Македонија
Адеми се сретна со претседателите на студентските парламенти

Министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, во четврток оствари средба со претседателите на студентските парламенти на државните универзитети во земјата.
На средбата се дискутирало за тековните реформи кои Владата ги спроведува во високото образование, како и за реформите коишто се планирани во периодот што следи.
Министерот Адеми особено се осврнал на идејата за воведување на државен испит на факултетите, за која, како што нагласил, сè уште е во фаза на анализирање и јавна дебата.
Како што се наведува во соопштението на МОН, министерот потенцирал дека се работи за иницијатива базирана на искуства од европските земји, чијашто главна цел е подобрување на квалитетот на високото образование и којашто доколку се реализира, во никој случај не би ја загрозила автономијата на универзитетите.
На оваа прва средба со новиот министер, престедателите на студентските парламенти изразиле подготвеност за продолжување на соработката со ресорното министерство во насока на реализација на взаемните приоритети.
Взаемен став на првите луѓе на студентските организации е дека поддржуваат дебата и активно вклучување на сите засегнати страни во реализирање на идејата за државен испит, а особено на академската заедница, со единствена цел, тоа да биде во корист на студентите, се вели во соопштението на МОН.
На средбата присуствувале и заменик министерот за образование и наука, Спиро Ристовски и државниот секретар во МОН Елизабета Тодоровска.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Претпладне сончево, попладне пороен дожд и грмежи

Времето претпладне ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне променливо облачно, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град, информира УХРМ.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје, променливо облачно, попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во текот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град.
Македонија
Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од ул. 103 – Волково во близина на кружниот тек во Волково, во општина Ѓорче Петров;
– во периодот од 09.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од ул. 100 и 21 во село Волково, во општина Ѓорче Петров;
– во периодот од 09.00 до 15.30 часот, дел од корисниците од село Сопиште (ул. 14 и ул. 16 кај Св. Мина) во општина Сопиште.
Македонија
Вицепремиерот Николоски во работна посета на високо ниво на Велика Британија

Потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, од попладнево е во дводневна работна посета на Обединетото Кралство, каде ќе оствари работнa средбa со Герет Томас, министер за бизниси, извоз и услуги, средба со министерот за Европа, Стефан Доти, како и со Дејм Карен, специјален пратеник на премиерот на Велика Британија за Западен Балкан. Исто така предвидени се средби и со претставници од бизнис заедницата во Лондон.
Тема на работните средби е зацврстување на стратешката соработка меѓу Република Македонија и Обединетото Кралство.
Предвидено е на средбите да се разговара за економската и трговска соработка со посебен фокус на инвестиции во инфраструктурниот сектор.
Покрај економските теми, ќе се потврдат и добрите политички односи меѓу двете земји.
Обединетото Кралство е стратешки партнер на Република Македонија во НАТО Алијансата и земја на второ место со која остваруваме најголем обем на трговска размена.