Македонија
Зврлевски: Никој не побарал од мене да се отфрли кривична пријава

Од мене никој не побарал да се отфрли некаква кривична пријава, ниту, пак, јас сум побарал од некој обвинител да го направи тоа, изјави државниот јавен обвинител Марко Зврлевски во врска со снимките од прислушуваните разговори кои ги објави опозицијата на кои се споменува неговото име во разговор меѓу министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и министерот за финансии Зоран Ставрески.
„Не би ги коментирал наводите изнесени на прес-конференцијата и начинот на изнесувањето, меѓутоа јас, како јавен обвинител, не сум постапувал по ниту еден предмет каде што пријавено лице бил министерот за финансии, господинот Зоран Ставрески. Јавните обвинители што постапуваат по предметите се апсолутно независни во своето постапување и нив ги обврзуваат само количината и основаноста на доказите, основаноста на сомненијата поткрепени со доказите и со законот. Од мене никој не побарал да се отфрли некаква кривична пријава, ниту, пак, јас сум побарал од некој обвинител да го направи тоа“, изјави во понеделникот државниот јавен обвинител МАрко Зврлевски.Не сакаше да коментира дали се води истрага во Обвинителството за она што се слуша на снимките, но, исто така, не го коментираше и самиот чин на прислушувањето.„Коментирањето на конкретен предмет кој е во постапка, навистина би можело да го загрози постапувањето по предметот“, рече Зврлевски.Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на прес-конференцијата во неделата објави снимки кои, како што вели, се доказ за директната спрега на релација власт – правосудство. Обвини дека Зврлевски ја отфрлил кривичната пријава против Зоран Ставрески, вицепремиер за финансии, откако го замолила министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска./крај/мф/
Извор: Академик
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
На Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата е околу 1 час

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини Табановце и Богородица времето на чекање за влез во државата изнесува околу 1 час. На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Претпладне сончево, попладне наместа нестабилно со локален дожд и грмежи

Претпладне сончево со умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со локален дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Попладне во делови од котлината ќе има развој на нестабилна облачност со услови за пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 26 степени.
Времето во наредните денови
Од среда на повеќе места ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, локално поројни, проследени со грмежи. Дневната температура ќе биде во постепено благо опаѓање.
Македонија
Карпош, Ѓорче Петров и Сопиште денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· Oд 08:00 до 16:00 часот, дел од корисниците во Стопански Двор. (Општина Ѓорче Петров);
· Oд 09:00 до 13:00 часот,ул.24 с.Сопиште КАЈ ИЦЕ МАК (Општина Сопиште);
· Oд 09:00 до 14:00 часот, дел од корисниците на ул.Ванчо Мицков,во Долно Нерези (Општина Карпош) ;
· Oд 10:00 до 14:30 часот, дел од потрошувачите на ул.Женевска (Општина Карпош).