Забава
Уметничка од Сплит 40 минути повраќала од песна на Мишо Ковач
Сандра Стерле, уметничка од Сплит, во средата извела перформанс во кој 40 минути повраќала во метална канта, додека во позадината се слушала песната „Далматинац“ на Мишо Ковач, пренесе „Глас Далмације“.
Сандра Стерле, уметничка од Сплит, во средата извела перформанс во кој 40 минути повраќала во метална канта, додека во позадината се слушала песната „Далматинац“ на Мишо Ковач, пренесе „Глас Далмације“. Во паузите помеѓу повраќањето, уметничката шетала помеѓу шокираната публика. Многу од присутните го напуштиле настанот уште на самиот почеток, додека оние кои останале набљудувале со голема зачуденост. Сандра Стерле предава на Уметничката академија во Сплит, а својот перформанс го извела во просториите на Акварија на сплитскиот Бачвицама, на третиот ден од фестивалот за отворени перформанси./крај/бл/ко
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) „Стареењето не значи полош живот – жал ми е, грешите“
Прославената холивудска актерка Деми Мур неодамна наполни 63 години, но тоа не ја спречува да изгледа помладо и поубаво од кога било, па затоа дефинитивно сè уште нема конкуренција.
Деми е често тема на разговор кога станува збор за стареењето, а позната е по тоа што е личност која не се плаши да го каже своето мислење и секогаш работи на зајакнување на жените.
Гостувајќи се во „Шоуто на Стивен Колберт“, Деми зборуваше за тоа како се чувствува по сите признанија што ги добила (Златен глобус и Жена на годината).
„Вау, така се чувствувам – вау. Каква одлична и забавна година е зад мене… Едноставно чувствувам дека ова е неверојатно време, и секој што мисли дека стареењето значи дека животот е полош, за жал, греши“, рече Деми.
Ова не е прв пат актерката да зборува за стареењето и да ги открие своите мали психолошки тајни. Минатиот декември, таа призна во интервју за „Пипл“ дека порано била многу поосудувачка и построга кон себе.
„Можам да се осврнам наназад и да кажам дека во моите 20-ти и 30-ти години, наоѓав работи што не беа доволно добри. Мојот став кон стареењето сега е многу повеќе како среќно прифаќање, гледање на себеси и сè што сум, а не само надворешна идеја за тоа кој сум“, рече Деми.
Забава
Модерно враќање во 2000-тите: Хејли Бибер во гламурозен изглед за својот 29. роденден
Хејли Бибер го прослави својот 29 роденден во облека што ги потсети многу миленијалци на нивната младост: топ со светки, фармерки и сандали со ремчиња. Оваа популарна облека од почетокот на 2000-тите беше нејзин избор за роденденската забава, а моделот подоцна сподели дел од атмосферата со своите следбеници на „Инстаграм“.
View this post on Instagram
Бибер објави серија фотографии од прославата на социјалните мрежи, вклучувајќи снимки од роденденски торти, фотографија од нејзиниот едногодишен син Џек и емотивна снимка на која се држи за раце со сопругот Џастин Бибер.
За таа пригода таа избра винтиџ-светкав топ DKNY, кој го комбинира со фармерки Levi’s Ribcage и сандали Manolo Blahnik Callasli со ремчиња.
„Најдобрата недела за влегување во 29-тата година“, напиша Бибер на објавата, која доби многубројни честитки и пофалби за модниот избор.
Забава
Мајли Сајрус го лажела својот поранешен сопруг повеќе од 10 години за тоа како ја изгубила невиноста
Мајли Сајрус призна дека го лажела својот поранешен сопруг Лијам Хемсворт за тоа како ја изгубила невиноста повеќе од една деценија.
Мајли го запознала Лијам како тинејџерка на снимањето на романтичниот филм „Последната песна“ од 2010 година, а нивната врска се претворила во краткотраен брак. Кога се запознале, таа имала 16, а тој 19 години. Сајрус откри пред неколку години дека нејзините први интимни средби биле со девојки, но дека не отишла до крај со маж пред 16 години – и тоа токму со Хемсворт. Плашејќи се дека ќе биде сметана за губитник, Сајрус му кажала на Хемсворт дека веќе ја изгубила невиноста со некој друг.
„Не можев да се сетам на никого, па си создадов познајник со кого никогаш не сум имала секс“, рекла таа.
Тајната останала скриена речиси 10 години сè додека една пријателка на Хемсворт не се омажила за човекот што Сајрус го опиша како нејзин прв.
„Тој рече: „Сега мојата пријателка се мажи за некого со кого беше“, па на 24 години морав да признам дека лажев кога имав 16 години“, се присети Сајрус.

