Македонија
Поглаварите на ИВЗ од Македонија, Албанија и Косово на ифтар во Дебар

Дебарското муфтивство во среда навечер во Дебар организира Рамазански ифтар на којшто ќе бидат присутни по прв пат Претседателите на Исламските верски заедници заедници на Македонија, Сулејман Реџепи, на Албанија, Скендер Бучај и на Косово, Наим Трнава.
Дебарскиот муфтија Рамазан Хаса изјави дека на овој голем ифтар ќе присустуваат и градоначалниците на општините кои спаѓаат во дебарското муфтиштво, Дебар, центар Жупа и Маврово Ростуше, како и преставници на Амбасадата на Турција во Скопје и други институции и асоцијации .Ова е прв пат во Дебар за месец Рамазан да се сретнат тројцата поглавари на исламските заедници на Македонија, Косово и Албанија, нагласи муфтијата Хаса./крај/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ во официјална посета на Македонија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска ќе биде домаќинка на претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, кој ќе престојува во официјална посета на земјава.
Хрватскиот претседател ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на церемонија во Кабинетот на претседателката, по што ќе следи тет-а-тет средба на претседателите, а потоа и пленарен состанок на македонската и хрватската делегација.
Во рамки на посетата, претседателот на Република Хрватска ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје.
Македонија
Дел од Аеродром денеска без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, информира дека денеска поради уличен дефект ф-100 мм на улицата Васко Каранѓелевски 38, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од булеварот Јане Сандански, односно парните броеви од 34 до 64.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје, доаѓа претседателот на Хрватска

СВР Скопје ги известува граѓаните дека денеска, поради официјална посета на претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ на Република Северна Македонија, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.