Македонија
Повеќе од 1.000 потврди за намера за барање азил издадени викендов
Во текот на изминатиот викенд, врз основа на измените и дополнувањето на Законот за азил, Министерството за внатрешни работи издало 1.209 потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање право на азил во Македонија на странските државјани кои илегално влегле на нашата територија.
Во периодот од 19-ти јуни до 6-ти јули 2015 година, издадени се потврди на вкупно 8.595 странски државјани, од кои, 6.688 се од машки пол, 1.081 се од женски, 790 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 36 деца на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.Најбројни се државјаните на Сирија – 5.911, потоа Авганистан – 743, Ирак – 485, Пакистан – 366, Сомалија – 268, Конго – 238, Палестина – 221, додека останатите се во помал број. Од започнувањето на издавањето на потврдите, до Одделението за азил се поднесени 13 барања од сириски државјани за азил, од нив четири за деца.Надворешната канцеларија за криминалистички работи – Гевгелија до Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе кривична пријава против 44-годишниот С.К. од селото Конче, за кој постои основано сомнение дека сторил кривично дело „тешка кражба“.Пријавениот, во саботата во периодот од 13 до 14 часот искористувајќи ја згодната прилика т.е отсуството на сириски државјанин,пред поголем број на очевидци на јавно место одзел два црни ранци, сопственост на оштетениот и неговиот другар кои биле оставени кај локомотивата наспроти железничката станица. По извршување на делото, пријавениот ги однел во неговиот дом во Гевгелија. Имено сирискиот државјанин кога стигнал во полициската станица на железничка станица во Гевгелија во 13 часот чекал на ред за добивање потврда со намера за барање азил во полицијата, ги оставил двата ранци кај семејство од Сирија кои биле сместени во паркот наспроти железничката станица, со цел да им ги причуваат. Откако по еден час се вратиле по ранците, дознале дека семејството од Сирија нивните ранци им ги оставиле во паркот и заминале. Потоа сретнале неколку очевидци и добиле опис на осомничениот, го пријавиле настанот, па заедно со претставници од УНХЦР се упатиле кон неговиот дом. Пријавениот е лишен од слобода и ранците и паричните средства кои биле во нив се пронајдени и вратени на оштетените.Во Прифатниот центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 6 јули 2015 година се евидентирани вкупно 33 баратели на азил, од кои 25 баратели на азил се мажи, една жена и седум се малолетни лица. Од вкупниот број на баратели на азил кои се присутни во Прифатниот центар, евидентирани се двајца со повреди на долните екстремитети, седум малолетни лица без придружба на старател, а нема бремени барателки на азил.Изминативе два дена, трите мобилни екипи пружија прва помош на вкупно 385 лица,од кои 41 интервенции се извршени во Табановце, а останатите на граничниот премин Гевгелија и железничката станица. Реализиран е транспорт на 12 лица од граничен премин до општата гевгелиска болница. Дистрибуирани се 278 шишиња вода, 22 ќебиња, 17 кутии двопек, 15 УНФПА пакети, и 67 пакувања пелени./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Тошковски на проштална средба со амбасадорката Агелер: САД остануваат клучен стратешки партнер во безбедноста
Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Панче Тошковски, денеска оствари проштална средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави во Македонија, Ангела Агелер.

На средбата, министерот Тошковски изрази благодарност за нејзината посветеност, професионалност и континуирана поддршка на реформските процеси, со посебен акцент на унапредувањето на безбедносниот систем и јакнењето на институционалните капацитети. Тој ја истакна значајната улога на амбасадорката Агелер во продлабочувањето на соработката меѓу двете држави, особено во областа на внатрешната безбедност, владеењето на правото и борбата против организираниот криминал и корупцијата.

Министерот упати благодарност и до Амбасадата на САД за силната и континуирана поддршка на Македонија, нагласувајќи дека Соединетите Американски Држави се стратешки партнер и важен сојузник во зајакнувањето на безбедноста, стабилноста и евроатлантската ориентација на државата. Во тој контекст, беше потенцирана и одличната соработка меѓу Министерството за внатрешни работи и американските институции преку заеднички проекти, обуки и размена на експертиза.
Македонија
Средба на министерот Муцунски со раководството на Сојузот на стопанските комори на Македонија
Во рамки на серијата работни средби насочени кон унапредување на економската дипломатија и поддршката на извозот, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари работен состанок со раководството на Сојузот на стопанските комори, предводено од претседателот Горан Ѓорѓиевски.

На средбата се разговараше за интензивирање на соработката преку организација на тематски трговски посети на приоритетни пазари, обезбедување логистичка поддршка при значајни бизнис посети во државата, како и за промоција на извозните капацитети на домашните компании пред дипломатскиот кор. Посебен акцент беше ставен на унапредување на комуникацијата и соработката на домашните компании со дипломатско-конзуларните претставништва во странство, известуваат од Министерството.

Фокусот на институционалните активности е насочен кон системска поддршка на компаниите со извозен потенцијал, со цел поттикнување на додадената вредност во економијата и создавање услови за одржлив економски развој.
Македонија
Никаде во Европа нема ваква корумпирана Влада, техничка влада мора да остане, бараат од СДСМ
„Споредбите со земјите од ЕУ како аргумент за укинување на техничката влада се класична манипулација. Никаде во Европа нема ваква корумпирана влада“, велат од СДСМ.
„Тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ не ја сака техничката влада, затоа што кога ќе влезе министер од опозиција, ќе има увид во сите документи, во сите злоупотреби во целиот коруптивен систем.
Скандалот со ИПАРД 3 и злоупотребите на европските пари, за кои е приведен директор од ВМРО, се уште еден пример дека влез на опозициски министер ќе значи отворање и на другите криминални шеми во министерството.
Од тоа се плаши тендер коалицијата. Не сакаат техничка влада, затоа што тоа ќе значи отворање на пандорината кутија на криминалните тендери.
Без техничка влада не може да има праведни избори, нема контролен механизам и нема фер избори и затоа мора да остане“, соопшти СДСМ.

