Економија
Срдоч: Oд Македонија незаконски се одлеале 4,6, од Балканот 111,6 милијарди долари
Нова студија за нелегалното одлевање на пари од Балканот во периодот од 1991-ва до 2011-та најавува Институтот Адријатик за јавна политика заедно со организацијата Глобален финансиски интегритет од Вашингтон.
Во контекст на оваа најава, Во интервју за Гласот на Америка на македонски, Наташа Срдоч, претседателка и соосновачка на Институтот Адријатик за јавна политика, говори за проблемот со корупцијата, криминалот и даночното затајување во изминатите 10 годиниГлас на Америка: Само во минатата деценија, од Балканот незаконски се одлеале над 100 милијарди долари… Наташа Срдоч: Да. 111,6 милијари долари се одлеани од Балканот, од земјите на поранешна Југославија, Романија, Бугарија во периодот меѓу 2001-2010-та. Преку облици на криминал, корупција и даночно затајување, мито, има илегално одлевање на пари во различни банки. Мора да се стори нешто за ова. Бројките се шокантни. Тоа значи, помалку пари за образование, здравствена заштита, инфраструктура, пензии. Инвеститорите со чесни намери го одбегнуваат регионот, знаејќи дека нема владеење на правото, независност на судството и заштита на сопственичките права. Глас на Америка: Каква е севкупната слика за Македонија? Наташа Срдоч: Македонија загуби 4,6 милијарди долари во периодот меѓу 2001-2010 преку криминал, корупција и даночно затајување од политичари, владини официјални лица. Тоа е голема бројка. Се работи за 44 проценти од бруто домашниот производ во 2011-та. Глас на Америка: Која земја во регионот најмногу страда од ваквиот тренд?Наташа Срдоч: Во однос на номиналната сума – Србија. Од оваа земја се одлеале над 51 милијарда долари за истиот период. Во однос на процентот од бруто домашниот производ – Црна Гора – 138%. Глас на Америка: Како да запре растечкото осиромашување на 64 милиони жители од Балканот? Наташа Срдоч: Не можете да се справите со овие проблеми ако не се справите со владеењето на правото, независното судство и заштитата на сопственичките права. Има големо политичко влијание врз судството. Затоа нема решение на ваквите случаи. Треба да се известува за одлевањето на парите. Треба да конфискува илегалното богатство на владините официјални лица и политичари од 1991-ва во сите земји од регионот. Меѓународни судии и обвинители може да им помогнат на чесните колеги од тамошни земји. Тоа ќе биде поттик да се појави нова генерација судии која ќе гледа на правосудството како на чесна професија, а така на неа не се гледа во моментот.(јб)(ва)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти
Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат податоците на Државен завод за статистика.
На годишно ниво, односно во периодот јануари – декември 2025 година во однос на истиот период од 2024 година, угостителските услуги се поскапени за 4,8 проценти.
Истовремено, статистиката покажува дека во декември нема промени во однос на претходниот месец. Цените на угостителските услуги останале на исто ниво како и во ноември 2025 година.

Фото: unsplash
Економија
МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка
Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон Развојната банка за поддршка на домашните компании.
Со исплатата на оваа транша вкупната поддршка на државата кон домашната економија изнесува 13,8 милјарди денари или 224,3 милиони евра од вкупно планираните 250 милиони евра за поддршка на домашните компании, велат од Министерството за финансии.
„Владата ги обезбеди овие средства преку кредитна линија од Унгарската експорт-импорт банка со цел поддршка на домашната економија. Поддршката се состои од пласман на средства по поволни услови за компаниите во насока на реализација на приватните инвестиции, со што тие ќе обезбедат сопствен развој и поттикнување на економскиот раст. Средствата се пласираат до крајните корисници преку деловните банки, каматната стапка е 1,95% годишно, рокот на отплата е до 15 години и грејс период до 3 години.
Вкупниот буџет за поддршка на домашните компании предвидени во Буџетот изнесува 250 милиони евра, а вредноста на инвестицискиот циклус се проценува на околу 300 милиони евра“, се додава во соопштението на Министерството за финансии.
Економија
Мицкоски најави построги казни за супермаркетите што го кршат законот: „Ако така продолжат, ќе мора да стават клуч на врата“
Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, најавувајќи засилени инспекциски контроли и законски измени со значително повисоки казни за трговските ланци што ги прекршуваат правилата за нефер трговски практики.
Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски изјави дека ваквите проекции за инфлацијата се присутни веќе со месеци и дека Владата активно делува преку зачестени контроли на инспекциските служби.
„Ќе предложиме законски измени со многу поголеми казни за сите ланци на супермаркети коишто го изигруваат законот за нефер трговски практики. За некои од ланците веќе имаме докази и мислам дека ако така продолжат, ќе мора клуч да стават на врата“, изјави премиерот.

