Забава
Компјутерска игра се продаде во 4.7 милиони копии за само 24 часа

Второто продолжение од компјутерската игра „Повик на должноста: модерн велфер 2“ се продаде во 4.7 милиони копии од пуштањето во продажба и инкасира неверојатни 310 милиони долари за само 24 часа на пазарот во Северна Америка и Велика Британија
Оваа бројка на продадени копии е рекорд за било која форма на забавна игра уривајќи го рекордот на минатогодишната компјутерска игра „Кражби на автомобили 4“, додека компјутерската игра “2012“ во истото подрачје имаше профит од само 76 милиони долари за три дена поминати на пазарот. „Повик на должноста: модерн велфер 2“ е игра со пукање, а дејствието е сместено во блиска иднина и се случува во повеќе држави од Бразил до Авганистан. „Играта е современа, многу реалистична и напната, Секогаш кога ќе ја завршите играта, и ако изгубите ќе добиете поени. Треба да ги потрошите за да купите подобар пиштол или камион за подоцна да го употребите на военото поле.“ изјави Морган Веб водител на „Икс плеј“ шоу за видео игри./крај/дм/сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Тејлор Свифт се сврши со прстен што сите ќе го посакаат, дијамант во безвременски стил

По месеци шпекулации и многу објавени романси, Тејлор Свифт и Тревис Келс вчера официјално ја потврдија својата свршувачка. Популарниот пар, кој ги спои светот на музиката и американскиот фудбал, ја сподели среќната вест на Инстаграм, а нивната објава со фотографии и хумористичен натпис „вашата професорка по англиски јазик и вашио професор по физичко се венчаваат“ го запали интернетот, собирајќи повеќе од милион лајкови за само пет минути.
Прстенот на Тејлор Свифт, изработен по нарачка со дијамант на прстен од жолто злато од Artifex Fine Jewelry, го одразува нејзиниот безвременски, но препознатлив стил. Дизајниран е од Kindred Lubeck, и е таканаречен прстен со стар крој.
Даниела Тарантино, потпретседател на James Allen and Blue Nile, го опиша импресивниот накит за Who What Wear: „Прекрасниот прстен на Тејлор Свифт веројатно е направен само за неа, но на прв поглед наликува на издолжен крој со перниче“. Тарантино проценува дека дијамантот е помеѓу 10 и 15 карати, а вредноста на прстенот е помеѓу 750.000 и 1 милион долари.
Дизајнерката на накит од Њујорк, Стеф Мазуера, се согласува. „Прстенот на Тејлор веднаш се издвојува; тој е смел, инспириран од винтиџ и целосно во согласност со нејзиниот стил.“ Таа додава: „Прстенот е широк, се шири кон дијамантот и изгледа како да има рачно изработени детали.“ Иако поставувањето на прстенот е раскошно, Мазуера забележува дека не е премногу, туку совршено го надополнува античкиот дијамант.
Фото: принтскрин
Забава
Хороскопски знаци што сите ги почитуваат штом ќе ги запознаат

Постојат луѓе на кои не им требаат многу зборови за да остават силен впечаток. Штом ќе ги сретнете, ја чувствувате нивната енергија и авторитет, не е ароганција или суета, туку природна сила на карактерот што ги тера сите околу нив да ги ценат и почитуваат. Нивното присуство ја менува атмосферата, а нивниот став ги тера другите веднаш да ги сфатат сериозно.
Јарец: Несомнена сериозност
Јарците изгледаат како луѓе кои знаат што прават и каде одат. Нивниот начин на размислување и однесување инспирира доверба и почит. Уште од првата средба, јасно е дека станува збор за личност со цврст став, дисциплина и сила, и токму тоа предизвикува восхит кај другите.
Шкорпија: Интензитет што се чувствува веднаш
Шкорпиите не треба да кажуваат многу за да остават силен впечаток. Нивниот поглед и енергија зборуваат сами за себе. Луѓето ги почитуваат затоа што зрачат со решителност и внатрешна сила, а нивното присуство често дава чувство дека имате работа со некој што не се импресионира лесно.
Лав: Неодолива харизма
Лавовите ретко се вклопуваат во толпата. Нивниот изглед секогаш привлекува внимание, а самодовербата што ја носат во себе ги тера другите да ги ценат. Уште од првата средба, јасно е дека Лавот ја знае својата вредност и токму тоа им носи природно почитување од оние околу нив.
Бик: Стабилност што влева сигурност
Биковите зрачат со смиреност и непоколебливост. Луѓето ги почитуваат затоа што веднаш оставаат впечаток на личност на која можат да се потпрат. Нивниот смирен и практичен став кон животот ги прави луѓе кои другите сакаат да ги слушаат и ценат.
Фото: принтскрин
Забава
Донатела Версаче изгледа подобро од кога било

Познатата италијанска дизајнерка Донатела Версаче ги изненади своите обожаватели со својата најнова објава на социјалните мрежи.
70-годишната дизајнерка со години ги поттикнува шпекулациите за својот изглед, иако јавно призна дека користи ботокс.
На фотографијата направена на зајдисонце Донатела позира во бел фустан со светки истакнувајќи ѝ ја нејзината вита фигура, но и свежиот тен. Многумина веднаш забележаа дека горната усна ѝ изгледа значително потенко, а образите помалку отечени во споредба со претходните фотографии.
За да ја објасни можната заднина на оваа промена, Анастасија Колес, основач на дерматолошка клиника во Лондон, го сподели своето експертско мислење со „Дејли мејл“.
View this post on Instagram
„Невозможно е да се каже што направила на лицето или не без да ја видите лично. Врз основа на фотографиите, нејзините усни изгледаат помали од порано, што може да се должи на голем број причини. Се чини дека во минатото имала трајни филери, веројатно силиконски, во комбинација со хијалуронски филери нанесени на нив. Ако хијалуронскиот филер се растворил или природно се разградил, тоа би можело да го објасни губењето на волуменот“, рече таа.
„Првичното зголемување на усните може да се должи и на силиконот во комбинација со ефектот на фејслифтинг, каде што кожата е многу цврсто повлечена кон страните на лицето. Нејзината вилица исто така изгледа дефинирано, што може да биде резултат на дермални филери за подобрување на структурата или третмани за затегнување на кожата“, додаде таа.
Донатела веќе привлече внимание минатата година на премиерата на мјузиклот „Ѓаволот носи Прада“. На настанот, на кој присуствуваа многу познати личности, Донатела, напишаа многумина, изгледаше подобро од кога било.