Култура
„Госпоѓица Јулија“ во режија на Александар Поповски премиерно во Турски театар

Претставата „Госпоѓица Јулија“ по текст на Август Стриндберг, во режија на Александар Поповски, премиерно ќе биде изведена на сцената на Турски театар во сабота, 21 ноември
Режисерот Александар Поповски, по долго отсуство од домашната театарска сцена ја поставува „Госпоѓица Јулија“ во Турскиот театар. Главните улоги ги имаат Сузан Акбелге, Несрин Таир и Осман Али. Сценографијата и костимите се на Свен Јонке од Хрватска, со кој Поповски работеше и на претставата „Кандид или оптимизам“ во Југословенско драмско позориште во Белград. Асистент на режија е Лука Кортина, студент на Факултетот за драмски уметности – Скопје, во класата на Слободан Унковски.Станува збор за класичен текст, но секогаш актуелен, кој се занимава со комплицираните машко-женски релации, антагонизмот на класите и половите и за тоа како секој се бори да си го најде своето место во општеството и е воден од различни идеали. Поповски и целата актерска екипа се фокусирале на понаков начин на актерска игра, односно кон толкување на класичната тема од денешната перспектива. Самата претстава претставува еден вид екперимент со 3 алтернативни завршетоци.
Инаку, „Госпоѓица Јулија“ е четвртата премиера на Турскиот театар оваа година. Наредната, 2010 година, овој театар слави 60 години од своето постоење, а во март е планирано конечно да започне изградбата на новиот објект на театарот, проект кој влегува во капиталните инвестиции на актуелната Влада.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Култура
Солунскиот државен симфониски оркестар првпат во Скопје

Солунскиот Државен Симфониски Оркестар за прв пат во неговото 66 годишно постоење настапува во Скопје во салата на Филхармонија на 17 Мај 2025 19.30 часот, со дела од Емилиос Риадис и Морис Равел со специјални гости од двете земји, како водечката Грчка сопранистка Мирто Папатанасиу и светски реномираниот пијанист Симон Трпчевски од РС Македонија. Со Оркестарот ќе диригира реноминираниот Грчки диригент Владимирос Симеонидис.
На програмата се дела од Морис Равел и неговиот грчки студент Емилиос Риадис, на чествување на 150 годичницата од раѓањето на Морис Равел и 90 годишна од смртта на најголемиот Солунски композитор Емилиос Риадис, вклучувајќи ја и светската премиера на симфониската свита од операта “Галатеиа”.
Сабота,Мај 17, 2025 во 19:30 часот Филхармонија Скопје
Сопран: Мирто Папатанасиу Пијано: Симон Трпчевски Диригент: Владимирос Симеонидис
Билетите чинат 1.500 денари и се во продажба на https://www.filharmonija.mk.
Култура
(Видео) „Убав ден“ – нова песна на Горан Папаз

„Убав ден“ е насловена новата песна на Горан Папаз.
„Посебно сум горд на овој сингл затоа што дел од музиката ја создаде Дамиан, мојот син, а Гоце Симоноски ја заокружи оваа приказна изработувајќи прекрасен аранжман. Вокалите се на Дамиан Папаз и Сара Димитрова“, сподели музичарот.
Песната е снимена и работена во студиото на Димитар Димитров и во студиото на Гоце Симоноски.
Култура
СДСМ: Колку чинат екскурзиите на Љутков во странство со цела свита?

Додека институциите на културата едвај преживуваат, а вработените и понатаму се без исплатени плати, министерот за култура Зоран Љутков, заедно со голема партиска свита, си организираа „дипломатска“ екскурзија во Јапонија, велат од СДСМ преку соопштение.
„Со него се и министерот Тимчо Муцунски со сопругата, генералниот секретар на Владата и уште неколку „културни авторитети“, наводно за поддршка на ансамблот Танец и „јакнење на културната соработка“.
Колку точно лица брои оваа луксузна делегација? Колку народни пари беа потрошени за патувањето во Осака,за авионски билети, сместување, дневници, протоколарни вечери, гардероба и подароци?
И што, всушност, ќе донесат назад во Македонија? Освен албум со селфиња, објави за „успешни средби“ и неколку звучни фрази за „интеркултурен дијалог“?
Врв на иронијата, организирале и изложба посветена на архитектот Кензо Танге, визионерот што го проектираше Скопје по катастрофалниот земјотрес од 1963 година. Истото Скопје кое ВМРО-ДПМНЕ, со истата оваа структура, го изобличи со стиропор и лажен барок преку проектот „Скопје 2014“.
Па кој има образ сега да го слави Кензо Танге, кога неговото дело беше грубо погазено со партиска стиропорна естетика и кич?
Граѓаните заслужуваат одговор: Колку ги чинат екскурзиите на Љутков, колку чини оваа парада? И дали културата е само алиби за туристички луксуз?“, велат од СДСМ.