Забава
Кинески доктор ги извишува пациентите
Хирурот Баи Хелонг практикува своја метода со која им помага на пациентите кои се незадоволни со својата височина, а за 15 години оперирал околу три илјади луѓе од целиот свет правејќи ги повисоки, пренесува AFP
Баи Хелонг ги извршува операциите врз пациенти кои имаат наполнето 14 години, а горната граница за неговата метода е 55 годишна возраст. Тој вели дека повеќе од половината пациенти се решиле за операција само од естетски причини, без да имаат какви и да се здравствени потешкотии.
Доктор Хелонг работи во скроман клиника во предградие на Шангај каде ја применува својата метода која ја развива две децении со која ги продолжува коските во потколеницата правејќи ги повисоки пациентите. Во текот на операцијата докторот ги препилува коските на потколеницата и фибулата но притоа не ја опфаќа коскената срж. Седмица по операцијата коските почнуваат да се регенерираат а протезите изработени од титаниум и никел кои се околу половина килограм се ставаат од внатрешната страна на ногата на пациентот. Следните четири месеци, докторот секојдневно ги проширува протезите за да можат коските постапно да се продолжуваат.
„Потребни ни се четири месеци за да се добијат 6 до 8 сантиметри. Потоа потребни се уште четири месеци за да може да прооди пациентот“, вели Хелонг.
И во минатото имало обиди за изведување операции со кои луѓето ќе се направат повисоки, а првата таква е изведена во поранешниот Советски сојуз во 1950-те, но и тој како и другите имале катастрофални последици. При овие операции коската на ногата бил пресекувана на три места, а била оштетувана и коскената срж. Протезата тогаш се ширела за 1 до 1,5 милиметар дневно, додека Хелонг таа должина ја смалил на половина. Претходно по операциите пациентите честопати имале една нога подолга од другата, а многу чести биле и инфекциите.
Кинескиот хирург тврди дека неговата метода која чини 11 илјади долари е сосема безбедна за пациентот. Меѓутоа, опоравувањето од операцијата е долготрајно а пациентот прво е целосно а потоа и делумно неподвижен.
„Ниските луѓе имаат многу проблеми, во семејстовото, во друштвото, на работата. Се чувствуваат инфериорнии имаат психички проблеми, Запознав некои луѓе кои дури сакаа да се самоубијат“, објаснува д-р Хелонг што го натерало да ја развива оваа метода за продолжување на коските кај луѓето со што ќе ги направи повисоки.
Сепак, кинеското министерство за здравство не ги смета за легални овие операции. Тоа во 2006 г. на локалните власти им испратило препорака во кои им советува да ги забранат сите операции со кои се извишуваат пациентите, освен ако не се условени со медицински проблеми, односно ако има деформитетит. Сега од министерството, не дале одговор дали оваа забрана се уште е на сила, а хирургот Хелонг уште е член на Киенското здружение на ортопеди.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Вратата ја удри Ријана, нејзината реакција стана хит
Поп-ѕвездата Ријана доживеа мала незгода при излегување од хотел во Њујорк, кога вратата ја удри бидејќи телохранителот не ја придржал. Ситуацијата е снимена и видеото брзо се прошири на социјалните мрежи.
Ријана реагираше во свој стил – се насмеа и му дофрли на телохранителот: „Баш сте џентлмен“. На интернет се отвори дебата – некои сметаат дека тој требало да ѝ помогне, други дека тоа не е негова работа. Сепак, повеќето се согласија дека пејачката само се пошегувала.
Rihanna reacts to being hit by a door after her bodyguard fails to hold it:
“Such a gentleman you are.”
— Buzzing Pop (@BuzzingPop) January 17, 2026
Забава
(Видео) Хурем и Сулејман повторно заедно – по 12 години од серијата, блеснаа на црвениот тепих
По 12 години од крајот на снимањето на популарната серија Сулејман Величествениот, актерите Мерјем Узерли (Хурем) и Халит Ергенч (Сулејман) се појавија на ист настан — доделувањето на наградите Joy Awards во Ријад, Саудиска Арабија.
Мерјем блескаше во долга, богато украсена креација на Khaled & Marwan, наликувајќи на вистинска султана. Со изборот на облека таа ги испочитува културните норми на земјата-домаќин.
View this post on Instagram
На настанот присуствуваа и светски ѕвезди како Мили Боби Браун (која доби признание за личност на годината) и пејачката Кејти Пери, која ја отвори церемонијата.
Мерјем и Халит се најдоа во исти кадри и на видеото кое актерката го објави на стори на „Инстаграм“, што дополнително ги разгоре шпекулациите за нивната блискост.

Халит Ергенч се појави на настанот со својата сопруга, актерката Бергузар Корел, со која денес имаат три деца и заедно ја надминале брачната криза од минатото.
Фото насловна: „Сулејман величествениот“ – промотивен материјал
Забава
Директорот на „Рајанер“ и Илон Маск си разменија навреди: „Тој е идиот – многу богат, но сепак идиот“
Јавна расправија со навреди изби меѓу Илон Маск и извршниот директор на „Рајанер“, Мајкл О’Лири, откако О’Лири во интервју за ирското радио „Њусток“ го нарече Маск идиот и ја нарече неговата социјална мрежа „Икс“ – септичка јама. Причина за конфликтот е одлуката на „Рајанер“ да не ја користи ви-фи услугата „Старлинк“ во своите авиони.
„Тој е идиот – многу богат, но сепак идиот“, рече О’Лири.
Маск реагираше на „Икс“, нарекувајќи го О’Лири целосен идиот и побара да биде отпуштен. Во друга објава додаде: „Отпуштете го овој имбецил“, обвинувајќи го дека погрешно ги проценил ефектите на „Старлинк“ врз потрошувачката на гориво.
Во расправијата се вклучи и официјалниот профил на „Рајанер“ на „Икс“, кој го исмеа Маск поради прекин на платформата: „Можеби вам ви треба ви-фи, @elonmusk?“
perhaps you need Wi-Fi @elonmusk? https://t.co/eq82qcLqKv
— Ryanair (@Ryanair) January 16, 2026
О’Лири изјави дека „Старлинк“ не е практичен за нискобуџетните летови на кратки релации, бидејќи надворешните антени ја зголемуваат аеродинамичната отпорност и трошат повеќе гориво – до 2 проценти повеќе, што би чинело стотици милиони долари годишно.
Маск ги оспорува овие податоци, тврдејќи дека веќе постојат авиокомпании кои летаат со авиони опремени со „Старлинк“ и дека високобрзинскиот интернет ќе стане пресуден за изборот на патниците.

