Култура
Расшколувано знаење

Во рамки на проектот „Расшколувано знаење“ (регионален проект на Контрапункт од Скопје и Теорија која хода од Белград) утре, 15 јануари, 17 часот, преку видео линк од Белград ќе се организира првата сесија на средба и разговор со авторот на ТВ серијата „Видео поимник“, Мишко Шуваковиќ
Оваа прва сесија ќе се одржи во Белград (Магацин у Кралевиќа Марка), а директно ќе биде пренесувана во културниот центар Точка, со можност за директна полемика и разговор со проф. Мишко Шуваковиќ, преку видео линк. Ваквиот формат на процесуирање и размена на знаењата е една од клучните форми за проектот „Расшколувано знаење“, кој ги истражува неформалните, хибридни модели во образованието.Темата на разговорот е: Како да се занимаваме со клучните и карактеристични термини, а не да правиме речник или лексикон на современа уметност; како да им се пристапи на дефинициите, и како да се одредат методите, форматите, постапките, техниките, процедурите и стратегиите на работа.Програмата е отворена за сите заинтересирани, а е иницирана од една од работните групи на официјалните учесници во проектот (групата „Термини“). Тоа е една и од целите на проектот „Расшколувано знаење“ – што пошироко флуктуирање на процесите на стекнување знаења, вон академската средина.За серијата „Видео поимник во уметноста на 20 век“Оваа серија е настаната како продукција на АРТ телевизијата од Белград во периодот 1998 – 2001 година. Серијата се заснова на книгата на Шуваковиќ „Поимник на постмодерната ликовна уметност и теорија после 1950“. Поимникот е замислен како видео репрезентација на дисциплините во рамките на модерната и постмодерната уметност. Користен е ТВ медиумот за презентација на основните концепти и програми на модерната и постмодерната уметност, со особено внимание насочено на презентацијата на интердисциплинарните односи во ликовната уметност, фотографијата, филмот и изведувачките уметности.„Расшколувано знаење“ е партнерски проект на ТкХ (Теорија која хода) платформа за теорија и практика, од Белград и НВО Контрапункт (културен центар Точка) од Скопје, кој се реализира со финансиска поддршка од Швајцарската програма за култура за Западен Балкан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
(Видео) „Убав ден“ – нова песна на Горан Папаз

„Убав ден“ е насловена новата песна на Горан Папаз.
„Посебно сум горд на овој сингл затоа што дел од музиката ја создаде Дамиан, мојот син, а Гоце Симоноски ја заокружи оваа приказна изработувајќи прекрасен аранжман. Вокалите се на Дамиан Папаз и Сара Димитрова“, сподели музичарот.
Песната е снимена и работена во студиото на Димитар Димитров и во студиото на Гоце Симоноски.
Култура
СДСМ: Колку чинат екскурзиите на Љутков во странство со цела свита?

Додека институциите на културата едвај преживуваат, а вработените и понатаму се без исплатени плати, министерот за култура Зоран Љутков, заедно со голема партиска свита, си организираа „дипломатска“ екскурзија во Јапонија, велат од СДСМ преку соопштение.
„Со него се и министерот Тимчо Муцунски со сопругата, генералниот секретар на Владата и уште неколку „културни авторитети“, наводно за поддршка на ансамблот Танец и „јакнење на културната соработка“.
Колку точно лица брои оваа луксузна делегација? Колку народни пари беа потрошени за патувањето во Осака,за авионски билети, сместување, дневници, протоколарни вечери, гардероба и подароци?
И што, всушност, ќе донесат назад во Македонија? Освен албум со селфиња, објави за „успешни средби“ и неколку звучни фрази за „интеркултурен дијалог“?
Врв на иронијата, организирале и изложба посветена на архитектот Кензо Танге, визионерот што го проектираше Скопје по катастрофалниот земјотрес од 1963 година. Истото Скопје кое ВМРО-ДПМНЕ, со истата оваа структура, го изобличи со стиропор и лажен барок преку проектот „Скопје 2014“.
Па кој има образ сега да го слави Кензо Танге, кога неговото дело беше грубо погазено со партиска стиропорна естетика и кич?
Граѓаните заслужуваат одговор: Колку ги чинат екскурзиите на Љутков, колку чини оваа парада? И дали културата е само алиби за туристички луксуз?“, велат од СДСМ.
Култура
Ал Пачино се плаши да го гледа култниот филм од 70-тите

Ал Пачино со децении ја изненадува публиката – не само со неговите прекрасни улоги, туку и со неговите лични преференци и необични изјави.
Иако неговото место меѓу актерските легенди е несомнено, Пачино сепак успева да ги збуни и насмее луѓето со неговото признание дека не ги гледал некои од најважните филмови на сите времиња – дури ни оние што ги направиле неговите поранешни соработници.
Еден таков случај го вклучува режисерот Вилијам Фридкин, човек чии филмови го одбележаа американскиот Нов бран, но и ги поместија границите на она што публиката може да го толерира.
Фридкин е познат по шокантните теми и бескомпромисниот стил на работа, а неговиот филм „Крстарење“ од 1980 година, со Пачино во главната улога, е запаметен по контроверзниот заплет и непријатната атмосфера.
Но, и покрај нивната професионална соработка, Пачино со години избегнуваше да го гледа еден од најпознатите филмови на Фридкин – од страв.
Филмот, кој ја шокираше публиката ширум светот и ја налути црквата, беше познат по долгите редици надвор од кината, луѓето што ги напуштаа кината поради гадење и шокантните приказни од сетот.
„Никогаш не сум го гледал „Егзорцист“.
Иако многу ја ценел работата на Фридкин, Пачино немал храброст да го гледа филмот кој се смета за еден од најстрашните на сите времиња.
Иако не се плаши да ги преземе најпребирливите улоги на екранот, овој филм го избегнува со децении. Но, со оглед на тоа колку длабоко тој филм влијаеше на културата и публиката ширум светот, можеби е само прашање на време кога Пачино конечно ќе одлучи да го види.