Македонија
Министерот Адеми потпиша меморандум за реализација на проектот „Деца со пречки во видот“
Министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми и ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, проф. д-р Замир Дика, во петок потпишаа Меморандум за соработка.
Со потпишувањето на Меморандумот се обврзаа на реализација на проектот на УСАИД „Деца со пречки во видот“, кој ќе се спроведе во едно основно и едно средно училиште во Тетово, Охрид, Битола, Штип и во Државното училиште за ученици со оштетен вид „Димитар Влахов “ во Скопје.
Адеми истакна дека целта на соработката е да се подобри и зголеми степенот на писменост кај овие деца со употреба на Браевата азбука.
„Ние како Министерство, на Универзитетот ќе му обезбедиме одобрение за пристап до учебниците за учениците во основните училишта во Република Македонија. Станува збор за учебници кои се одобрени за нивна употреба и чиј издавач е министерството, а истите можат да се најдат во електронска форма на порталот e-ucebnici.mk. Во соработка со Институтот за дефектологија од Скопје, со слепите и слабовидни лица, ќе работат дефектолози, ќе одржуваат часови, во училиштата во четирите општини во кои ќе се реализира проектот „Деца со пречки во видот“, рече Адеми.
Министерот додаде дека двете институции заедно ќе работат на имплементацијата на проектот „Деца со пречки во видот“ кој е од исклучителна важност за за слабовидните лица и лицата со оштетен вид, со цел унапредување на образовниот процес со содржини кои ќе бидат прилагодени на нивните можности и посебни образовни потреби. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Снег со слаб интензитет провејува во Струмица, Крушево и Ѓавато кој не се задржува на коловозот
АМСМ информира дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење.
Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за државни патишта и Министерство за транспорт се вршат координирани активности со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, велат од АМСМ.
Покрај внимателно и совесно управување со возилата, се препорачува задолжително употреба на зимска опрема, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и прилагодена брзина согласно условите на патните правци.
Исто така се препорачува навремено информирање од страна на сите информативни центри за условите и сообраќајот на државните патишта.
Кооридинираните активности на надлежните институции продолжуваат и во текот на наредниот перидод, со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.
Снег со слаб интензитет провејува во Струмица, Крушево и Ѓавато кој во мометов не се задржува на коловозот. Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози.
На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
(Видео) Ѓорѓиевски: Додека градот спие, ние сме будни, грижата за граѓаните не познава пауза
Заедно со дежурната зимска служба на Град Скопје, во текот на целата ноќ сме на терен, на улиците и булеварите под надлежност на градот, каде навремено посипуваме сол поради ниските температури, со посебен фокус на критичните точки, напиша на социјалните мрежи, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
„Додека градот спие, ние сме будни, бидејќи грижата за граѓаните не познава пауза, ниту пак временски услови“, додаде тој.
Македонија
Без струја денеска дел од Бутел
Од ЕВН Македонија известуваат дека за денеска е планиран прекин и тоа:
– во периодот од 09:00 до 10:30 часот, дел од потрошувачите на улицата Гемиџиска (првите куќи на почетокот од улицата) и деловните објекти на почетокот од ул.Ферид Бајрами каде се наоѓа предметниот објект. (општина Бутел)

