Забава
10 совети да ги намалите шансите за депресија

Дали е можно да се спречи депресијата?!
Научниците се сложуваат дека неколку начини на однесување можат да го намалат ризикот од развој на депресијата. Следуваат неколку совети до кои би требало да се придржувате ако сакате да останете со позитивен став.1. Намалете го внесот на рафинирани јаглехидрати за да го спречите зголемено ниво на шеќерот во крвта.2. Зголемете го учеството на производите кои се богати со Омега-3 масни киселини.3. Намалете го алкохолот.4. Намалете го кофеинот.5. Вежбајте. И телото и мозокот.6. Јадете повќе овошје и зеленчук.7. Излезете на свеж воздух.8. Дружете се.9. Засладувајте со мед. Лажичка мед во чај ќе ви го поправи расположението.10. Гответе и чистите. Тоа ќе ви го врати чувството на моќ и способноста да ја контролирате ситуацијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Фото) Мет Дејмон покажа нов изглед на црвениот тепих, го споредуваат со Том Хенкс

Холивудскиот актер Мет Дејмон (54) беше фотографиран на премиерата на филмот Shadow Force во Њујорк. Тој беше придружуван од неговата сопруга Лусијана Баросо, со која е во брак 20 години.
Но, наместо атрактивната 48-годишна избраничка на Дејмон, вниманието го украде новиот имиџ на актерот. Дејмон ја покажа својата густа, проседа коса и брада на црвениот тепих.
Многумина го споредуваат со Том Хенкс во филмот Cast Away. Хенкс го играше Чак Ноланд, кој беше заглавен на пуст остров, а Чак исто така имаше густа коса и брада во филмот.
Но, трансформацијата на Дејмон се чини дека е резултат и на подготовката за улогата, бидејќи Мет ќе го глуми грчкиот херој во претстојниот филм „Одисеја“.
Забава
Елиминирањето на една група храна ќе ви помогне да ги изгубите масните наслаги на стомакот

Иако нутриционистите и лекарите советуваат да не се елиминираат цели групи на храна за да се ослабе, всушност постои една група што треба да се избегне.
Фитнес тренерот Џерард Хол сподели едноставен, но ефикасен совет за оние кои сакаат брзо да ги изгубат масните наслаги на стомакот.
Тој истакнува една клучна навика што може да помогне во намалувањето на два вида телесни масти што се наоѓаат во абдоминалната област – а тоа е исклучување на алкохолот.
„Ако вашиот стомак изгледа подуен, ќе ви покажам како да се ослободите од него. Значи, имаме два вида маснотии што го опкружуваат нашиот среден дел – поткожни маснотии, што е надворешниот слој, и висцерални маснотии, кои ги опкружуваат внатрешните органи“, објасни тој.
Ако имате премногу висцерални масти во абдоминалната област, тие масти со текот на времето стануваат тврдоглави и потешко се отстрануваат. Сепак, со елиминирање или барем намалување на внесот на алкохол, можете да помогнете во елиминирањето на овие масни наслаги.
Џерард го нарекува алкохолот „една од најлошите работи што можете да ги направите ако сакате да се ослободите од висцералните масти“, наведувајќи ја неговата висока калорична содржина и фактот дека е лесно да се пие во прекумерни количини, како клучни причини.
„Алкохолот може да предизвика хаос во вашите хормони, вклучувајќи го и тестостеронот, а може да ве наведе и да правите лоши избори во исхраната. Кога пиете алкохол, вашето тело му дава приоритет на неговото разградување пред согорувањето на мастите, ефикасно запирајќи го секој напредок во губењето на тежината“, нагласи тој.
Забава
(Фото) Пејачката не ја пропушти можноста да го привлече вниманието, Никол беше ѕвездата на вечерта

Никол Шерцингер присуствуваше на големиот моден настан во Њујорк – Мет Гала 2025. Пејачката не ја пропушти можноста да го привлече вниманието на јавноста, а зошто би го пропуштила кога тоа го прави со леснотија.
За фотосесијата, таа избра нестварна креација во форма на сирена, која ја надополни со долга црна наметка. За да го „зачини“ стајлингот, таа ги искористи своите најголеми адути.
Вниманието на јавноста беше насочено кон неа, а некои би рекле дека Никол беше ѕвездата на вечерта. Таа успеа да го пронајде вистинскиот баланс – нејзиното издание не беше ниту вулгарно ниту здодевно.