Контакт

Култура

Кинотека со специјална февруарска програма

Објавено пред

Кинотеката на Македонија ќе ја почне Февруарската програма вечер со проекција на филмот „Изгубени во преводот“ на Софија Копола од 2003 година, кој ќе биде прикажан и утре.

dobivaj vesti na viber

Во четврток и петок на филмската програма е американскиот „Седум“ во режија на Дејвид Финчер, снимен во 1995 година, а на 6-ти и 7 февруари – францускиот филм „Пакт со волците“ на Криштоф Ганс од 2001 година.Наредната седмица ќе бидат прикажани рускиот  „Армија колибри“ на Александра Лејманиса (1964) и американските филмови „Застрашувачки океан“ на Стивен Сомерс (1998),  „Детектив“, режиран од Гордон Даглас (1968) и „Вселенски војници“  на  Пол Верховен (1997).Од 19-ти до 24 февруари Кинотеката организира „Недела на современ холандски филм“ во чии рамки ќе бидат прикажани пет играни филмови, еден доглометражен документарец и неколку кратки и анимирани. Најавени се насловите „Полска невеста“, „Еротски приказни“, „Црна книга“,  „Сина птица“, „Симон“   и документарниот „Кармен го сретнува Борат“.На 25-ти и 26 февруари ќе биде прикажан рускиот филм „Ноќ над Чиле“ од 1977 година, а на 27-ми и 28 февруари – шведскиот филм „Човек на покривот“, снимен во 1976 година



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура

Триумфален настап на Џијан Емин и Франческо Тристано во Бамберг

Објавено пред

На 30 април, во преполната концертна сала на Бамбергската филхармонија, се одржа спектакуларен концерт под диригентската палка на македонскиот маестро Џијан Емин, во соработка со светски познатиот пијанист и композитор Франческо Тристано. Настанот претставуваше мост меѓу класичната музика и современиот електронски звук, обединувајќи симфониски израз со техно и авангардни елементи во едно несекојдневно музичко доживување.

dobivaj vesti na viber

Под водство на Емин, оркестарот на Бамбергската филхармонија ја демонстрираше својата техничка прецизност и музичка сензибилност, совршено надополнета со виртуозната изведба на Тристано. На пијано и електроника, тој маестрално ги испреплетуваше традицијата и иновацијата.

Концертот беше пречекан со долготрајни овации, а публиката препозна и возврати на уникатната уметничка хемија меѓу двајцата уметници. Настанот е дел од нивната поширока соработка, која во последните години успешно ги освојува концертните сцени ширум Европа.

„Концертот во Бамберг, заедно со оркестарот Bamberger Symphoniker и Франческо Тристано, за мене беше вистинско уживање. Да се соработува со ваков врвен оркестар е едноставно фантастично – нивото на реакција и исполнителност е извонредно. Искрено, ова е најдобриот оркестар со кој сум работел досега“, изјави Емин.

„Имав прилика во минатото да диригирам и со други светски оркестри – Симфонискиот оркестар на Детроит, на Мелбурн, како и оркестри во Лондон, Париз, Фландрија, Мец, Ница… но процесот со овој оркестар беше неверојатно искуство. Станува збор за оркестар од светска класа, каде како гости диригенти се појавуваат имиња како Сер Сајмон Рател, Густаво Дудамел, Иван Фишер, Марис Јансонс… Можеби е полесно ако направам аналогија со Лигата на шампиони – за полесно разбирање“, додаде Емин.

„Франческо како пијанист беше на извонредно високо ниво, исто така инспириран од самиот оркестар. Дополнително, фактот што покрај изведбата на концертот во D-мол од Ј.С. Бах изведовме и наша авторска музика, го направи овој концерт уште поважен и посебен за нас. Публиката не штедеше на аплаузи – добивме десетминутна стоечка овација, проследена со силен ентузијазам“, вели Емин за овој спектакуларен концерт.

Настанот беше одбележан и од медиумите како дел од новата „шампионска музичка лига“. Во еден од описите на вечерта стои:

„Она што на прв поглед може да изгледа необично, на подлабоко слушање се претвора во иновативен спој. Пијанистот и продуцент Франческо Тристано, дипломец на Џулијард и мост меѓу класичната и популарната музика, заедно со диригентот Џијан Емин, разви концепт кој вешто ги брише границите меѓу жанровите. Во амбиентално концертно доживување, препознатливиот звук на класичниот симфониски оркестар се преплетува со авангардни текстури, звуци и ритми на електронската музика. А кога безвременските дела на Јохан Себастијан Бах преминуваат во сложените композиции на Џијан Емин и Франческо Тристано, разликата меѓу музичките светови одеднаш не изгледа толку голема.“

Прикажи повеќе...

Култура

Виолин Фест во Битола

Објавено пред

Од

Престижниот фестивал Виолин Фест, познат по својата мисија да ѝ даде сцена на младата виолинска иднина, годинава го одбележува своето 11-то издание – и тоа со симболично враќање таму каде што сè започна, во Битола.

dobivaj vesti na viber

Пред главниот концерт што ќе се одржи на 9 јуни во 20:00 часот, во Камерната сала на Македонската филхармонија во Скопје, Виолин Фест 2025 започнува со офф-програма во Битола, градот што отсекогаш дишел музика. Град со традиција, со училишта што изградиле генерации музичари и со атмосфера што потсетува дека културата не е украс, туку суштина.

Оваа година, фестивалот ѝ се поклонува на таа суштина – на корените. Затоа официјалната фестивалска програма започнува со два значајни настани во Битола:

– 8 мај (четврток), 12:00 ч. – Јавен час и презентација на фестивалот во Музичкото училиште во Битола

– 12 мај (недела), концерт во Офицерски дом, со настапи на млади виолинисти од музичките училишта од Битола, Прилеп и Охрид, кои преку својот труд и талент ја раскажуваат иднината на класичната музика.

Фестивалот е основан од виолинистот Владимир Костов, чии први музички чекори исто така водат од Битола. Од училишните клупи до големите сцени – неговата инспиративна приказна станува и приказна на сите оние што го препознаваат Виолин Фест како простор каде што младите таленти добиваат глас, шанса и публика која слуша со отворено срце.

„Оваа година, фестивалот не е само уште едно издание. Тој е посветеноста на виолината како инструмент – од скромност до страст, од Битола до Скопје, па и светот, од првата нота до аплаузот што значи •продолжи•” – истакнува Костов.

Влезот за сите настани е бесплатен. Проектот е поддржан од Министерство за култура.

Прикажи повеќе...

Култура

Изложба од 26-тиот Меѓународен фестивал на афоризмот и карикатурата „Струмица 2025“ во Куманово

Објавено пред

На седми мај, среда, со почеток во 20 часот во Изложбениот салон на НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ – Куманово ќе биде отворена изложбата од 26-тиот Меѓународен фестивал на афоризмот и карикатурата „Струмица 2025“.

dobivaj vesti na viber

Изложбата се реализира во соработка со НУ „Антон Панов“ – Струмица којшто воедно е и организатор на фестивалот.

Изложбата содржи 30-тина карикатури селектирани од стручното жири меѓу кои и првонаградените. Во рамките на Фестивалот беа доделени и наградите за најуспешните афоризми но и признанија за Струмичкиот карневал.

Изложбата во Куманово ќе трае во наредните десетина дена.

Прикажи повеќе...

Најново

Економија33 минути

Поевтинуваат дизелот и бензините

Цените на горивата од ноќеска на полноќ ќе поевтинат за половина и за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика,...

Македонија37 минути

Мицкоски му даде две опции за избор на Таравари, да остане во Влада или да оди со ДУИ: Во политиката образот или го имаш или го немаш

Премиерот Христијан Мицкоски денес во Штип потврди дека попладнево ќе се сретне со лидерот на едно крило од Алијанса за...

Топ1 час

Семејно насилство во Охрид: татко ја истепал ќерка си, по што се вклучиле и други членови на семејството

Денеска во 00.15 часот во СВР Охрид е пријавено дека Р.Б. од Охрид физички ја нападнал неговата ќерка, по што...

Македонија3 часа

(Фото) Каде заглави реконструкцијата на тротоарите на „Владимир Комаров“, прашува СДСМ Аеродром

„Неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и Дејан Митески во Општина Аеродром е видлива буквално на секој чекор. Реконструкцијата на тротоарите на половина...

Македонија4 часа

Дали Филипче ќе учи од Заев како да профитира со лажни идентитети и како се штанцаат пасоши за 215 белосветски криминалци, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„СДС и Заев 7 години беа заштитници на криминалот и криминалните банди. СДС, Заев и Спасовски им дадоа пасоши на...

Македонија4 часа

„Тошковски наместо да обвинува треба да одговори дали има пропусти при рацијата“, велат од партијата Левица

„Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, наместо да дава одговори пред јавноста за дилеми кои оправдано се наметнуваат околу истрагата...

Европа5 часа

Фицо: Им велат на Русите „Па, славете, би можеле да фрлиме дрон врз вас или нешто друго“, ова се неприфатливи работи

Словачкиот премиер Роберт Фицо го критикуваше украинскиот претседател Володимир Зеленски за неговото предупредување до „странските делегации да не доаѓаат“ на...

Европа5 часа

(Видео) Нападнат лидерот на турската опозиција, се појави снимка

Лидерот на главната опозициска партија во Турција беше нападнат вчера додека ја напушташе комеморацијата во Истанбул. Озгур Озел, кој ја...

Свет6 часа

Трамп: Светот ни ја одзема филмската индустрија, тоа е безбедносна закана

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа Truth Social дека планира да воведе царина од 100 проценти на...

Регион6 часа

Вучиќ се огласи по приемот во болница: „Одам пред вас за да бидам штит“

Српскиот претседател Александар Вучиќ се обрати за прв пат откако ја прекина посетата на САД поради болки во градите, по...

Македонија7 часа

Кривична против 38-годишниот скопјанец кој ја уби својата невенчана сопруга

СВР Скопје го расчисти убиството кое на 3 мај, околу 15 часот во скопската населба Шуто Орузари го изврши 38-годишниот...

Македонија18 часа

Хорор во Скопје, пред очите на 5-годишната ќерка ја усмртил мајката со убоди од нож по вратот и градите

Скопското Обвинителство спроведе истрага против едно лице за убиство на својата партнерка со која живеел во вонбрачна заедница. На жртвата,...

Свет18 часа

Трамп нема да се кандидира за трет мандат

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека не планира да се кандидира за трет мандат како шеф на државата, иако...

Македонија21 час

Во чест на загинатите во Пулс во Кочани се возеа велосипеди

Над 300 велосипедисти, рекреативци, спортисти и граѓани учествуваа на велосипедската тура „По патеката на оризот“ во чест на трагично загинатите...

Македонија23 часа

Сиљановска Давкова: Делчев беше и ќе биде дел од нас, од нашата историја, сегашност и иднина

Претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова денеска положи цвеќе во црквата „Св. Спас“ по повод 122-годишнината од смртта на великанот...

Регион1 ден

Тајната на Тито која никој никогаш не ја разјасни

На денешен ден, пред 45 години, почина Јосип Броз Тито, доживотен претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија и Сојузот на...

Македонија1 ден

АХВ казни 14 месарници кои продавале небезбедно месо

Казни во вредност од 8.350 евра во денарска противвредност изрекоа инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) на...

Македонија1 ден

122 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев

Во земјава денеска се одбележуваат 122 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода Гоце Делчев. По тој...

Топ2 дена

Ја убил сопругата, па го фатиле на Табановце

МВР соопшти дека попладнево околу 17 часот на граничниот премин Табановце, полициски службеници го лишиле од слобода Н.А. (38) од...

Македонија2 дена

Од Скопје до Охрид ќе се патува час и половина по новиот автопат од Тетово до Гостивар, ама за две години

За две години ќе биде готов новиот автопат од Тетово до Гостивар, рече директорот на Јавното претпријатие за државни патишта...