Македонија
Темелковски: Македонија спаѓа во еден од најчувствителните региони на влијанијата на климатските промени
Македонија спаѓа во еден од најчувствителните региони на влијанијата на промените на климата, истакна заменик министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски, на отварањето на работилницата „Адаптација кон климатските промени”, која, во организација на Светскиот фонд за природа (WWF), во четврток и петок се одржува во Скопје.
Истакнувајќи дека зачестените поплави и екстремните временски случувања претставуваат доказ за чувствителноста и ранливоста на овој регион од глобалното затоплување, Темелковски потенцираше дека голем дел од тековните активности на нашата држава се насочени кон постигнувањето на глобално зададената цел – сите држави да се движат кон т.н ниско-емисиони или т.н. „зелени“ економии и да ги поднесат своите т.н. контрибуции за постигнување на оваа цел до крајот на 2015 година на Светскиот Самит во Париз.
„Работиме на анализа на различни сценарија за изградба на „зелена“ економија и резултатите ќе бидат преточени во политички документ кој ќе го усвои Владата на РМ пред Самитот. Но, потребно е да истакнеме и дека нашите држави спаѓаат во еден од најчувствителните региони на влијанијата на промените на климата, така што предмет на нашите анализи се и секторите кои се најчувствителни на промените. Во нашите национални извештаи се идентификувани најранливите сектори (тоа се секторите водни ресурси, биолошка разновидност, земјоделие, шумарство, туризмот, културното наследство, здравјето на луѓето) и се предложени мерки за намалување на нивната ранливост“, рече Темелковски.
Но, додаде, она што е клучно во адаптацијата кон климатските промени е вградувањето на прашањето на климатските промени во релевантните секторски стратешки, плански и програмски документи како на национално ниво, така и во документите на регионално ниво.
Работилницата обезбеди екпертиза со широк спектар на знаења на учесниците за управување со катастрофи и адаптација кон климатските промени што е добар предуслов за квалитетна оценка на моменталната состојба и адресирање на приоритетни прашања од областа со цел заштита на природата и подобрување на националните системи за конзервација на природата и биолошката разновидност.
Работилницата е организирана во рамки на проектот „Парковите на Динарската верига“, кој има за цел создавање на платформа на заштитените подрачја која ги поврзува сите паркови на природата и националните паркови од Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Косово, Македонија, Словенија и Србија.
Република Македонија во рамки на овој проект го потпиша документот „Big Win for Dinaric Arc” со што имаме учество во проектот.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Кузеска: Обвинителството да постапи за скандалот од 9 милиони евра
Бараме Јавното обвинителство да постапи за големиот корупциски скандал со тендери од речиси 9 милиони евра, доделени на фирма со само двајца вработени, изјави Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.
„Јавно и детално, пред граѓаните, со факти и докази веќе ја презентиравме целата корупциска шема. Сите докази се јавно достапни, објавени, проверливи и повеќе од доволни за старт на истрага. Поднесовме и пријава до Државната комисија за спречување на коруцпија. Јавното обвинителство не смее да молчи туку да делува. Крадењето на народот преку корупциски шеми за пумпање на парите мора да запре и да следува одговорност“, рече таа.
Кузеска кажа дека станува збор за 9 милиони евра пари на граѓаните кои треба да завршат кај граѓаните, а не по џебовите на врхушхата на власт и во Белата палата.
„Власта на големо спроведува грабеж преку шема за испумпување на народните пари. Ова се истите шеми на Никола Груевски и Сашо Мијалков, со кои се испумпаа 2 милијарди евра пари на граѓаните. Мицкоски само го продолжува тоа што го научил од неговите учители“, рече Кузеска.
Македонија
Во прекин сообраќајот на ГП Богородица од грчка страна поради штрајк на земјоделците
Од 11:15 часот сообраќајот на ГП Богородица (од Грчка страна) е во прекин (блокиран) за секаков вид на возила поради штрајк на земјоделци, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2026 година. Повеќе информации може да прочитате на овој линк.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
„Време е да ги почитуваме разликите, наместо да ги негираме“: Сиљановска-Давкова на Меѓународниот ден на лицата со попреченост
Претседателкатa Гордана Сиљановска Давкова се обрати на настанот „Аbility awards“, што во пресрет на 3. Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост се одржа во организација на платформата „Абилитист“ којашто се бори за инклузија на овие наши граѓани.
Според претседателката, надминувањето на предизвиците е заедничка должност и одговорност да се гради општество во кое достоинствениот живот не е само етички идеал, туку реална човечка потреба, потсетувајќи дека промените не зависат само од индивидуални напори, туку од континуирана посветеност и координираната работа на надлежните сектори.
Таа го поздравува „Ability Awards 2025“ како просветителски проект со којшто им се оддава признание на 10 личности со попреченост чии професионални и лични достигнувања се доказ за релативизирање, па дури и бришење на попреченоста преку знаењето, емоционалната интелигенција и творечката умешност. Според неа, неопходни се правни и институционални решенија што препознаваат и овозможуваат непречено изразување на различните човечки потенцијали.
За неа, подеднакво важно е наградувањето на 10-те компании за развојот на иновативни и инклузивни практики. „Нивната работа покажува дека економскиот сектор може да биде значаен промотор на културни и структурни промени, особено кога пристапноста на секој субјект кон секој објект и ресурс е стратешка инвестиција што води сметка за правичноста и еднаквоста на шансите, но и можностите”, потенцираше таа.
На настанот претседателката му ја додели наградата „ИМПАКТ – Подигање на јавната свест“ на Марко Пејчиновски кој, за неа е симбол на храброст, дисциплина и младешки дух што ја претвора љубовта во инспирација за сите негови врсници.

