Култура
Плетнев отпатува за Москва
Рускиот диригент и пијанист кој треба да го отвори овогодишното 50. издание на Охридско лето, го напуштил Тајланд, само неколку дена откако е обвинет за силување на 14-годишно момче, пренесуваат медиумите
Михаил Василевич Плетнев, кој е уапсен во понеделникот во еден ресторан во летувалиштето Патаја на Тајланд, ја напуштил земјата со авион на „Аерофлот“, јави руската агенција РИА Новости. Друга новинска агенција јавува дека отпатувал за Москва преку Дубаи, со авион на компанијата „Емирати ерлајн“.Агенцијата Associated Press, која стапила во контакт со домаќинката на Плетњев во Патаја, соопшти дека рускиот диригент минатата ноќ го напуштил Тајланд и заминал за Москва.Плетнев, основач на првиот руски независен оркестар, во вторникот по сослушувањето во судот бил пуштен со кауција од девет илјади долари и наредба да се јавува во судот на секои 12 дена. Доколку биде прогласен за виновен, тој би можел да биде осуден на 20 години затвор и глоба од 1.200 долари.Тајландската полиција соопшти дека рускиот музичар е уапсен по дојавата на Трајпоб Бунмасонг, Тајланѓанец обвинет за силување на дете и вмешаност во еден синџир на детска проституција.Полицијата додаде дека има и изјава на 14-годишното момче, кое тврди дека Плетнев го силувал двапати во куќата на Трајпоб, во која живеел една година.Тајландскиот весник Pataya daily news пишува дека Плетнев живее повремено на Тајланд последните 15 години и го цитира уметникот кој смета дека обвиненијата против него можеби се последица на неговото „дружење со Трајпоб“, кого го познава „многу години“ и го смета за „талентиран уметник“.Плетњев додаде дека Трајпоб се грижел за неговиот имот додека бил на пат и дека не знае за наводната вмешаност на Трајпоб во синџир со детска проституција.Рускиот уметник во телефонска изјава за агенцијата Associated Press рече дека „сево ова е недоразбирање“ и дека нема намера трајно да го напушти Тајланд.Неговата фондација во вчерашното соопштение испратено до организаторите на Охридско лето, што Плетnев треба да го отвори на 12. јули, демантираше дека рускиот диригент е уапсен на Тајланд поради силување и педофилија.Фондацијата Михаил Плетнев во соопштението наведува дека станува збор за грешка и дека за силувањето е обвинет Тајланѓанецот кому рускиот уметник му ја изнајмил куќата.Плетњев во 2005 г. доби награда „Греми“ за аранжманот за „Пепелашка“ на Сергеј Прокопиев. Во Бангкок настапуваше како диригент-гостин на Симфонискиот оркестар. Сопственик е на ресторан и неколку фирми на Тајланд.Тајланд веќе подолго време важи како рај за педофилите и туристите гладни за малолетнички секс поради раширената проституција и слабите закони.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Факултетот за музичка уметност го најави годишниот концерт „ОРИОН – каде што се раѓаат ѕвездите“
Факултетот за музичка уметност – Скопје го најави годишниот концерт насловен „ОРИОН – каде што се раѓаат ѕвездите“, кој ќе се одржи во петок, 5 декември, со почеток во 20:00 часот во Големата концертна сала на Македонската филхармонија. Настанот е дел од одбележувањето на 59-годишнината од постоењето на институцијата.
ФМУ – Скопје истакнува дека како алма матер на голем број уметници од земјата и регионот, останува централниот столб на музичкото и балетското образование, создавајќи генерации изведувачи, педагози и творци кои го обликуваат уметничкиот живот во Македонија.
На концертната програма ќе настапат Симфонискиот оркестар на ФМУ, Мешаниот хор „Драган Шуплевски“, Камерниот гудачки оркестар „ФМУ Солисти“, Оркестарот од народни инструменти со солисти, студенти од Катедрата за балетска педагогија, од Катедрата за џез и популарна музика, како и дувачкиот ансамбл на ФМУ, под водство на проф. м-р Цанев, проф. м-р Татарчевски и доц. м-р Спироски.
Публиката ќе има можност да слушне дела од Пурсел, Сен-Санс, Прокофјев, Тиле/Вајс, Коен, Сусато, Горецки, Гершвин, македонска традиционална музика, како и нови композиции од студентите А. Голчева и М. Цветановска.
Влезот на настанот е слободен.
Култура
Сè што ни е заедничко“ – во МСУ изложба што го иницира прашањето „Дали навистина го дишеме истиот воздух?“
Сè што ни е заедничко (Институција во дишење) – нова изложба во МСУ-Скопје од 27 ноември
Во Музејот на современата уметност – Скопје на 27 ноември 2025 година, со почеток во 20 часот, ќе биде отворена изложбата „Сè што ни е заедничко (Институција во дишење)“, кураторски проект на Мира Гаќина и Јованка Попова.
Во изложбата учествуваат Forensic Architecture, Денис Фереира да Силва и Арџуна Неуман, Дурмиш Ќазим, Џумана Мана, Зорица Зафировска и Палестинскиот музеј.
Проектот тргнува од прашањето дали навистина го дишеме истиот воздух. Изложбата го поставува воздухот како ресурс што формално го делиме, но не и еднакво, укажувајќи на токсичните атмосфери – буквални и политички – и на позицијата на маргинализираните заедници.
Инспирирана од концептот на Фанон за „борбено дишење“, поставката ги истражува уметничките практики што откриваат колонијални, империјални и капиталистички структури впишани во воздухот што го дишеме. Авторите визуелизираат токсични облаци, архиви на насилство и невидливи атмосфери што влијаат врз секојдневието.
Паралелно со изложбата, која ќе трае до крајот на февруари, ќе се одржат јавни програми. Во рамките на проектот „Институционални градини“ на Зорица Зафировска ќе има детски работилници за садење и изработка на семенски топчиња, активности за чистење и обновување на просторот околу МСУ, поставување компостна кутија и прикажување едукативни видеа.
Со оваа поставка МСУ-Скопје се претставува како „институција во дишење“ – отворена, инклузивна и ориентирана кон заедницата, со повик за заедничко размислување и акција. Визуелниот идентитет на проектот е дело на Албана Бектеши.
Култура
Промоција на монографијата „Рисима“ од Јасна Франговска
Во среда, 3 декември, со почеток од 19:00 часот во „Јавна соба“, Скопје, ќе се одржи промоцијата на монографијата „Рисима“ од Јасна Франговска, посветена на најпознатата и најуспешна македонска кореографка за современ танц ‒ Рисима Рисимкин. Изданието е на „ПНВ Публикации“ и објавено е со поддршка од Министерството за култура и туризам.
Монографијата низ разговор со Јасна Франговска и Рисима Рисимкин ќе ја претстави Јулијана Величковска, главен и одговорен уредник на „ПНВ Публикации“.
Во ова обемно и луксузно издание, на 180 страници, опфатени се сите значајни аспекти од 45-годишната кариера на Рисима Рисимкин ‒ од самите почетоци како балерина, со сите предизвици со кои се соочувала, до големите успеси што ја дефинираа како истакната кореографка од областа на современиот танц, којашто со нејзината едукациска работа зад себе остава нови генерации танчари и кореографи. Рисима Рисимкин е клучна фигура во македонската култура, а нејзиниот труд годинава беше крунисан и со високото признание ‒ Витез на францускиот ред на уметностите и книжевностите што го доделува државата Франција.
Покрај извонредно питкото писмо на Франговска, што на многу топол и непосреден начин го доближува животниот и професионалниот пат на Рисимкин, извадоците од позначајните рецензии за нејзините дела и обраќањата до читателот од самата Рисима, изданието е збогатено и со неверојатни фотографии од личната архива на Рисимкин и од архивата на „Интерарт културниот центар“, чиишто автори се: Андреј Гиновски, Драган Перковски, Сашо Димоски, Сердар Ајдин, Aнтонио Пиштолов, Ивана Тасев, Олга Ибатулина, Зоран Велјаноски ‒ Летра, Емил Петров и Борис Грдановски.
„Би ја опишала како македонската Пина Бауш, потпрена на белиот балет, којашто во еден момент посакува да излезе од таа рамка и да оди во слободата на движењето…“, ќе изјави Мирјана Радочевиќ за „Политика“, Белград во 2003 г.

