Забава
Оси што ќе го спасат светот
Тие се толку мали што најголем дел од луѓето никогаш не ги забележале, меѓутоа малите инсекти познати како „вуду оси“ ќе бидат регрутирани како војници во борбата со штетниците во земјоделството
Ова е дел од грандиозниот проект чијашто основна цел е да се зголеми производството на храна во 21 век. Возрасните примероци на осите се долги само еден-два милиметри, но имаат способност да ги парализираат и да ги уништуваат другите инсекти, меѓу кои и некои од најголемите непријатели на растенијата што ги одгледува човекот. Осите дејствуваат со вшприцување на отровот со нивното осило во телото на листојадните инсекти. Научниците денес веруваат дека наскоро ќе успеат да регрутираат огромни армии од „вуду оси“ кои ќе трагаат по растителните штетници и ќе ги уништуваат со интензитет кој ќе овозможи зголемување на продукцијата во земјоделството без потреба за загадување на пошироката околина со пестициди. Истражителите успеале да го дешифрираат целосниот геном на три видови од паразитските оси, што ќе доведе до развој на моќни нови начини за користење на овие ситни инсекти против голем број штетници кои секоја година уништуваат милијарди тони вредни земјоделски производи. Во природата постојат повеќе од 600.000 видови паразитски „вуду оси“ кои веќе имаат многу важна улога како природни регулатори на популацијата на инсектите. Сепак, научниците веруваат дека декодирањето на нивните геноми отвори врата кон нови и подобри начини за нивна употреба со специфичните пестициди. – Декодираните геноми имаат огромна улога во контролата на штетниците во земјоделството. Многу луѓе, всушност, не сфаќаат колку зависат од ситните оси што ги заштитуваат нашите приноси и секоја година ни овозможуваат заштеда од милијарди долари, изјави претставник од тимот кој работи на овој проект. Научниците уште наведуваат дека ако се искористи целиот потенцијал на „вуду осите“, тие дефинитивно ќе станат поповолна опција од хемиските пестициди, кои убиваат многу поголем дијапазон на организми, од кои дел се полезни за околината. Истражувањата со паразитските оси даваат и надеж дека со нивна помош ќе остварат подобра заштита од заболувања кај човекот што се пренесуваат со инсекти бидејќи ќе може да се организира контрола на бројноста на опасниот инсект, наместо научниците да се концентрираат на лечење на заболувањето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(ФОТО) И на 40 години во врвна форма: Роналдо повторно ги воодушеви фановите
Кристијано Роналдо повторно ги воодушеви фановите со фотографија објавена на Инстаграм, на која позира без маица во црни боксерки, покажувајќи ја одличната физичка форма и на 40-годишна возраст.
„По сауна“, напиша кратко Роналдо под фотографијата направена во теретана. Ова не е првпат фудбалската ѕвезда да објави вакви фотографии, со кои редовно ја истакнува дисциплината, тренинзите и начинот на живот по кои е препознатлив.
View this post on Instagram
Забава
Леонардо ди Каприо никогаш повторно не го гледал „Титаник“
Актерот Леонардо ди Каприо ги шокираше фановите со признанието дека никогаш повторно не го погледнал „Титаник“, филмот што во 1997 година го лансираше во светска слава и ја обележа цела една генерација.
Ди Каприо за тоа зборуваше во разговор со Џенифер Лоренс во емисијата Actors on Actors, пренесува „Варајети“. За време на опуштениот разговор, Лоренс директно го праша: „Дали некогаш повторно го погледна ‘Титаник’?“
Ди Каприо без размислување одговори: „Не. Не сум го гледал.“
Лоренс се изненади и му рече: „Па, треба да го гледаш! Се кладам дека сега би можел да го гледаш, навистина е добар.“
„Јас всушност не ги гледам моите филмови. Ти ги гледаш ли твоите?“ ја праша Ди Каприо колешката.
„Не“, одговори Лоренс низ смеа. „Никогаш не сум снимила нешто како ‘Титаник’. Да сум, сигурно ќе го гледав. Еднаш бев многу пијана и го пуштив ‘American Hustle’. Се прашував: ‘Дали јас сум добра актерка?’ Го пуштив филмот… и не се сеќавам на одговорот.“
Ди Каприо слично признание дал и претходно. Во август, за списанието „Есквајр“, изјави дека ретко ги гледа своите филмови, но дека постои еден исклучок.
„Тоа е ‘Авијатичарот’. Тој филм ми беше особено важен“, рече актерот, присетувајќи се на соработката со режисерот Мартин Скорсезе и на неговиот долгогодишен интерес за ликот на Хауард Хјуз.
Филмот „Титаник“, во режија на Џејмс Камерон, стана еден од најуспешните филмови во историјата, а Ди Каприо во него глумеше заедно со Кејт Винслет.
„‘Титаник’ беше голем експеримент за Кејт и за мене“, изјави Ди Каприо уште во 2016 година. „Не можевме ни да замислиме колку голем ќе стане филмот. Сè тоа нè изненади.“
Тој додаде дека по тој успех морал да забави и да се врати на своите актерски цели.
„Знаев дека од мене се очекува нешто одредено, но сакав да останам верен на себе и на причината поради која воопшто почнав да глумам“, порача Ди Каприо.
Забава
Од февруари ќе се наплаќа пристап до фонтаната ди Треви
Од 1 февруари, туристите ќе мора да платат две евра за да добијат пристап одблиску до фонтаната ди Треви во Рим, една од најпознатите туристички атракции во градот. Бесплатен пристап ќе имаат само жителите на Рим, додека разгледување од далечина ќе остане без надомест.
Градоначалникот Роберто Гвалтиери изјави дека со оваа мерка се очекува годишен приход од околу 6,5 милиони евра. Наплатата е дел од поширок план со кој од 1 февруари ќе се воведат влезници и за уште пет локации во градот, со цена од пет евра.
Фонтаната ди Треви ја посетуваат во просек околу 30.000 луѓе дневно, а градските власти ја оправдуваат мерката со пренатрупаноста и проблемите со џепчии. Само во периодот од 1 јануари до 8 декември, просторот пред фонтаната го посетиле околу девет милиони туристи.
Традицијата на фрлање парички во фонтаната продолжува.

