Култура
Битолските актери задоволни од оставката на директорот Огненовски
По оставката на директорот на Битолскиот Народен театар, што беше основно барање на актерскиот колектив при оваа национална установа, битолските глумци изјавија дека се надеваат дека оставката ќе биде прифатена од Министерството за култура
„Со оглед на нашите барања до директорот Сашо Огненовски, на 19 ноември се формираше штрајкувачки одбор и се најави штрајк по сите законски регулативи. До истекувањето на 48-те часа (законски период пред да започне штрајкот) кое завршуваше во петок навечер во 19 часот, од директорот добивме писмена изјава која ви ја испраќаме во целост, како и поштенската преписка со која го доказува испраќањето на неговата оставка до Министерството за култура на Република Македонија“, се вели во соопштието на битолските актери. Глумците од Народниот театар – Битола велат дека со оставката на директорот Онгеновски било исполнето нивното основно барање и дека очекуваат оваа оставка да биде прифатена од Министерството за култура, во интерес на колективот на НТБ. Исто така, актерите во дописот додаваат дека ќе го стопираат штрајкот.Во саботата навечер директорот на Народен театар Битола, Сашо Огненовски, поднесе неотповиклива оставка од функцијата директор на оваа национална установа што ја вршеше повеќе од една година. Оставката е поднесена по барање на колективот на театарот, кои во изминатите неколку дена го прекинаа извршувањето на работните задачи во оваа национална институција, незадоволни од менаџирањето на директорот Сашо Огненовски.Се очекува наскоро Министерството за култура да назначи нов директор на Битолскиот театар.Како главни причини за своето незадоволство, вработените во НТБ ги наведуваат игнорантскиот однос на директорот кон вработените и кон публиката, слабата посетеност на претставите, лошите услови за работа во театарската сала, лошо менаџирање на куќата, огромни хонорари за претстави кои се изведени само еднаш, ангажирање на анонимни режисерски имиња, злоупотреба на службената должност, во која се наведени прикривање на добиените средства од Општина Битола, издавање на салата на театарот без никаков паричен надомест, сметки од ресторани кои стигнуваат на сметка на театарот, своеволно преименување на работните места, неиплатени авторски хонорари, никаква комуникација со медиумите…„Нашиот протест е во полза на театарската куќа која низ годините наназад беше пример за еден од најдобрите на Балканот и се надеваме дека публиката и целокупната јавсност не‘ поддржува, знаејќи го фактот за повеќе годишното тонење на театарската куќа. Се надеваме дека сето ова што е наведено ќе биде репер при изборот на следниот директор на театарската куќа“, се вели во соопштението од Битолскиот театар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Култура
Почина македонскиот актер Лазе Манасков
На 67-годишна возраст денеска почина македонскиот актер Лазе Манасков.
-Со длабоко жалење ве известуваме дека нашиот актер и долгогодишен колега Лазе Манасков почина денеска. Вечерашната изведба на претставата „Куршуми над Бродвеј” ќе биде изведена во негова чест! Нека му е вечна слава!, наведуваат од Драмски театар.
Манасков е роден во 1958 година. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во 1983 година се вработил како актер во Драмски театар – Скопје и работи сѐ до неговото пензионирање во 2022 година.
Ќе остане познат по своите улоги во „Исцелител“, „Сенки“, „Трст виа Скопје“, „Еурека“, „Солунски патрдии“, Македонски народни приказни, „Преспав“, „Пусто турско“.
Култура
Новогодишен концерт на Зарина Првасевда, „Кадифено“, во Македонската филхармонија
На 20 декември со почеток во 19 и 30 часот во Македонската филхармонија концерт ќе одржи македонската вокална интерпретаторка и музичарка Зарина Првасевда.
На денешната прес-конференција беа споделени детали за концертот „Кадифено“, кој претставува уникатно музичко патување што ги спојува традицијата, современиот звук и светската музичка виртуозност.
Овој проект ја означува премиерата на новиот музички опус на Зарина Првасевда, каде интимниот и длабоко емотивен израз се испреплетуваат со македонската и ориенталната традиција, добивајќи современа звучна форма низ импровизација и модерен сензибилитет.
„Овој концерт за мене е многу личен процес и еден вид враќање кон корените, но и нивно преосмислување. Материјалот што ќе го изведам произлегува од македонската и ориенталната музичка традиција, но е создаван низ слобода, импровизација и современ звучен јазик. Сакав публиката да го почувствува овој концерт како интимен простор – како заедничко доживување во кое музиката не е само изведба, туку разговор, емоција и трансцедентност“, изјави Евгенија Здравевска, позната под својот уметнички псевдоним Зарина Првасевда.
Гостите од Турција, Џенк Еродоган, светски познатиот виртуоз на фретлес гитара и Греми награден уметник како и перкусионистот и мултиинструменталист Ахмет Алан, беа оправдано отсутни поради доцнење на нивниот лет за Скопје од повеќе од два часа, предизвикано од густата магла над Скопје, изјавија организаторите.
Џенк Ердоган е Греми награден композитор и еден од највлијателните фретлес-гитаристи во светот. Како дипломец со First Class Honours и предавач на Berklee College of Music, тој е врвно интернационално име. Добитник е на Yeşilçam награда за Најдобар саундтрак, настапувал со светски музичари како светски познатиот индиски перкусионист Трилок Гурту и американскиот џез фјужн тапанар Дејв Врекл како и турнеи низ Европа и САД.
Ахмет Алан е турски перкусионист кој свири традиционални инструменти како бендир. Гордо го комбинира богатството на турската фолклорна музика со современи ритми, давајќи му свеж, жив звук на традиционалниот перкутерски израз. Неговите настапи често се мешавина од енергија, игра и ритам — што ги прави привлечни и за публиката што ја обожава класичната етно-музика, и за оние кои бараат модерни звучни искуства. Со тоа, Алан е мост помеѓу минатото и сегашноста во светот на турската перкусиона музика.
„Кадифено“ е концерт кој ќе понуди искрена емоција, длабока музичка нарација и редок спој на домашна и меѓународна уметничка енергија – вистинско предновогодишно културно доживување.
Билетите за концертот се достапни на веб страната другастрана.мк.
фото/Кристијан Арсовски
Култура
Гоце Цветановски со специјална награда во Белград за придонес во филмската уметност и индустрија
Македонскиот режисер и сценарист Гоце Цветановски доби специјална награда за придонес во филмската уметност и индустрија на 19. издание на Српскиот фестивал за фантастични филмови, еден од најзначајните регионални фестивали посветени на жанровскиот и авторскиот филм.
Свеченото отворање на фестивалот се одржа во Културниот Центар во Белград, во присуство на бројни филмски автори, професионалци и љубители на фантастичниот филм. На настанот присуствуваше и директорот на македонскиот Културно-информативен центар во Белград, Васко Шутаров.
Наградата на Цветановски му беше врачена по проекцијата на оскаровецот „Поплава“, по што следеше панел-дискусија на тема иднината на анимираниот филм во регионот. На панелот, покрај Цветановски, учествуваа и истакнатите автори Растко и Ивана Чириќ, Никола Мајдак и Алекса Гајиќ, кои разговараа за предизвиците, новите технологии и можностите за регионална соработка во современата анимација.
При примањето на наградата, Цветановски се наврати на своите почетоци и емотивната врска со фестивалот:
„Мојата прва награда во кариерата ја добив токму на овој фестивал, за краткиот игран филм ‘Мал дисконтинуитет во време-просторот’ во 2014 година. Затоа ова признание за мене носи особена емоционална и професионална вредност.“
Наградата доаѓа како признание за долгогодишната авторска работа на Цветановски и неговиот придонес во современиот филм, со посебен акцент на фантастичниот и анимираниот жанр.

