Контакт

Вести

Медиуми: Асистентката на Клинтон работела за радикален муслимански весник

Објавено пред

Помошничката на кандидатката на Демократската партија Хилари Клинтон на ноемвриските претседателски избори во САД, Хума Абедин, работела за радикален муслимански весник, пишува американскиот весник The New York Post (NYP).

dobivaj vesti na viber

„Главниот асистент на предизборната кампања на Хилари Клинтон, жена која може да стане идниот шеф на кабинетот на Белата куќа на првата жена претседател на САД, во период од десет години работела како уредник на радикален муслимански весник, кој се противи на правата на жените и ги обвинува САД за терористичките напади од 11-ти септември“, пишува њујоршкиот весник и забележува дека повеќето од извршителите на тие напади беа саудиски државјани.тоа што

Според податоците на NYP, Абедин работела како помошник на уредник во саудискиот весник Journal of Muslim Minority Affairs, каде што главен уредник е нејзината мајка.

Весникот забележува и дека насловот на една од нејзините статии „Правата на жените – исламски права“, објавена во 1996 година, потсетува на изјавата на Клинтон за време на конференцијата на ОН за положбата на жените во светот, која се одржа во 1995 година во Пекинг- „Правата на жените – се човекови права“. Во својот напис Абедин, особено, инсистира дека „самохраните мајки, вработените мајки и истополовите двојки со деца не треба да се сметаат за семејства“, наведува NYP.

Кога станува збор за обвиненијата на САД за терористичките напади од 2001 година, мајката на Абедин се изјаснува дека „САД биле осудени на терористичкиот напад од 11-ти септември поради тоа што воспоставија санкции против Ирак, и поради другите неправди, наводно натоварени на муслиманскиот свет“, пишува уште американскиот весник кој забележува дека статиите во тој десетгодишен период биле исполнети со омраза.

NYP забележува дека споменатиот весник во кој работела помошничката на Клинтон ја промовира строгата интерпретација на исламскиот шеријатски законик, која повикува на обезглавување како казна, бара жените целосно да ги покриваат своите тела и лица и се залага за смрт на „неверниците“ во сопствена интерпретација на терминот.

„Сметам дека нејзиното име, едноставно, било ставено во импресумот на весникот во тој период“, изјави портпаролот на Клинтон, Ник Мерил само неколку часа откако NYP ја објави бомбастичната сторија. „Таа не играла никаква улога во уредувањето на весникот“, додаде.

Мерил тврди дека Абедин само фигурирала и не била вработена во весникот Journal of Minority Muslim Affairs чиешто седиште е во Саудиска Арабија.

Дипломираната на журналистика на Џорџ Вашингтон Универзитетот, 40-годишната Абедин, била претставена како „помошник уредник“ во изданието во периодот од 1996 до 2008 година, кога нејзиното име е отстрането од импресумот и таа работела за Хилари Клинтон во Стејт департментот.

Нејзиниот брат е наведен како уредник соработник, како и сестрата која е вработена како помошник уредник. Мајката на Абедин, Салеха Махмуд Абедин којашто по потекло е од Пакистан, и натаму е главен и одговорен уредник на весникот.

Од NYP истакнуваат дека портпаролот на Клинтон во неколку наврати одбил да одговори на прашањето дали Абедин била платена за време на нејзиниот ангажман во весникот.

Мерил, исто така, одбил да каже дали Хилари Клинтон, која заштитата на правата на жените го направи еден од централните делови на својата кампања, имала сознанија за позицијата на нејзината долгогодишна соработничка во изданието или за нејзините екстремистички ставови.

Њујоршкиот весник вели дека двете биле многу блиски уште од 1996 година, кога Абедин честопати во американските медиуми била опишувана како „втората ќерка“ на Клинтонови, кога таа била практикант во Белата куќа доделена на тогашната прва дама на САД.

Оттогаш Абедин работела за Клинтон и на нејзината кампања за Сенатот, како и за Фондацијата Клинтон, а сега е потпретседателка на можниот претседателски кабинет./крај/мф/сн

Извор: The New York Post



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

Исплатите од ИПАРД програмата привремено прекинати поради проверка на законитоста

Македонија преку структурите и органите за управување на средствата од ИПА/ИПАРД донесе одлука за времен прекин на исплатите на средствата...

Македонија6 часа

Пендаровски му одговори на Фрчкоски: Никогаш не сум мешетарел, тоа го прават други кои се занимаваат со кафеанско озборување

Поранешниот претседател Стево Пендаровски ја отфрли изјавата на Љубомир Фрчкоски дека мешетари во СДСМ и дека има улога во можни...

Топ7 часа

Приведена жена од Кавадарци поради напад врз своето 6-месечно бебе

Утрово, околу 6 часот, полицијата во Скопје приведе 23-годишна девојка од Кавадарци, која се сомничи дека ноќеска, околу 00:37 часот,...

Македонија7 часа

„’Вреди’ до Јаневска“: Непознавањето на албанскиот јазик не треба да води до фрустрација

Вчера, за време на јавен настап, министерката за образование, Весна Јаневска, во два или три наврати изрази незадоволство од комуникацијата...

Македонија7 часа

Половина од младите во Македонија не веруваат дека земјата некогаш ќе стане членка на ЕУ

Повеќе од 46 отсто од младите во Македонија не веруваат дека земјата ќе стане членка на Европската унија, покажува новиот...

Македонија8 часа

Граѓаните да бидат внимателни и да не отвораат лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ, предупредува МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека до неколку граѓани од страна на сторители што лажно се претставуваат во име на...

Македонија10 часа

Комисијата за историски прашања е алиби за моментно многу комплицираните односи меѓу Бугарија и Северна Македонија, вели Димитров

Комисијата за историски прашања со РСМ е еден вид алиби за моментно многу комплицираните односи меѓу Бугарија и Северна Македонија,...

Свет12 часа

Турција сака безбеден премин за 200 цивили заробени во тунелите во Газа

Турција се обидува да обезбеди сигурен премин за околу 200 цивили заробени во тунелите во Газа, откако го олесни враќањето...

Свет13 часа

Сенатот постигна договор: заврши најдолгата блокада на буџетот во историјата на САД

Американските сенатори постигнаа привремен договор со кој ќе се стави крај на буџетската парализа што блокираше некои јавни услуги рекордни...

Европа13 часа

(Видео) Зеленски: За разлика од целиот свет, јас не се плашам од Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека, за разлика од многу западни лидери, не се плаши од Доналд Трамп и ги...

Свет13 часа

(Видео) Супертајфун ги погоди Филипините: бројот на жртви расте, еден милион луѓе принудени да се евакуираат

Супертајфунот Фунг-вонг ги погоди Филипините вчера, при што загинаа две лица, а еден милион луѓе беа принудени да се евакуираат...

Европа14 часа

(Видео) Нов напад врз Крим: погоден важен руски складиштен објект за нафта

Украинските војници во неделата нападнаа руско складиште за нафта во близина на селото Гвардејское на окупираниот украински полуостров Крим, објави...

Европа14 часа

(Видео) Судир на возови во Словачка, десетици повредени

Два воза се судрија ноќеска во Словачка откако едниот се удрил во задниот дел на другиот, при што се повредени...

Македонија22 часа

Ѓорѓиевски: За два дена од Скопје се исчисти над четири и пол илјади тони отпад, скопјани имаат човек на кој може да се потпрат

Над четири и пол илјади тони отпад или четири до пет пати повеќе од секој вообичаен викенд што се собирало...

Топ23 часа

Пијан возач од Турција направи хаос во Аеродром

Полицијата објави фотографија од сообраќајката што се случила синоќа на улицата Матеја Матевски во Аеродром, кога возач на „БМВ 5“...

Македонија1 ден

Ѓорѓиевски со предупредување до граѓаните, ќе се казнува секој што ќе фрла отпад

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, објави дека акцијата за чистење „72 часа“ се одвива одлично, со цел градот да...

Македонија1 ден

Таткото на едно од девојчињата загинати со „Пулс“ објави видео од нејзиното последно излегување од дома

Александар Наунов, таткото на трагично загинатата Надица, една од 63-те жртви во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, сподели видео...

Македонија1 ден

Јаневска: Следната година нема „прогледување низ прсти“ ако директорите не нарачаат учебници на време

Директорите на училиштата треба многу сериозно да си ја сфатат работата дека се должни да ги почитуваат законите и да...

Македонија1 ден

„Супорт Кочани“ собра 11 милиони денари од донации за настраданите од „Пулс“, државата им наплати 1 милион денари данок

Околу 11 милиони денари се распоредени од заедничката сметка за донации од граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“. Од граѓанската иницијатива велат...

Македонија2 дена

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

Во Кочани денеска родителите на жртвите од пожарот во дискотоеката „Пулс“ одржаа нов „Марш за ангелите“, упатувајќи порака до правосудните...