Економија
Пуштана во употреба мала хидроелектрана на Брестјанска река
Министерот за економија Ваљон Сараќини денеска оствари работна посета на општина Липково, каде беше пуштена во употреба мала хидроелектрана на Брестјанска река.
Објектот го изгради компанијата „ЕМК Мали хидроелектрани“ ДООЕЛ Скопје, со која Министерството за економија има потпишано вкупно 18 Договори за концесија за вода за изградба на мали хидроелектрични централи.„Концесионерот ја изгради малата хидроелектрична централа на водотекот на реката Брестјанска, со вкупен инсталиран капацитет кој изнесува 607 kW, при што очекуваното годишно производство е проценето на околу 2500 МWh, а големината на инвестицијата за оваа електрана би изнесувала околу 1,6 милиони евра“, информираше Сараќини, Тој додаде дека согласно обврската од Договорот за концесијата, концесионерот ќе уплаќа годишен надоместок за концесија во висина од 2% од остварениот приход од продадената електрична енергија, од кој почнувајќи од 2016 година 1% од остварениот приход ќе одат во буџетот на општина Липково.Садула Дураку, градоначалникот на општина Липково, истакна дека инвестицијата е за поздравување, дека за прв пат се инвестира во реални проекти кои вредат над 4,6 милиони евра, притоа упатувајќи благодарност до Министерството за економија и инвеститорот.„Имаме прекрасна природа, хидрологија и голем капацитет за инвестиции во оваа област, што докажува дека Липково е безбедна општина за инвестиции а добредојдени се и други инвеститори“ истакна градоначалникот.Инвеститорот на хидроцентралата на Брестјанска река, Данило Фрас, по повод свечениот чин истакна: „Посебно ми е драго што денеска заедно со министерот за економија Сараќини имаме чест да пуштиме во употреба една нова хидорецентрала, која што ја изградивме во рекордно време. Може да им честитам на сите за брзо завршената процедура, што не е случај во останатите држави во регионот, каде што, исто така, инвестираме во мали хидроцентрали, за што сме специјализирани. Многу сме задоволни од соработката со Министерството за економија и општината Липково и слободно можам да кажам дека ова е најдобар пример за соработка помеѓу инвеститорот, локалната власт и централната власт во поглед на реализација на еден проект“.Од вкупно 70 потпишани Договори за концесија за мали хидроелектрични централи,со инсталиран капацитет од 60 MW и инвестиција која се проценува околу 120 милиони евра, во моментот изградени се вкупно 11 мали хидроелектрични централи и истите веќе произведуваат електрична енергија и ја предаваат на мрежа, а во изградба се уште 20-тина мали хидроелектрични централи и истите се очекува да бидат пуштени до крајот на 2013 година и почетокот на 2014 година./крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

