Македонија
Облачно со повремени врнежи од дожд, интензивирање на врнежите во текот на ноќта
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/11/dozd-39.jpg)
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во вечерните и ноќните часови особено во западните и јужните делови. Ќе дува умерен на места повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Дневните температури ќе се движат од 10 до 18 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината слично време со температура до 14 степени. /крај/ухрм
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Скопје
Неколку скопски општини денеска без струја
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/07/67e3dfe3-40f7-446b-9691-a73cf0130324-skapa-struja-sijalici.jpg)
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 13.00 часот, корисниците од населба Момин поток извод кон река Серава (општина Карпош)
– во периодот од 11.00 до 15.00 часот, дел од корисниците на ул. Хелсинки бр.9А и 9Б и Ташкентска бр.18,16 (општина Карпош)
– во периодот од 07.30 до 16.00 часот, дел од корисниците од ул.1, над маркет Давидов до кружен тек, ПВ Метало Солар(општина Сопиште)
– во периодот од 08.30 до 09.30 часот, корисниците од ул.500, ул.500 – Марино, од црква Света Троица до фотостудио Визија (општина Илинден)
– во периодот од 08.30 до 09.30 часот, корисниците од ул. 6, сите останати корисници во делот од с. Арачиново под регионалниот пат во насока кон нас. Илинден, ул. 4, ул. 8, ул. 10 (општина Арачиново)
Македонија
Утрото студено, преку денот сончево со мала до умерена облачност
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2017/11/ladno-studeno-vreme-meteo-640x360-2.jpg)
Времето денеска, наутро студено со услови за појава на утринска магла по котлините. Преку денот сончево со мала до умерена облачност зголемена во источните и југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 3, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје студено со услови за појава на слаба магла, преку денот претежно сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на стабилно и суво време со студени утра, на повеќе места со негативни утрински температури, а дневните ќе бидат во границите на просекот за овој период од годината. Повремено наутро ќе има услови во котлините и особено долж Повардарието за појава на утринска магла и зголемена ниска облачност.
Македонија
Северна Македонија има проблем со Брисел, а не со Софија, вели министерот на бугарското МНР
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/03/bugarija-makedonija-zname.jpg)
Шефот на бугарската дипломатија дециден дека секоја земја мора да ги почитува критериумите и да се придржува до нив.
„Францускиот предлог ќе биде строго следен. Нема билатерален проблем меѓу Софија и Скопје, туку меѓу Брисел и Северна Македонија“, ова за БГНЕС го изјавил шефот на бугарската дипломатија Георг Георгиев.
„Бугарија останува исклучително доследна во однос на политиката кон Западен Балкан и европската интеграција на сите земји од регионот. Во 2022 година беше постигнат европски консензус (францускиот предлог), кој строго ќе се следи. Секоја земја мора да ги почитува критериумите, да се придржува до нив. Членството во ЕУ се заснова на сопствените заслуги“, вели тој, пренесува медиумот.
Георгиев истакнува дека „Бугарија и Владата остануваат апсолутно непоколебливи и посветени на овој пристап“.
„За нас безбедноста и европската интеграција на Западен Балкан е исклучително важна. Ова е инвестиција во стабилноста на цела Европа и ја препознаваме како земја која во 2018 година го започна, го охрабри и катализираше овој процес. Ги знаеме и ги чуваме нашите национални интереси и интересите на целата Европска унија“.