаторите на фестивалот.„Во 1980-те двапати водев жири на филмски фестивали, и знам дека тоа не е лесна задача, но јас сум многу почестен и среќен што ќе станав претседател на жирито на Канскиот фестивал оваа година“, изјави Роберт Де Ниро, прифаќајќи ја поканата, прнесе АФП.Во својата актерска кариера Де Ниро има одиграно повеќе од седумдесет ролји. За нив беше награден со бројни престижни награди, меѓу кои и со неколку Оскари. Во 1975 г. ја доби „статуетката“ за неговата креација на ликот на младиот Вито Корлеоне во вториот дел од „Кум“ на Френсис Форд Копола, а во 1980 г. за неговиот портрет на боксерот Џек Ла Мота во филмот на Мартин Скорсиз, „Разјарениот бик“.На Канскиот филмски фестивал досега учествуваа осум филмови во кои Де Ниро ги толкува ликовите и два од нив добиле ја добија главната награда „Златна палма“. Во 1976 г., оваа награда ја доби „Таксист“ на Скорсезе, а десет години подоцна беше наградена „Мисија“ на Ролан Жофе.Претседател на минатогодишното жири на Канскиот филмски фестивал беше сонародникот на Де Ниро, филмскиот режисер Тим Бартон. Водејќи го жирито, тој влијаеше многу „Златната палма„ за 2010 г. да му припадне на филмот „Вујко Бунми се присетува на своите минати животи“, на тајландскиот режисер Апичатпонг Вирасатакул./крај/афп/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД што ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.
Култура
Денес е Ден на македонскиот јазик
Петти мај е прогласен за „Ден на македонскиот јазик“. На овој ден во 1945 година, со решение на Народната влада на Федерална Македонија е усвоена азбуката на македонскиот јазик врз принципот еден глас – една буква, а набргу потоа, на 7 јуни 1945, е усвоен и Правописот на македонскиот јазик.
Кодификацијата на современиот македонски стандарден јазик се заокружува со делата на Блаже Конески – Граматиката на македонскиот литературен јазик, Речникот на македонскиот јазик и Историјата на македонскиот јазик.
Култура
Инспиративен настап на SIN PUSTINJE во Битола за Меѓународниот ден на џезот 2024
МКЦ-Битола по јубилеен 10-ти пат го одбележа Меѓународниот ден на џезот во Битола 2024. Во прекрасниот амбиент на кафе барот Порта Џез, Ахмед Буриќ, Дамир Имамовиќ, Тони Китановски и Иван Михајловиќ приредија несекојдневно музичко поетско доживување.
Во проектот станува збор за искуството и интерпретацијата на музиката и поезијата која ги сумира различните интереси и вештини на уметниците кои досега ги познававме од другите жанрови. На концертот Буриќ, Имамовиќ, Китановски и Михајловиќ изведоа дванаесеттина песни од нивниот прв албум, како и некои други делови кои на изведбата во живо му дадоа комплетна форма и магична атмосфера.
Овој концерт по десетти пат ја стави Битола на глобалната мапа на градови кои го одбележуваат Меѓународниот ден на џезот и ги слават вредностите кои тој ги промовира. Битола ја ставаме на иста линија со светските метрополи кои имаат почит кон уметноста како начин на живот и извор на енергија не само за уметниците туку и за обичните граѓани.
Концертот се организира со финансиска поддршка на Министерството за култура и Општина Битола.