Македонија
Јавните здравствени установи на „Денот на дрвото“ ќе извршуваат само закажани прегледи
Сите јавни здравствени установи во среда, кој е неработен ден поради спроведување на есенската акција „Ден на дрвото“,редовно ќе ги извршуваат закажаните прегледи и интервенции.
Инаку, останатите служби во установите кои не се поврзани со закажани термини ќе се приклучат на акцијата и овој ден дополнително ќе го одработат, согласно насоките од Министерството за труд и социјална политика.
Министерството за здравство, во врска со спроведување на есенската акција „Ден на дрвото“, доставило известување до сите јавни здравствени установи утре, 03.12. редовно да се извршуваат закажаните прегледи и интервенции.
„Тоа значи дека сите закажани прегледи во специјалистичко-консултативните амбуланти, во кабинетите за снимања и други дијагностички процедури, како и закажаните хируршки интервенции нема да бидат одложени и за таа цел на установите им е наложено да ги преземат сите организациски мерки овие прегледи и интервенции да бидат непречено изведени“, велат од Министерството.
Од таму велат дека за утре се веќе закажани околу 10.000 пациенти во редовен термин за преглед и над 100 хируршки интервенции.
„Во интерес на пациентите е прегледите да бидат извршени во денот кога се закажани, со цел на пациентите навремено да им биде пружена потребната здравствена услуга“, се вели во соопштението.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска делови од Центар и Сарај
Од ЈП Водовод и Канализација, известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100мм на ул. Христо Смирненски 13, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица, поточно потегот од Зур – Маркет до бул. Партизански Одреди, во општина Центар.
Исто така во понеделник ќе се изврши редовно чистење на резервоарот за питка вода во село Рашче. За време на активностите во периодот од 09:00 – 13:00 часот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Рашче Копаница и Бојане, општина Сарај.
Македонија
Дел од Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Леринска лоцирани околу број 3, општина Карпош.
Македонија
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне
Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 30 l/m² за 24 часа) со услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 14 до 18 степени.
Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд, пообилни попладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник во претпладневните часови ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието засилен северен ветер. Потоа до крајот на неделата времето ќе биде стабилно и суво со пониски утрински температури.

