Забава
Двегодишно дете тежи над 40 килограми

Двегодишно дете од Кина тежи неверојатни 41,5 килограми.
Двегодишно дете од Кина тежи неверојатни 41,5 килограми. Девојчето Панг Ја кога се родила била само малку потешка од просечно новороденче – имала четири килограми. Но, во првите две години од животот, детето нафрлило алармантна количина килограми. Со осум месеци тежела дури 20 килограми, што е просечна тежина на првоодделенец. „Лекарите не успеваат да ја откријат причината за нејзината дебелина, која многу не загрижува“, изјавија родителите, при тоа додавајќи дека нивната ќерка јаде многу повеќе во споредба со другите деца. /крај/ин/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео/фото) Најсекси настанот на годината: ангелите на „Викторија сикрет“ се подготвуваат за пистата

Ноќта на 15 октомври, Њујорк се одржа традиционалната ревија на долна облека на познатиот бренд „Викторијас Сикрет“ за 2025 година, еден од најочекуваните модни настани во годината.
Како и обично, доаѓа во последните месеци од тековната година, а по пистата прошетаа некои од најпознатите имиња во светот на манекенството и најпознатите „ангели“, како што се Адријана Лима, Алесандра Амброзио, Ирина Шајк, Кандис Сванепул, Бехати Принслу, Бела Хадид, Емили Ратајковски и многу други.
Зад сцената, пред ревијата на пистата, имаше опуштена атмосфера исполнета со дружење и смеа, а најубавите и најзгодните жени во светот зрачеа со самодоверба пред спектаклот кој повторно постави стандарди со порака за славење на убавината во сите нејзини варијации.
Тајра Бенкс се врати на пистата по две децении отсуство, додека Шер, Лиза и Тајла беа задолжени за музичкиот и сценскиот спектакл.
фото: принтскрин
Hitech
„Чат ГПТ“ ќе може да се користи за генерирање еротска содржина

„Опен АИ“ објави планови за ублажување на ограничувањата на својот четбот „Чат ГПТ“, вклучително и дозволување еротска содржина за потврдени возрасни корисници, во согласност со она што компанијата го нарекува „третирај ги возрасните корисници како возрасни“.
Планот на „Опен АИ“ вклучува објавување ажурирана верзија на „Чат ГПТ“, што ќе им овозможи на корисниците да ја приспособат личноста на нивниот ВИ (вештачка интелигенција) асистент – вклучувајќи опции за поприродни, „човечки“ одговори, поинтензивна употреба на емотикони или попријателско однесување. Најзначајната промена се очекува во декември кога „Опен АИ“ планира да воведе посеопфатен систем за верификација на возраста, што би дозволил еротска содржина само за корисници што потврдиле дека се полнолетни. Компанијата не објави веднаш детали за методите за верификација на возраста или дополнителни заштитни мерки за таква содржина.
Во септември „Опен АИ“ лансира специјална верзија на „Чат ГПТ“ за корисници под 18 години, која автоматски пренасочува кон содржина соодветна за возраста и блокира експлицитен и сексуален материјал.
Компанијата исто така објави развој на технологија што ја проценува возраста на корисникот врз основа на тоа како комуницира со „Чат ГПТ“.
Во објава на „Икс“, извршниот директор на „Опен АИ“, Сем Алтман, рече дека построгите заштитни мерки воведени поради проблеми со менталното здравје го направиле четботот „помалку корисен и забавен за многу корисници што немаат проблеми со менталното здравје“.
Построгите безбедносни контроли беа воведени откако Адам Реин, тинејџер од Калифорнија, изврши самоубиство оваа година; Неговите родители поднесоа тужба во август, тврдејќи дека „Чат ГПТ“ му дал конкретни совети за тоа како да го направи ова. Само два месеци подоцна, Алтман изјави дека компанијата успеала во ублажување на сериозни проблеми со менталното здравје.
Федералната трговска комисија на САД (FTC) исто така почна истрага за неколку технолошки компании, вклучувајќи ја и „Опен АИ“, за тоа како четботовите со вештачка интелигенција може негативно да влијаат врз децата и тинејџерите.
Забава
Почнува „ПМГ рекордингс-фестивал 14“ во МНТ и во „Јавна соба“

Од 16 до 18 октомври, љубителите на новиот звук ќе се сретнат во Јавна соба и МНТ, каде ќе се одржи „ПМГ Рекордингс Фестивал 14“ – тридневен музички настан, кој носи современа фузија на електроника, поп, поезија и трап.
Фестивалот започнува утревечер, 16 октомври, во 21 часот во Јавна соба, со настап на Александар Велики, кој ќе го отвори фестивалот со динамичен концертен настап со интелигентна мелодичност и танцова атмосфера. Истата вечер ќе настапат и Donplaya & Prince$$ Donatsu, највлијателното трап-дуо од Битола, чии уникатен израз ги спојуваат музиката, уметноста, рапот и комедијата, оставајќи силен белег врз новата генерација.
Влезот на настанот е бесплатен.
Втората фестивалска вечер, на 17 октомври, ќе се одржи на малата сцена во МНТ со почеток во 20 часот и ќе биде посветена на електронската музика во дијалог со поезијата. L.O.V.D ќе ја претстави својата авторска електронска продукција во живо, додека Поетроника, проектот на Оливер Митковски и Андреја Салпе, кој во поетско-звучен амбиент на уникатен начин ја претставуваат македонската поезија придружена од електронска музика. Вечерта ќе ја заокружи Blackstate, со моќен настап што ги спојува синт попот, експерименталната електроника и хардкор-панк естетиката во моќен музички израз за сложените емоции на современото време.
Билети: mnt.mk
Големото финале следува на 18 октомври во Јавна соба, со настап на хрватскиот MANGROOVE – еден од најреномираните поп-состави во регионот, кои првпат ќе настапат пред македонската публика. Нивниот настап ќе биде кулминација на фестивалот, исполнет со енергија, свежина и емотивност. Вечерта ќе ја отвори Марија Каева, со својот електро-поп настап преполн со синглови и мелодии од албумот „Фортуна“.
Билети: bileti.drugastrana.mk
„ПМГ Рекордингс Фестивал“ го основа Мирко Попов во 2008 година. Со 13 реализирани изданија, фестивалот ја поддржи и промовира новата и квалитетна музичка продукција. Подготовките за 14-то издание започнаа во 2023 година со Попов, а годинашнава реализација е резултат на работата на тимот на фестивалот, заедно со музичарите и партнерите, со програма посветена на неговиот роденден.
Фестивалот се реализира со поддршка на Министерството за култура и туризам, во организација на здружението „Крај Вардарот“, а партнери се Јавна соба и Македонски народен театар.