Контакт

Македонија

Студентите порачаа: Кај што завршува стравот, започнува слободата

Објавено пред

Мирно и без инциденти заврши студентскиот протестен марш против воведувањето на државен испит. Студентите поднесоа барање до Владата испишано на шест страници на кое, како што изјавија, е објаснето зошто бараат укинување на оваа мерка на Владата.

dobivaj vesti na viber

Нивното барање било примено во архивата во Владата, па студентите очекуваат да бидат разгледани нивните барања и да не бидат игнорирани.Маршот заврши со порака „Кај што завршува стравот, започнува слободата“ и со најава дека ако не бидат прифатени нивните барања, повторно ќе се соберат за да го изразат својот револт.Студентите пристигнаа пред Владата со скандирање „Екстерно за владата“, „Сега ќе нè чуете“ „Ние сме силата“ и побараа властите да прифатат дека протестите се натпартиски.„Се надеваме дека ќе наидеме на разбирање дека некој конечно ќе нè чуе, дека ќе прифатат дека нашите протести се натпартиски, искрени и добронамерни. Критиката е добра и не е злонамерна. Ако се земе во предвид дека од 2008 година до денес имало 12 интервенции, измени и дополнувања на Законот за високото образование, станува јасно дека е потребен посериозен пристап, поинклузивен процес во кој ќе се слушне гласот на стручната фела, академскиот кадар, студентските организации и истражувачките центри што би резултирало со поквалитетен Закон со систематско решение, па не би било неопходно така често да се интервенира експериментално“, изјави студент од „Студентскиот пленум“ пред Владата.Побараа од власта да ја запре оваа мерка и да пристапат кон сериозни реформи во образованието.„Ние сме бунтовни, ние сме решителни, брзи реформи слепи студенти раѓаат. Ова е политика на неконзистентност во високото образование. Ова се реформи кои се експериментални и тие ќе предизвикаат значителна штета врз квалитетот на студентите. Ние вака функционираме, колку повеќе заокружувања толку повеќе аргументи, колку повеќе аргументи толку попаметни и поумни, колку повеќе притисок, толку порешителни. Да ве интересираше квалитетот немаше да барате партиски книшки при вработување, ќе ги баравте нивните дипломи. Доколку сте искрени и чесни, ќе ја запрете оваа мерка и ќе пристапите кон сериозни реформи во високото образование“, изјави студент.Протестот започна на пладне пред платото на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.

Додека студентите се собираа на факултетите беше испратен апел за мирен протест, без говор на омраза и навреди, без партиски транспаренти.Пред да тргнат, на студентите им се обрати нивната колешка Зорица Димитрова која порача амфитеатрите да бидат единствено место каде што ќе се проверува знаењето. Таа порача дека тие како студенти во ваква ситуација имаат одговорност да реагираат, да се изборат „за избор, за слобода, за достоинство“. На средношколците кои беа присутни им порача да не дозволат да им го одземат достоинството, а на професорите кои им дадоа поддршка им се заблагодари. „Оние, пак, кои останаа во своите кабинети, оставаме да разговараат со нивната совест“, порача студентката.Анастасија Петреска од Студентскиот пленум порача дека со колективна казна нема позитивни промени во образованието. „Пленумот бара наместо државен испит, разгледување на акредитациите што им се дадени на универзитетите и студентските програми и ако тие не се добри, да се укинат. Кога министер излегува со изјава дека јавна тајна е дека во Македонија се купуваат дипломи, вината е нивна и тие треба да ги разгледаат лошите одлуки што ги донеле. Со колективна казна не можеме да направиме позитивни промени во образованието“, изјави Петреска.На студентите им се приклучија и нивни колеги од сите националности, за да покажат дека проблемот ги засега сите националности, не само Македонците.„Задоволни сме што кон маршот се приклучија и нашите колеги Албанци од Тетово, но и од други националности, што значи дека маршот почна да се разбира сериозно, а реформата што се предлага само ќе ни смета во нашето студирање. Екстерното ќе нè погоди сите“, вели Саранда Арифи, студентка на Правниот факултет „Јустинијан Први“.Маршот продолжи пред Собранието, каде што голем број граѓани ги пречекуваа студентите со аплауз и поддршка. Продолжија пред Владата, каде студентите го завршија маршот со интересен перформанс. Сите во еден глас ја испеаа „Скопје, радост ти ќе бидеш“.Ова е втор протестен марш на Студентскиот пленум. Студентското списание „Излез“ објави дека анонимен граѓанин, до нивната редакција го доставил предлогот за државен испит на Министерството за образование и наука од 31.10.2014 година кој како допис е испратен до претседателот на Интеруниверзитетската конференција, проф. д-р Велимир Стојковски.Интересно е што во овој допис веќе се споделува информацијата дека полагањето на државниот испит ќе се однесува на генерациите запишани на студиската 2016/2017 година и нема да има ретроактивно дејствие.На јавноста информацијата дека државниот испит ќе важи за идните студенти, првпат и’ ја соопшти премиерот Никола Груевски во интервју за Дневникот на ТВ Сител, дваесетина дена подоцна по првиот студентски марш.Според предлогот кој го објави магазинот, предвидено е државниот испит студентот да го полага само еднаш во кварталот на академската година, при што само првите три полагања се бесплатни.„Доколку студентот не успее да го положи државниот испит трипати по ред, наредните пријавувања за полагање се на товар на студентот“, се вели во информацијата.Министерот изјави дека не знае зошто протестираат студентите, кога сè уште нема концепт и модел за државниот испит.Премиерот Никола Груевски, пак, ја обвини опозицијата дека стои зад протестите за студентите и дека студентите биле излажани дека станува збор за екстерен испит, а не за само уште еден, државен испит, поделен на два дела./крај/мф/ффс

Се вчитува прикажувачот на видео…

Извор: Макфакс

Македонија

Без струја денеска дел од Илинден и Центар

Објавено пред

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:

dobivaj vesti na viber

· во периодот од 08:00 до 13:00 часот, корисниците од улицата 8, улицата 18, општина Илинден;

· во периодот од 08:30 до 12:30 часот, корисниците од Хотел Буши, дел од улицата Самоилова, дел од улицата Јоаким Крчовски, дел од улицата Прохор Пчински, дел од улицата Алберт Станиќ, општина Центар.

Прикажи повеќе...

Македонија

Дел од Центар денеска без вода

Објавено пред

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата 8 -ма Ударна Бригада 39, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, вклучително и објектот на Амбасадата на Р.Италија, општина Центар.

dobivaj vesti na viber

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Наутро ведро и студено, во текот на денот сончево

Објавено пред

Наутро ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.

dobivaj vesti na viber

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.

Времето во наредните денови

Следува период на стабилно и суво време со постудени утра и со услови за утринска магла по одделни котлини. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Дневните температури ќе бидат без значителна промена.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет24 минути

Протекоа пораките меѓу Ендру и Епштајн: „Не можам повеќе да го поднесам ова“

Поранешниот принц Ендру Маунтбатен-Виндзор им рекол на Џефри Епштајн и Гислејн Максвел: „Не можам повеќе да го поднесам ова“ кога...

Свет35 минути

Мајка и ќерка во Австралија се преправале дека се видовити: измамиле луѓе за 46 милиони долари

Мајка и ќерка се уапсени во Австралија под сомнение дека се дел од една од најсофистицираните шеми за измама во...

Европа1 час

Британија ја гради својата прва мала нуклеарна електрана: ќе биде во северен Велс

Велика Британија денес објави дека го избрала северен Велс како локација за својата прва нуклеарна електрана со мал модуларен реактор...

Свет1 час

Боинг мора да им исплати 28 милиони долари на семејството на жртва од авионската несреќа

Поротата на федералниот суд во Чикаго во средата наложи Боинг да исплати повеќе од 28 милиони долари на семејството на...

Свет1 час

(Видео) Трамп потпиша договор: се стави крај на најдолгата блокада на владата на САД во историјата

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша закон со кој се става крај на најдолгото затворање на владата во историјата на САД,...

Свет14 часа

Песков: Москва гледа дека Европа се подготвува за војна со Русија

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, денес изјави дека Москва гледа дека Европа се подготвува за војна со Русија. „Москва...

Македонија16 часа

Стареењето на населението и иселувањето на младите – предизвици со кои се соочува Фондот на ПИОМ

Реформата на пензискиот систем сама по себе придонесе во подобрувањето на состојбите, но предизвици има сѐ уште, изјави директорот на...

Македонија19 часа

„На државата ѝ недостигаат добри хотели“ – Николоски бара поедноставување на процедурите за градба

На државата ѝ недостигаат добри хотели и време е да ја поедноставиме процедурата за нивна изградба, изјави вицепремиерот и министер...

Македонија19 часа

Новите цени на струјата од РКЕ ќе се знаат на почетокот на декември: МЕПСО бара поскапување од 0,67 отсто

До крајот на месецот или на почетокот на декември Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) ќе ги знае цените за струјата...

Македонија21 час

Ѓорѓиевски бара да одговараат и лицата што примале плата, а не оделе на работа, но и оние што им потпишувале плата

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски разговарал со претставниците на финансиската полиција во врска со обвинувањата кои ги изнесе за...

Македонија22 часа

Фондацијата „Роми за Европа“ бара правда и системска акција по случајот со насилство врз 8-годишно дете во Македонија

Фондацијата „Роми за Европа“ со седиште во Брисел изрази длабока загриженост по објавено видео од Македонија на кое се гледаат...

Култура22 часа

Почина поетесата д-р Славица Свидерска

Друштвото на писателите на Македонија со длабока тага информира дека денеска, на 12.11.2025 година, почина поетесата Славица Свидерска (1984, Битола)....

Македонија23 часа

Со емотивно видео семејствата на загинатите во „Пулс“ најавија нов протест в сабота во Скопје, следната недела почнува судењето

Здружението на граѓани „16-ти Март“ – кое го создадоа семејствата на жртвите во трагедијата која се случи во дискотеката „Пулс“...

Свет23 часа

Украина го разреши министерот за правда поради корупциски скандал

Украинската влада привремено го разреши од функцијата министерот за правда Герман Галушченко, објави УНИАН. Премиерката на Украина, Јулија Свириденко, ја...

Македонија23 часа

(Видео) Николоски: Засилено работиме на реконструкција на обиколницата кај Крива Паланка

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави видео од реконструкцијата на обиколницата во Крива Паланка....

Свет23 часа

(Видео) Трамп: Никој не знае што се магнети

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно се најде во центарот на вниманието, овој пат со бизарна изјава за магнетите за време...

Свет24 часа

Израел сруши повеќе од 1.500 згради во Газа од почетокот на примирјето

Израел сруши повеќе од 1.500 згради во областите на Газа што ги контролира од почетокот на прекинот на огнот со...

Свет1 ден

Кинескиот претседател и шпанскиот крал Фелипе ги зајакнуваат врските, Мадрид сака кинески инвестиции

Кинескиот претседател Кси Џинпинг му соопшти на шпанскиот крал Фелипе VI дека втората по големина економија во светот сака да...

Европа1 ден

Британец намамувал девојчиња преку „Снапчат“ и ги силувал: осуден на 28 години затвор

Висок раководител на британскиот здравствен систем, опишан од судија како „лукав, интригантен и манипулативен“, е осуден на 28 години затвор...

Свет1 ден

(Видео) Тајфунот Фунг-вонг донесе поплави во Тајван, илјадници евакуирани

Тајван евакуираше повеќе од 8.300 луѓе пред доаѓањето на многу ослабениот тајфун Фунг-вонг, кој донесе обилни дождови на планинскиот источен...