Македонија
Анкета: Повеќето граѓани поддржуваат пропорционален модел, отворени листи и една изборна единица

Мрежата за мултикултурно општество во периодот од 18-ти ти до 21-ви август спроведе електронска анкета, на примерок од 1.024 испитаници, во врска со можноста за промена на изборниот систем и изборниот модел во Македонија.
На прашањето со каков изборен модел подобро ќе бидат претставени интересите на граѓаните во Македонија во Собранието на Република Македонија, 53,38 проценти одговориле дека се за пропорционален модел, додека пак 21,12 отсто претпочитаат мнозински модел.
На прашањето дали сакаат отворени или затворени листи, 43,72 отсто се изјасиле дека поддржуваат отворени листи, додека 33,83 отсто избрале затворени листи.
Во однос на поделбата на изборните единици во Македонија, 43,17 отсто се изјасниле за една изборна единица, 22,14 проценти за три изборни единици, а 29,08 отсто за шест изборни единици.
Речиси половината, односно 49,21 проценти, сметаат дека дијаспората треба да гласа на парламентарните избори, а 23,19 отсто не го делат ова мислење, односно сметаат дека дијаспората не треба гласа на изборите.
Во однос на промената на бројот на пратениците во Собранието, за намалување на овој број се изјасниле 67,94 проценти, додека 5,36 отсто сметаат дека тој треба да се зголеми. За бројот на пратеници да остане ист се изјасниле 22,17 проценти од анкетираните.
На прашањето дали треба да се дадат „резервирани мандати“ за сите заедници во Македонија, 31,80 отсто сметаат дека тоа треба да се направи, додека, пак, ова мислење не го делат 28,13 отсто.
Целосната анализа од онлајн истражувањето, мрежата за мултикултурно општество ќе го објави на почетокот септември 2015 година./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Нормализиран сообраќајот на автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, соопшти МВР

Министерството за внатрешни работи известува дека е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Истиот поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025) беше затворен за сообраќај.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци

Во 21.25 часот сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци е нормализиран, соопшти АМСМ.
Сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.
Македонија
МВР: Поради пожар, затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека поради пожар кој настана попладнево (17.07.2025), затворен за сообраќај е автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци.
Возилата се пренасочуваат кон Петровец.
МВР со апел до граѓаните, да не се упатуваат кон овој дел од автопатот се додека не се создадат услови за повторно пуштање на сообраќајот.