Култура
Скопје прави музика

Со зборовите на големиот Marley: Кога музиката ќе погоди болката исчезнува. Ајде заедно да го прославиме празникот на музиката под мотото ‘Скопје, прави музика!‘. И засвири…
И Скопје ќе го прослави меѓународниот ден на музиката. Под мотото Скопје прави музика на 21 јуни, професионални и аматерски бендови на повеќе од десет 10 локации во главниот град на музичка манифестација ќе имаат свои изведбиОд пладне до доцна во ноќта музика ќе ечи од Стоковна куќа Мост, Скопска Чаршија; на Градскиот Плоштад пред „Пелистер“„Бик“ на улица Македонија; Младински Културен Центар; Ѓорче Петров; Рамстор и Геолошки Институт.На оваа манифестација ќе настапат Оливер Јосифовски Трио, Тони Китановски, Танго Банда, Јордан Костов Бенд, претставници на Хип-Хоп сцената и Драм енд бејз, градски дувачки оркестар, и многу други звучни имиња од повеќе музички жанрови.Оваа интернационала манифестација се организира во повеќе од 120 земји ширум светот.Затоа што 21 Јуни е празник на музичарите… Затоа што сакаме жива музика на градските улици… Затоа што и аматерите може да учествуваат… Затоа што кој сака може да се приклучи… Затоа што првиот ден од летото е прекрасен.Бендовите означени со *** ги повикуваат сите што сакаат да им се придружат и засвират со нив.Ако се чувствувате храбри, бујрумте си и засвирете, пред Стоковна Куќа Мост а.к.а. пред Менада – Локацијата е наместена и отворена од 15:00 со тонец, разглас и микрофони…. Инаку настапуваат:19:00 Салеман19:45 Две Локални Акустични Гитари20:30 Бомзич21:00 Symon Says + MC Арени Мусаши22:00 *** Hip-Hop Freestyle & Open Mic натпревар Дрвата пред Пелистер а.к.а ‘Сакам да свирам на плоштад‘ – Локацијата е наместена и отворена од 14:00 со тонец, разглас и микрофони… Ако се чувствувате храбри, бујрумте си и засвирете. Инаку настапуваат:15:00 *** Mushu and the Cage16:00 *** Јордан Костов и ensemble moderne18:00 *** Ајдаред19:00 *** DJ Mistique20:30 *** Substandard Трио21:30 *** Филип Стевановски Quartet Плато пред МКЦ а.к.а Канал 103 – Локацијата е наместена и отворена од 17:00 со тонец, разглас и микрофони… Ако се чувствувате храбри, бујрумте си и засвирете. Инаку настапуваат:19:00 Свирачиња19:45 Undone20:30 The John (acoustic)21:00 К.У.Р + Тотално Опуштање22:45 *** String Forces + Recession Session12:15 Дисфилхармонија Рамстор18:00 “Мандолински Оркестар”18:30 Женски Младински Хор Геријатријски Центар18:00 Танго Банда ул. Македонија кај ‘бик‘-от21:15 Градски Дувачки Оркестар Повеќе за секој од нив има на: http://www.facebook.com/pages/Skopje-pravi-muzika/128687687142795?v=app_2344061033Повеќе за самиот празник т.е. Fête de la Musique на: http://www.fetedelamusique.culture.fr/site-2010/?page_id=550
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Инвестиции за заштита на културното наследство и развој на културниот туризам, најавија надлежните

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, заедно со стручниот тим од Заводот и Музеј – Струмица, денеска реализира работна посета на општините Дојран и Гевгелија, со цел увид во тековните и во планираните проекти од областа на културата и културното наследство.
Во Стар Дојран беше извршен увид во црквата „Св. Илија“, значаен објект од 19 век, со висока историска, архитектонска и духовна вредност. Министерството најавува продолжување на активностите за конзервација и реставрација на овој објект, кој претставува симбол на духовното и на културното наследство на регионот.
Особено внимание оваа година е посветено на капиталниот проект за изградба на музеј на вода преку реконструкција на праисториска наколна населба на Дојранското Езеро. Во тек се заштитни археолошки истражувања на локалитетот Мрдаја, а основниот проект за изградба на музејот се очекува да почне во 2026 година. Идејниот проект е изработен од Заводот и Музеј – Струмица.
Музејот, кој ќе биде поставен директно на површината на езерото, ќе функционира како жив музеј на отворено, со висока едукативна и туристичка вредност. Со ваквиот пристап Дојран добива можност да се позиционира како водечка дестинација за културен и археолошки туризам во поширокиот регион, најавија од Министерството.
Во рамките на посетата на Гевгелија беше извршен увид во реализацијата на проектот за целосна реконструкција на Старата чаршија, заштитено културно наследство од XIX век. Вредноста на инвестицијата изнесува над 40 милиони денари, а проектот опфаќа: реставрација на фасадите на старите дуќани, поплочување со гранит, поставување нова урбана опрема и осветление, целосна реконструкција на подземната инфраструктура.
Со завршувањето на проектот Чаршијата ќе ја задржи својата автентичност, а истовремено ќе се трансформира во современо културно-туристичко јадро, привлечно и за жителите и за посетителите.
Вечерва, во рамките на посетата, министерот за култура и туризам Зоран Љутков ќе присуствува на фестивалот „Вкуси го југот“.
Како носител на титулата град на културата, Гевгелија се етаблира како центар на културни настани, фестивали и манифестации, кои значајно придонесуваат за развојот на локалната економија, туризмот и културниот живот во регионот.
Култура
Љутков: Нашата цел е јасна, да го заштитиме и обновиме „Македониумот“

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, заедно со стручните екипи од НУ Завод и Музеј – Прилеп, денес оствари теренска посета на споменикот „Македониум“ во Крушево – еден од најзначајните културни симболи на македонската историја.
Реконструкцијата на споменикот започна уште во 2014 година, кога беа реализирани низа значајни активности – санација на потпорни ѕидови, обнова на фасади, антикорозивна заштита, реконзервација на архитектонски елементи, како и внатрешни конзерваторски зафати и истражувања. Но, во 2017 година, сите активности беа прекинати, скелето беше симнато, а објектот остана незаштитен, со што последиците од таа негрижа се очигледни и денес, истакнуваат од министерството.
Минатата година, како што информираат, Министерството, во координација со Заводот и Музеј – Прилеп, подготви проект за интервентна заштита на објектот во вредност од 2,5 милиони денари, чија реализација ќе започне во текот на оваа година. Паралелно се работи и на подготовка на сеопфатен проект за целосна реконструкција и конзервација на споменичниот комплекс, кој се очекува да биде финализиран до средината на 2026 година. По изработката на документацијата и обезбедувањето на сите потребни дозволи, ќе отпочне реализацијата на овој капитален зафат.
„Нашата цел е јасна – да го заштитиме и обновиме ‘Македониумот’. Тој не е само архитектонски објект, туку симбол на македонскиот идентитет, историја и борба. Како Влада и како Министерство за култура и туризам, остануваме цврсто посветени на заштитата и унапредувањето на културното наследство, кое е наш стратешки приоритет,“ изјави Љутков.
Култура
(Видео) Oмилените филмови на Стивен Кинг

Мајсторот на хоророт, Стивен Кинг, е познат по своите темни романи и адаптации што го обележаа светското кино, но и по фактот дека редовно ги споделува своите омилени серии и филмови со публиката.
Стивен Кинг, познатиот мајстор на трилери и хорор, сподели листа од своите 10 омилени филмови на платформата X. Оваа листа, која ги исклучува филмовите адаптирани од неговите дела, дава увид во кинематографскиот вкус на авторот кој го обликувал хорор жанрот.
Избраните филмови вклучуваат класици од различни жанрови, од трилери и драми до комедија и научна фантастика. Кинг истакна дека листата не е по одреден редослед, нагласувајќи го богатството на квалитетни филмови достапни за публиката.
“Sorcerer”
“Godfather 2”
“The Getaway”
“Groundhog Day”
“Casablanca”
“Treasure of the Sierra Madre”
“Jaws”
“Mean Streets”
“Close Encounters of the 3rd Kind”
“Double Indemnity”