Црна хроника
Двајца тешко повредени во сообраќајка во која учествувал Павле Трајанов, тој не е повреден

Пратеникот и претседател на партијата Демократски сојуз, Павле Трајанов учествувал во сообраќајна несреќа што се случила во саботата попладне околу 16.15 часот на автопатот Скопје- Гевгелија.
Во несреќата тешко повредени се две лица, а трето лице е лесно повредено, додека Трајанов кој управувал со едното возило не е повреден.Автомобилот „шкода“ со којшто управувал Трајанов, во близина на мостот на Водисирска Река се судрил со автомобил „фиат пунто“. Како што објави партијата на Фејсбук страницата, несреќата се случила додека „шкодата“ се движела на десната страна на автопатот Скопје -Гевгелија. Во исто време од спротивната страна имало колона од автомобили и товарни возила, при што во обид да престигне, на полна линија, возачот со „фиат пунто“, преминал на левата страна од коловозот и директно удрил во „шкодата“.Во несреќата со тешки повреди се здобиле двајца сопатници од „фиат пунтото“ од Кочани, кои по укажаната лекарска помош во Медицинскиот центар во Неготино, се префрлени во Клиничкиот центар во Скопје. Трајанов и сопатникот во „шкодата“ се префрлени во Медицинскиот центар во Велес, каде се констатирани телесни повреди кај сопатникот, а кај возачот не се констатирани повреди. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС-Валандово./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.