Македонија
Предупредувачка жолта фаза во три региони во државата
Tри региони од државата во вторник, 30ти декември, ќе бидат зафатени со пониски температури кои ја дефинираат жолтата, односно предупредувачка фаза, според најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи.
Станува збор за следните три региони: Охрид – Преспа, Полог – Порече и Осогово – Малешево, а во зависност од регионот температурите ќе се движат во следниот интервал: од – 10 до – 17 Целзиусови степени, посебно во утринските часови. Се очекува до крајот на неделата да преовладуваат пониски температури во овие региони.
Министерството за здравство упати апел до граѓаните од целата држава, а особено од градовите: Тетово, Гостивар, Дебар, Охрид, Струга, Ресен и Берово да ги почитуваат општите препораки за заштита од ниските температури, како што се: носење топла облека и соодветни обувки за снег или мраз, редовно конзумирање топли напитоци, избегнување подолг престој на отворено освен ако не е неопходно, како и внимателно движење по лизгави површини.
Согласно препораките, велат од Министерството, посебно треба да внимаваат ранливите категории на население, како што се повозрасните и хронично болни лица, кои покрај почитувањето на општите препораки, треба и редовно да ја земаат пропишаната терапија.
Детални информации за појавата на студени бранови континуирано се достапни на веб-страната http://www.studenibranovi.mk/.крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

